-
Компанијата Iulius, развивач и оператор на проекти за урбано обновување со мешана намена во Романија, го отвори својот втор семеен пазар во Јаши на 8 декември оваа година, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. „Повеќето од брендовите во комплексот се локални, кои нудат свежи и здрави производи, од цвеќарници, продавници за прехранбени производи, слаткарници, месарници и ресторани до автоделови, фризерски салони и потребни секојдневни услуги. Концептот е наменет да одговори на јавниот интерес за локалната потрошувачка“, рече Раду Парлеа, менаџер на трговскиот центар на Family Market.
-
Американскиот производител на електрични автомобили Rivian отвори технолошки центар во Белград, Србија, во кој ќе бидат вработени 200 инженери, дозна BalkanEngineer.com од Serbianmonitor.com. На отворањето на центарот присуствуваше и српскиот претседател Александар Вучиќ, кој рече дека од особена важност е влегувањето на Rivian во Србија, за кое беа потребни повеќе од една и пол година постојани напори. „Србија е единствената земја во Европа каде Rivian отвора својот центар.
-
Транспортната компанија Транспрес отвори логистички центар вреден 16 милиони лева во Индустриската зона - Божуриште, Софија, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Enterprise.bg. Логистичкиот центар се простира на површина од 40 декари и располага со најсовремена опрема за обработка на товари. Новиот објект ќе овозможи 100 вработувања. Капацитетот на логистичкиот центар е до 15.000 палети за 24 часа и над 4 милиони палети годишно. Има 60 рампи за истовремена обработка на камиони и првата транспортна лента на Балканот за палетни пратки.
-
Словачкиот производител на батерии ІnоВаt го најавува потпишувањето на „договор за намери“ со српската влада за производство на гигафабрика за батерии за електрични возила. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Фабриката ќе има капацитет до 32 GWh и ќе почне со работа во 2025 година со почетен капацитет од 4 GWh. За таа цел, финансирање до 419 милиони евра ќе обезбеди српската влада, вклучувајќи грантови и даночни олеснувања за поддршка на проектот. ІnоВаt одамна ги најавија своите намери да изградат гигафабрика како во Западна Европа, така и во Источна Европа.
-
Првото издание на Тракија Инвест Форум ги претстави можностите за инвестиции во најголемиот индустриски парк во Источна Европа – Тракија економска зона (ТЕЗ) во близина на Пловдив, Бугарија, дозна BalkanEngieer.com од Invest.plovdiv.bg. За својата повеќе од 25-годишна историја, зоната во вториот по големина град во Бугарија привлече повеќе од 200 меѓународни и бугарски компании. Форумот, кој се одржа на 22 ноември 2022 година, беше наменет за странските инвеститори кои бараат можности да го развијат својот бизнис во нова и сигурна „зелена“ бизнис средина.
-
Бугарската компанија Мегаинвест Холд ЕООД планира да изгради фабрика за производство и пакување на грицки и кикиритки во Слободната зона во град Димитровград, Србија, дозна BalkanEngineer.com од Serbianmonitor.com. „Новиот инвеститор е во процес на формирање на бесцаринска зона за да може да ги увезува градежните материјали што ќе ги користи за изградбата на неговата производствена хала“, коментира градоначалникот на општина Димитровград, Владица Димитров. Еден дел од објектот ќе биде наменет за производство и пакување на грицки, кикирики и ф'стаци, еден за производство на мебел по нарачка и еден за сушење и пакување на овошје и зеленчук.
-
Во град Јамбол, Бугарија ќе се гради фабрика за производство на фотоволтаични модули, дозна BalkanEngineer.com од BTA.bg. Инвестицијата е во висина на 6,5 милиони евра, а изградбата ќе започне во април следната година. Се очекува фабриката да започне со работа до крајот на 2023 година. Фабриката ќе биде лоцирана во областа „Рибарника“, во близина на северната обиколница на Јамбол. Купени се 11 декари земјиште во приватна сопственост за повеќе од 200.000 евра.
-
Технолошката компанија Luxoft со седиште во Швајцарија отвори центар за развој во Белград, Србија, каде што има за цел да вработи повеќе од 2.000 луѓе до крајот на 2023 година, дозна Balkanengineer.com Seenews.com. Luxoft создава софтверски решенија за автомобилската, банкарската и телекомуникациската индустрија и има повеќе од 20.000 вработени во 30 земји, од кои моментално 1.000 од нив се во Србија. ИТ секторот е најбрзо растечкиот во Србија, а оваа година оствари извоз од над 2,6 милијарди евра (2,7 милиони долари). Српската влада ќе се обиде да привлече повеќе ИТ компании од Русија и други земји, како и да ја претвори Србија во ИТ центар.
-
Компанијата AVR Solar Park од Нови Белград иницираше изработка на проект за детален урбанистички план за соларната електрична централа во Сараорци, Смедерево, Србија. Ова го дозна Balkanengineer.com од Ekapija.com. Просторот опфатен со планот се наоѓа во Сараорци, во градежната зона на населбата, а најголемиот дел од неа се користи како земјоделско земјиште и е во приватна сопственост. Предвидена е изградба на соларна електрична централа со вкупна моќност од околу 12 MW, од кои максималната инсталирана моќност во првата фаза е до 10 MW, а потоа ќе се додадат дополнителни 2 MW. Точната моќност на објектот ќе зависи од технолошките карактеристики на монтираните панели.
-
Производителот на електрични автомобили со седиште во Русе, Син Карс Индустри АД планира да излезе на берзата во Амстердам на крајот на 2024 година, дозна Balkanengineer.com од Economic.bg. Целта е да се собере дополнителен капитал за да и се помогне на компанијата да ја финализира изградбата на својата идна фабрика во Романија. Излегувањето на холандската берза ќе даде дополнителен поттик на производството на електричните возила L CITY. Моделите од серијата во последно време предизвикуваат интерес во странство.