Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

  • 09 august 2024Италијанскиот производител на бојлери Аrіѕtоn гради второ претпријатие во Србија за 75 милиони евра

    Светски етаблираниот италијански производител на бојлери и апарати за домаќинството за греење, Аrіѕtоn, ја започна изградбата на фабрика во српскиот град Ниш, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Инвестицијата на компанијата изнесува 75 милиони евра. Од 2019 година компанијата Arіѕtоn има производствено претпријатие во Централна Србија. Компанијата планира да ја изгради својата втора српска фабрика за електрични апарати за домаќинство во Ниш до декември 2025 година, каде што ќе работат до 300 вработени. Новата фабрика на Аrіѕtоn ќе биде сместена на површина од 30.000 квадратни метри во индустриската зона „Север“ на градот.

  • 07 august 2024Македонски Телеком го инсталираше првиот подводен оптички кабел во Северна Македонија

    Телекомуникациската компанија Македонски Телеком го инсталира првиот подводен оптички кабел во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од соопштение за медиумите на компанијата. Кабелот со должина 1 километар е поставен во Дебарското Езеро кое се наоѓа во близина на границата со Албанија. Преку новиот оптички кабел, Македонски Телеком има за цел да ја подобри постојната мрежна инфраструктура на површина од 6,32 квадратни километри во регионот. Ова исто така ќе обезбеди можности за поврзување на повеќе точки и базни станици кон оптичката мрежа на операторот.

  • 06 august 2024Албанија отвори тендер за изградба на ново пристаниште до град Драч за 392 милиони евра

    Операторот на најголемото пристаниште во Албанија, Durres Port Authority (DPA)), отвори тендер за прва фаза од изградбата на ново пристаниште северозападно од град Драч, дозна BalkanEngineer.com од SEENews.com. Таму треба да се преместат тековните активности за утовар и истовар. Во тендерската објава е наведено дека буџетот за првата фаза од проектот е во висина на 392 милиони евра, при што се очекува градежните работи да бидат завршени во рамките на 40 месеци. Заинтересираните компании можат да ги достават своите понуди во рок до 16 септември 2024 година.

  • 02 august 2024Босанската TT Kabeli ќе отвори фабрика во вредност од 20 милиони евра во Северна Македонија

    TT Kabeli, водечки производител на нисконапонски кабли од Босна и Херцеговина, ја најави изградбата на нова фабрика во Неготино, Северна Македонија, дозна BalkanEnigneer.com од SeeNews.com. Инвестицијата, проценета на 20 милиони евра, ќе доведе до изградба на објект со површина од 20.000 квадратни мерки, кој вклучува околу 30 производствени линии и обезбедува вработување за 90 лица. Се очекува фабриката да биде отворена во втората половина на 2024 година.

  • 30 july 2024Во Крагуевац, Србија, започна пробното производство на електричниот автомобил Fiat Grande Panda

    Во српскиот град Крагуевац започна пробното производство на електричниот автомобил Fiat Grande Panda, дозна BalkanEngineer.com од Business.dir.bg. Сериското производство е планирано да започне за два месеци. На официјалната церемонија во фабриката на производителот на автомобили Stellantis присуствуваа српскиот претседател Александар Вучиќ и извршниот директор на компанијата Карлос Тавареш. Stellantis е мнозински сопственик на фабриката во Крагуевац, а српската држава има малцински удел врз основа на спогодба за стратешко партнерство потпишан со FIAT во 2008 година.

  • 26 july 2024Италијанската енергетска компанија Eni ги истражува можностите за биорафинирање во Албанија

    Клаудио Дескалзи, главен извршен директор на италијанската енергетска компанија Eni се состана со албанските власти за да дискутираат за нови проекти за енергетска транзиција, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Во фокусот на разговорите беше производството на земјоделски суровини за био-рафинирање на деградираните земјишта. Дескалзи одржа состаноци со министерката за енергетика Белинда Балуку и премиерот Еди Рама. Тие дискутираа за потенцијалот за био-рафинирање, процес кој ја претвора биомасата во биогорива и други обновливи производи.

  • 24 july 2024Mondelēz International ја проширува својата фабрика во Своге, Бугарија, со нова производствена линија

    Mondelēz International, светски лидер во производството на чоколадни производи, објави амбициозни планови за инвестиција од 40 милиони американски долари во проширување на својата фабрика во Своге, Бугарија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Capital.bg. Проектот вклучува воведување на целосно нова високотехнолошка линија за обликување на чоколадни таблети, која е планирана да биде завршена во следните две години.

  • 22 july 2024OCSiAl ќе отвори нова фабрика во Србија за синтеза на јаглеродни наноцевки во октомври оваа година.

    Фирмата за нанотехнологии со седиште во Луксембург OCSiAl го најави претстојното отворање на нов објект за синтеза на јаглеродни наноцевки* и истражувачки центар во Стара Пазова, Србија. Оваа информација BalkanEnigeer.com ја дозна од SeeNews.com. Новиот објект следи по завршувањето на фабриката за дисперзија на јаглеродни едноѕидни наноцевки во Стара Пазова во јуни оваа година. OCSiAl планира да започне и комерцијално производство од оваа фабрика во третиот квартал од годинава.

  • 19 july 2024Третиот изложбен салон во Бугарија на финтек компанијата myPOS отвора врати во Пловдив

    Една од водечките европски финтек компании myPOS го отвори својот трет изложбен салон во Бугарија - во град Пловдив, соопштија за BalkanEngineer.com од компанијата. Моментално, myPOS поддржува повеќе од 200.000 деловни клиенти, меѓу кои и познати брендови како што се синџирот ресторани Happy Bar & Grill и онлајн трговецот Ozone.bg, да ги прифаќаат своите плаќања онлајн и со ПОС терминал.

  • 17 july 2024Кинеската Ningbo Zhenyu ќе инвестира 50 милиони евра во фабрика за автоделови во Србија

    Кинеската компанија Ningbo Zhenyu Technology планира да инвестира 50 милиони евра за отворањето на фабрика за автоделови во српскиот град Апатин, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. На 28 јуни, градоначалникот на Апатин Дубравка Копач и претставници на кинеската компанија потпишаа меморандум за разбирање во врска со проектот, со кој се дефинираат обврските на двете страни поврзани со изградбата на планираната фабрика.