-
„Членовите на Европскиот совет на производители на фотонапонски панели (ESMC) се едногласни дека субвенциите за производството, односно нивниот увоз, се сериозна закана за постоењето на европските производители. Оваа ситуација е предуслов за пазарна нееднаквост и сериозна пазарна предност на Кина, која ја елиминира конкурентноста на европските производители. Важно е да има праведен и еднаков почеток за европските и азиските производители, тогаш ќе постои шанса за развој на овој бизнис во Европа“, коментира г-дин Тодор Георгиев, косопственик и извршен директор на Smart Energy Group и управител на Smart Solar.
-
Глобално етаблираниот лидер во секторот за информатичките и комуникациските технологии, Reichle & De-Massari AG (R&M) обезбедува широки можности за интеграција во сите аспекти на поврзувањето во областа на кабелските системи. Започнувајќи како независен семеен бизнис во Швајцарија уште во 1964 година, денес компанијата се претворила во еден од глобалните модели во телекомуникациската индустрија со меѓународно развиена производствена и трговска мрежа. Со 14 фабрики, повеќе од 20 магацински бази и канцеларии во повеќе од 40 земји на сите континенти, за компанијата работат речиси 1.600 вработени ширум целиот свет.
-
Развојот на технологиите за обележување ја опфаќа и идентификацијата на производите, а средствата за обележување како и начините за кодирање на информациите се усовршуваат секојдневно. „Идентификацијата и спроследувањето на палети се критични аспекти за обезбедување на оперативна ефикасност и задоволување на клиентите во различни индустрии, меѓу кои се прехранбената, фармацевтската и логистикта. Потрошувачите се повеќе се заинтересирани за составот, складирањето и употребата на стоките што ги купуваат, од потеклото на суровините, дури и за синџирот на испорака“, коментираа за BalkanEngineer.com од Вебер Етикетен.
-
За изградба на оптимални системи за загревање во јавни и станбени згради, инсталацијата на енергетски ефикасни пумпи е само половина од решението. Потребно е и оптимално проектирање на системите за да се искористат сите технички предности и да се намали потрошувачката на енергија. Grundfos ја нуди специјализираната серија ALPHA, која се состои од високо ефикасни циркулациони пумпи со променлива брзина, наменети за домашно греење, климатизација и топла вода. Уредите се одликуваат со нивната ефикасност, едноставен дизајн, брза и лесна инсталација и работа.
-
AББ, заедно со својот партнер Growthway, ќе биде домаќин на настан посветен на иновативни технологии за автоматизација, машинско гледање во роботиката и откривање на нови можности за видео инспекција и обработка. Настанот на тема „Machine Vision Robotics - Mastering the Video Inspection & Handling“ ќе се одржи на 4 април 2024 година, од 10:00 часот, во централната канцеларија на АББ во Софија, Бугарија, на адреса бул. „Витоша“ бр. 89Б. Зграда А, кат 17, Милениум Центар Софија.
-
Една од добрите практики на Siemens Digital Industries Software е партнерството на компанијата со многу докажани софтверски компании, што има за цел создавањето на специјализирани апликации за проширување на можностите на своите клиенти и партнери. „Одличен пример во оваа насока е неговата интеракција со ALMA ASCO Software – водечки развивач на CAD/CAM софтвер за производството на лимени производи и активен учесник во партнерската програма на Siemens со фокус на решенија интегрирани со Siemens Solid Edge. Интеграцијата помеѓу двата производи со право може да се одреди како оптимално решение за компаниите во машиноградбата“, коментираа од SpaceCAD.
-
Hoval е меѓународна компанија со долгогодишно искуство во разработувањето на специјализирани и високо ефикасни решенија за Греење, Вентилација и Климатизација за широк опсег на примена - од едносемејни куќи до големи производствени и логистички сали. Акцент во портфолиото на компанијата се децентрализираните кровни клима уреди, кои веќе се опремени со нова генерација топлински пумпи. Децентрализираната, автономна и модулирачка инверторна технологија на Hoval нуди флексибилност и повисоки моќности за греење и ладење. Сите модели на кровни уреди на производителот сега можат да се комбинираат со агрегати со топлинска пумпа, што пак во голема мера го олеснува планирањето и координацијата на секој проект.
-
Теси е водечки европски производител на електрични бојлери, бојлери со индиректно загревање и апарати за загревање на домот. Компанијата е дел од Фикосота Холдинг и ужива завидна репутација како четврти по големина производител во Европа на апарати за загревање и електрични бојлери со капацитет од 1,2 милиони бојлери годишно. „Нашата заедничка работа со Теси има долгогодишна историја, при што производите на FANUC се користат во две главни области: производство на пластични производи и индустриска роботизација“, коментираа од FANUC.
-
Сигурна функционална електрична мрежа без прекин на напојувањето е од витално значење за сите сфери на јавниот живот. Baur е компанија која се докажа на меѓународниот пазар како производител и добавувач на висококвалитетна опрема за контрола и мерење базирана на различни методи за откривање на кабелски оштетувања. Со нејизина помош, корисниците можат брзо и прецизно да го одредат оштетувањето на кабелските траси. „Неисправното функционирање на подземните кабли не е само причина за делумно или целосно прекинување на напојувањето со струја.
-
Во „срцето“ на секое успешно претпријатие се наоѓа постојаната ангажираност за охрабрување на таленти, негување на иновациите и обезбедување на патишта за раст. Во Теси, овој пристап кон бизнисот не е само водечки принцип, туку основна филозофија која се потврдува со извонредните приказни на млади луѓе кои преземале трансформирачки патувања во рамките на развојните програми на компанијата. „Нашите програми за обука и раст се создадени да ја разгорат страста, да ги усовршат вештините и да обезбедат можности за следната генерација на професионалци. Работиме со посветеност да обезбедиме инспиративен старт на кариерата и високи достигнувања на секој нов колега“, коментираа од Теси.