Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

  • 24 april 2023Дозволена е изградбата на три нови ветерни електрани во Албанија

    Владата на Албанија ја одобри изградбата на три паркови за производство на ветерна енергија, со инсталирана моќност на секоја централа да биде 3 MW, дозна BalkanEngineer.com од Acp.al. Согласно одлуките, планирано е проектите да бидат изградени во Tragjas во Валона, а очекуваниот рок за пуштање во употреба е во рамките на 36 месеци. Централите што ќе произведуваат енергија од ветер се очекува да имаат работен век од 49 години од влегувањето во сила на одлуката, а нема да бидат објект на концесија. Компаниите кои ќе инвестираат во овие ветерни паркови ќе треба да му даваат бесплатно, во вид на закупнина, на министерството надлежно за енергетика 2% од годишното количество произведена електрична енергија.

  • 21 april 2023Студенти од градежно инженерство го посетија пристаниште Vlora Marina во Албанија

    Група од 23 студенти од Универзитетот „Полис“ (Албанија) го посетија туристичкиот проект Vlora Marina во крајбрежниот град Валона, Албанија, како дел од иницијативата на програмата B4Students, која обезбедува реално професионално искуство на млади амбициозни инженери, дозна BalkanEngineer.com од Balfin.al . Посетата беше комбинација од набљудување на работата на објектот и интеракција со професионалци од индустријата. Придружената од тројцата предавачи, групата студенти беше пречекана во салонот на Vlora Marina од раководителот на проектот Ервин Бачај, кој им одржа кратка презентација за развојот и значењето на заедницата на објектот.

  • 19 april 2023Алтерко известува за над 60% раст на приходите од продажба на апарати за домаќинство

    Бугарската компанија Алтерко објави дека реализирала раст од повеќе од 60% за приходите од продажба на IoT производи и поврзаните со нив услуги. Податоците се однесуваат на првиот квартал од 2023 година и се споредени со истиот период во 2022 година. Приходите од продажбата се во висина на 27,8 милиони лева, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Алтерко е софтверска компанија чија активност е разработка и трговија со лични брендови артикли од гранката за Интернет на нештата (IoT), како и за автоматски надзор на домот и канцеларијата. Компанијата е основана во Бугарија, но нејзиното производство е во Азија. Технолошкиот холдинг основан во Бугарија е составен од шест подружници.

  • 13 april 2023Continental инвестира 8 милиони евра во својата база во Романија

    Романскиот оддел на германскиот добавувач на автоделови Континентал објави дека инвестирал 8 милиони евра (8,7 милиони долари) во нова зграда во својата деловна база во североисточниот град Јаши. Ова го дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Во зградата ќе биде сместен центар за тестирање на автомобилски сопирачки, каде што ќе работат околу 150 инженери, соопштуваат од компанијата. Инвестицискиот проект е завршен на почетокот на оваа година. „Кровот е целосно покриен со фотонапонски панели, кои обезбедуваат електрична енергија за станиците за полнење на електрични автомобили, како и за целиот систем за осветлување“.

  • 11 april 2023Фикосота инвестира 10 милиони лева во нова производна линија во Бугарија

    Бугарската компанија производител на производи за лична хигиена Фикосита објави дека инвестира 10 милиони лева во високотехнолошка линија за производство на производи од хартија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. На овој начин фирмата ќе го удвои својот производствен капацитет. Новата инвестиција вклучува и купување на линија за пакување од нова генерација со забрзан режим на работа и целосно нови пакувања за пазарот. „Целосно автоматизирана, палетизацијата се врши од роботи кои редат една палета за помалку од 2 минути“, објасни Красен Ќурчиев, основач и управител на Фикосота.

  • 07 april 2023Србија започнува со реформи во енергетскиот сектор со кои има за цел да привлече инвестиции во земјата

    Минатата недела заврши овогодинешното издание на бизнис форумот Копаоник во Србија, за време на којшто беше најавено започнување на голем број на промени во енергетскиот сектор во земјата, дозна BalkanEngineer.com од Balkangreenenergynews.com. Годинава ќе се донесе закон за управување со државните претпријатија и во неговото изготвување е вклучен и Меѓународниот монетарен фонд, а првиот чекор од измените е државниот производител на електрична енергија Електропривреда Србија (ЕПС) да се трансформира во акционерско друштво.

  • 05 april 2023Романија повторно го обновува тендерот за патнички возови со погон на водород

    Романскиот орган за железничка реформа ((ARF) повторно на 26 март оваа година на платформата за јавни набавки SEAP објави тендер за набавка на 12 електрични патнички возови на погон со H2. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Msn.com. Засега не се појавија кандидати, а условите од договорот остануваат тешки. Цената е определена во локална валута и победникот ќе мора „да експлоатира капацитет за производство на водород и полнење“ што им е потребен на возовите во следните 30 години. Вредноста на стекнувањето од ARF се проценува со висока прецизност помеѓу 2.446.534.076,64 RON (околу 490 милиони евра, без ДДВ).

  • 03 april 2023Млади жени кои ја избрале инженерската професија ќе добијат стипендии и поддршка во рамките на програмата Global Engineer Girls

    Во Северна Македонија, Limak Group, заедно со стратешките партнери, Министерството за образование и наука и Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), обезбедија стипендии за 20 студентки кои студираат на инженерски факултети преку иницијативата Global Engineer Girls (GEG). Ова го дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Студентките се запишани на електротехничките, машинските, градежните и информатичките факултети на државните универзитети од целата држава.

  • 29 march 2023Увозот на машини, опрема и резервни делови во Албанија пораснува за 4,1 отсто

    Увозот на машини, опрема и резервни делови – индикатор за инвестициите во албанската економија – е зголемен за 4,1% на годишно ниво во јануари на вкупна вредност од 12,6 милијарди леки. Ова го дозна BalkanEngineer.com од BTA.bg. Во јануари 2022 година неговата вкупна вредност изнесувала 10,3 милијарди леки. Увозот на машини, опрема и резервни делови се проценува на околу 187 милијарди леки во целата 2022 година. Растот на увозот на машини, опрема и резервни делови за производствените индустрии е поврзан со растот на активноста во овие сектори и зголемениот интерес на бизнисите за користење на современи технологии кои го подобруваат квалитетот на производството.

  • 27 march 2023Меѓународна делегација ги посети претпријатијата на ФЕРО Инвест

    Делегација од 30 лица од организации и институции од областа на енергетиката, енергетската ефикасност, енергетската транзиција, зелената енергија и зачувувањето на животната средина од Франција, Австрија, Швајцарија, Словенија, Романија, Бугарија, Украина и неколку локални општини посетија фабрики и седишта на групацијата ФЕРО Инвест, која е лидер во енергетската транзиција во Северна Македонија. Ова го дозна BalkanEngineer.com од Observer.mk. Присутните се запознаа со произведените во БРАКО енергетски ефикасни електрични и водородни возила, а поединости за овој високотехнолошки и еколошки производ презентираше оперативниот директор Ангел Анѓушев.