Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

La Linea Verde ќе произведува спакувани салати во град Рума, Србија

05 december 2018

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Италијанската компанија La Linea Verde, водечка на пазарот за готови за консумирање свежо овошје и зеленчук и јадења, отвори производствена база во село Добринци, во близина на српскиот град Рума, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com.

 

 

Објектот е сместен на површина од 6000 м2 и ќе произведува и пакува салати, чие комплетно производство е наменето за извоз. Освен првично вработените 70 лица, компанијата планира да отвори уште 50 работни места во наредните 3 години.

 

Локацијата на новото производство е погодно пазарно место за локалните земјоделци.

 

Српското Министерство за земјоделство ќе и изнајми на La Linea Verde речиси 100 хектари обработливо земјиште, погодно за оранжерии.

 

Извор на фото материјал: La Linea Verde

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 20 march 2019Станбени станици Regudis W-HTF на Oventrop гарантираат термички комфор во елитна станбена населба во Копеник

    Точно на брегот на река Шпрее, само на 6 минути од историскиот центар на град Копеник и на 30 минути со трамвај од срцето на Берлин, Германија, се наоѓа станбената населба Уферкроне. Таа не привлекува само со својата местоположба и смирувачки панорамски поглед кон реката и природата, но исто така и со кратките растојанија до продавници, училишта и можности за работа. Во оваа огреана од сонце населба можат да се најдат различни видови на живеалишта, кои го следат концептот „куќа во куќа“.

  • 19 march 2019Либхер-Хаусгерете Марица „запали“ интерес кон техниката во срцата на учениците од Бугарија

    Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ, подружница на меѓународниот концерн Liebherr во Бугарија, ги отвори вратите на својата фабрика за учениците од 6-то и 7-мо одделение во основното училиште „Васил Петлешков“ во град Пловдив. Компанијата, чија производна активност е концентрирана во областа на белата техника, им покажа на љубопитните и ученољубиви деца како се изработуваат некои од техничките производи кои ги произведува, информираа за BalkanEngineer.com од друштвото.

  • 18 march 2019Мега Инженеринг со решение за управување со производствените процеси во индустријата за стакло

    Производството на стакло е специфична индустрија, во која се бара точно дозирање на компонентите, прецизна одржување на температурата и сигурен процес на калење, за да се добие квалитетен и здрав краен производ. Врз основа на своите долгогодишни традиции во проектирањето, изработката и имплементацијата на системи и средства за автоматизација на индустриски процеси, од Мега Инженеринг ДОО со радост ги споделуваат своите искуства при интеграцијата на високо-технолошки циклус во претпријатие за производство на стакло.

  • 15 march 2019Т и Д Инженеринг е доверлив партнер на друштвата за дистрибуција на електрична енергија во Бугарија

    Т и Д Инженеринг ДОО е бугарско друштво докажано во инженеринг активностите во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. Различни активности и богато портфолио на успешно изведени проекти се наоѓаат во длабоките темели врз кои компанијата продолжува и денес да ја оправдува довербата на своите клиенти. „Работевме со голем број инвеститори и нарачувачи во бугарската енергетика, инфраструктура и индустрија. Со години сме партнер и системски интегратор на глобално докажаните имиња ABB, General Electric, Siemens, Schneider Electric“, изјавија од Т и Д Инженеринг.

  • 14 march 2019BHTC: „2018 помина во знакот на деловни успеси и општествено значајни проекти"

    „Минатата 2018 година помина во знакот на постигнати успеси, позитивни резултати и подготовка за нови големи и интересни проекти за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. А овај биланс е факт благодарение на прекрасната тимска работа, високиот професионализам, одговорност и посветеност на секој член од нашиот тим“, изјавија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија, дел од структурата на германскиот производител на електроника за клима системи за автомобилскиот сектор Behr-Hella Thermocontrol (BHTC).

  • 13 march 2019Мултиинженеринг: Ние произведуваме манипулатори за подредување на гипс-фазер

    Разработката на манипулатори со различна примена во индустријата е важен правец од активностите на ЕТ Мултиинженеринг, водечка бугарска компанија во изградбата, имплементацијата и одржувањето на транспортни ленти, транспортери и транспортни системи. „Нашата цел е да произведуваме квалитетни и сигурни манипулатори со кои се постигнува висока ефикасност во автоматизацијата и роботизацијата на процесите“, соопштија за BalkanEngineer.com од фирмата.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 20 march 2019Transcom ќе обезбеди 120 нови работни места во Нови Сад, Србија

    Шведската компанија Transcom, специјализирана во услуги за кол-центри, официјално ја започна својата активност во Нови Сад, Србија, а на тој начин ќе обезбеди 120 нови работни места, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor. com. Transcom е на српскиот пазар веќе 5 години. Досега друштвото работи во Белград, каде вработува околу 400 службеници. Шведската мултинационална компанија им нуди на своите клиенти во Србија услуги на 13 различни јазици, а таргет групата е насочена кон многубројни бизнис сфери.

  • 18 march 2019Регистрирајте се бесплатно за саемите ЕЕ и ОИЕ, Save the Planet и Smart Cities 2019 во Софија, Бугарија

    Регистрирајте се бесплатно за посета на саемите ЕЕ и ОИЕ, Save the Planet и Smart Cities 2019, кои ќе се одржат од 16 до 18 април во Интер Експо Центар, Софија, Бугарија. На големите настани ќе учествуваат фирми од 14 држави, при што дел од нив ќе понудат можност за дистрибуција, соопштија организаторите од Via Expo. Ќе биде ставен и акцент на производи како кондензациски котел со ефикасност над 105%, гасен мотор со електрична ефикасност од 49,5% и уништувачи на хартија кои штедат 30% енергија.

  • 13 march 2019Македонија со успех на Светскиот инвестициски форум на Бизнис Ангели

    Од 17 до 19 февруари 2019 година во Истанбул, Турција, се одржа Светскиот инвестициски форум на Бизнис Ангели. За време на церемонијата македонската делегација, на чело со сенаторот на Светскиот инвестициски форум на Бизнис Ангели за Македонија – проф. д-р Леонид Наков и министер д-р Зоран Шапуриќ, постигна огромен успех, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk.Во рамките на форумот, беше одликуван македонскиот иновативен бизнис потфат PowerAD од Струмица. Беше избран од 50 успешни светски претпријатија.

  • 11 march 2019Новата централа на Renault отвора врати во Букурешт, Романија

    По година и половина изградба на новиот проект на Renault, со седиште во Букурешт, Романија, новата зграда на францускиот производител на автомобили отвора врати. Новата централа Renault Buchearest Connected (RВС) е со вкупна површина од 40 000 метри квадратни, а има подземен и отворен паркинг, дизајн центар, сопствен ресторан, фитнес и медицински центар. Работата на новиот проект на Renault започна во 2017 година. Сега, кога тој е завршен, француската компанија ќе премести таму повеќе од 3000 од своите вработени.

  • 07 march 2019Alumlight Production започна со проекти во Србија

    Израелската компанија Alumlight Production LTD која се занимава со проектирање, развој, производство и трговија со системи за оплата и други видови на градежни системи, веќе има претставништво во Србија и ќе изгради свој магацин во град Валево, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Alumlight има логистички центар во Парк Мево Кармел, Израел, а фабриката за оплата се наоѓа во село Кфар Тавор. Израелската фирма е партнер со компанијата Optimus, при што заедно планираат да учествуваат на 45-тиот трговски саем во Белград во април.

  • 05 march 2019Odelo ќе инвестира во нова фабрика за фарови во Бугарија

    Турската компанија специјализирана за производство на фарови за автомобили Odelo ќе ја отвори својата прва производствена база во Бугарија, дозна BalkanEngineer.com. Друштвото е дел од турскиот холдинг Bayraktarlar и работи како во Европа, така и во Азија. Odelo ќе инвестира 40 милиони евра во фабрика во Куклен, Тракија економска зона, каде ќе се произведуваат фарови за Мерцедес. Производителот располага уште со 6 бази во Кина, Турција, Словенија и Германија. Во 2011 година, Odelo беше купена од турската компанија Farba Automotive.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 19 march 2019Индустриското производство во Македонија покажува раст

    За јануари 2019 година, индустриското производство во Македонија покажува раст. Во споредба со минатата година за истиот месец производството е зголемено за 12%, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Во областа на снабдувањето со електрична енергија и гас, зголемувањето изнесува 50.8%. Во преработувачката индустрија се забележува раст од 4%, а тоа се должи на поголемото производство на пијалаци, производи од тутун, текстил, мебел, фармацевтски производи, метали, електрична опрема, машини и уреди, моторни возила, приколки и полуприколки.

  • 14 march 2019Основачот на IPS е новиот бугарски претприемач на Endeavor

    Александар Рангелов беше избран за новиот бугарски претприемач на глобалната претприемачка мрежа Endeavor за 2019 година. Неговата компанија IPS е за производство на паметни системи за напојување со електрична енергија. Рангелов беше избран за бугарски претприемач за време на 85-тиот меѓународен селекциски панел на Endeavor, кој се одржа во Сан Франциско, САД. Компанијата IPS е основана во 2010 година, а нејзиниот водечки производ Exeron користи капацитети од обновливи извори на енергија за зони, каде што мрежата не достигнува или е премногу слаба.

  • 12 march 2019Претстои меѓународниот саем RENEXPO во Белград, Србија

    На 24 и 25 април во Белград, Србија ќе се одржи меѓународниот саем RENEXPO Energy, Waste & Water Western Balkans. Настанот има за цел да собере на едно место експерти во областа на обновливите извори на енергија, енергетска ефикасност и управување на водите и цврстиот отпад, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. За време на саемот ќе се одржат дискусии за актуелни теми од областа на екологијата и управувањето со ресурсите. Настанот ќе се одржи во Белекспоцентар во Белград, а за сите регистрирани влезот ќе биде бесплатен.

  • 08 march 2019Daimler започна со производство на нов производ во Романија

    Германскиот производител на возила Daimler започна со производство на нов тип автоматски менувач во својата фабрика во град Себеш, Романија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Новиот производ за менувачи со 8 брзини се вика 8G-DCT и е наменет за новите модели Mercedes-Benz B Class. Фабриката на Daimler во Себеш е единствената во светот за производство на новиот менувач, а за таа цел беа изградени две нови бази со вкупна површина од 54 000 метри квадратни. Во моментов таму исто така се произведуваат автоматски менувачи со 7 и 9 брзини.

  • 06 march 2019Брансис ја освои наградата Superbrands 2017/2018

    Македонската компанија Брансис доби уште едно признание за својата успешна работа. Софтверската компанија која се занимава со иновативни разработувања и интегрирање на комплетни системски решенија, ја доби наградата Superbrands 2017/2018, информираа за BalkanEngineer.com од Брансис. Superbrands е глобална организација фокусирана на брендирање. Таа ги одликува и промовира ексклузивните трговски брендови во повеќе од 90 земји, кои се издвојуваат и доминираат над сите други во рамките на националниот пазар.

  • 28 february 2019Горење планира да изгради нова фабрика во Ваљево, Србија

    Водечкиот европски производител на електрични апарати за домаќинството Gorenje планира изградба на нова фабрика во град. Ваљево, Србија, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Претстои компанијата од акционерско друштво да се претвори во друштво со ограничена одговорност, а нејзин единствен сопственик ќе стане кинескиот производител на големи апарати и електроника Hisense. „Со поедноставување на корпоративното управување сакаме да ја стабилизираме групацијата Gorenje и сите нејзини 11 000 вработени и да ја претвориме во важен центар за развој во Hisense Group“, коментираа од кинескиот холдинг.

Види ги сите »