Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Festo ќе произведува чекорни и серво мотори во својата фабрика во Софија, Бугарија

06 june 2018

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Меѓународната компанија Festo, лидер во областа на решенијата за автоматизација, ќе инвестира во нова, трета производствена единица во својата база во бугарскиот главен град Софија, соопштија за BalkanEngineer.com од Фесто Производство, дел од структурата на технолошкиот холдинг. Вредноста на проектот е 50 милиони лева, а новата единица ќе произведува чекорни и серво мотори.

 

 

Во врска со проширувањето на бизнисот, Фесто Производство исто така ќе го зголеми својот човечки капитал. Се очекува во претпријатието до 2020 година да работат вкупно 2.000 луѓе. За споредба, во моментов таму има околу 1000 вработени.

 

Бугарската компанија лоцирана во Софија е специјализирана во производството на магнетни сензори и потребните за нив приклучни кабли. Во град Смољан, Бугарија, е лоциран дополнителен погон за инструментално производство.

 

Имплементацијата на новата инвестиција веќе е во тек, како и постапката за документите за издавање на градежни дозволи, соопштија уште од компанијата.

 

Извор на фото материјал: Фесто Производство

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 15 february 2019Либхер-Хаусгерете Марица бара нови пополнувања за нејзиниот тим во Бугарија

    Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ е бугарско друштво, дел од меѓународниот технолошки концерн Liebherr, што произведува широк спектар на професионални и куќна ладилна техника. Како лидер во својот сегмент, Либхер постојано се развива и покрај зголемување на производствениот капацитет, фирмата се стреми и кон сериозен развој. Во овој поглед, неодамна место во компанијата можат да најдат како традиционално најбараните специјалисти по машиноградба и градба на опрема.

  • 14 february 2019МаккаБ: Производната палета Ledinaire на Philips – комфорно LED осветлување со гарантиран квалитет

    Докажаната компанија во областа на расветната техника Philips Lighting  нуди широк спектар на LED расветни тела, кои се одликуваат со висока енергетска ефикасност, сигурност и иновативност. „Компанијата се фокусира врз најбараните артикли и ги нуди со конкурентни цени. Потрошувачите можат да сметат на висок квалитет и сигурност на производите, обезбедувајќи си висок комфор во најразлични намени“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма МаккаБ ДООЕЛ, партнер на Philips Lighting.

  • 12 february 2019Вилушкар со рачно управување – за високо подигнување KMS.AC 1250/5.8 од Вени и Ко

    Со големи маневрени способности, со повеќе намени, вилушкар со рачно управување за високо подигнување (стакер), модел KMS.AC 1250/5,8, го произведува докажаната компанија Вени и Ко ДОО. Опремата е наменета за обработка на палетизирани товари со максимална тежина до 1250 кг и складирање/симнување од сталажи со висина до 5,8 метри во средни до тешки услови на работа. При работа, наклонетата рачка за управување го поставува операторот на безбедно растојание од шасијата на машината.

  • 05 february 2019R&M: Младите специјалисти имаат посебно место во нашата 7-годишна историја во Бугарија

    На крајот на октомври 2018 година, Рајхле и Де-Масари Бугарија Продакшан го прослави својот 7-ми роденден. Од 20 луѓе во 2012 година, денес тимот на претпријатието има повеќе од 400 експерти, а посебно место имаат младите специјалисти и стажанти, дозна BalkanEngineer.com од компанијата. Во моментов фабриката во Бугарија е најголемата производствена база на швајцарската групација Reichle & De-Massari AG и за својата седумгодишна историја бележи одржлив раст во продажбата.

  • 29 january 2019ТиД Инженеринг освои престижна награда за своите проекти во сферата на енергетската инфраструктура

    Водечката бугарска инженеринг компанија ТиД Инженеринг ДООЕЛ има долгогодишно искуство во имплементација на инженеринг активности во енергетиката и енергетската инфраструктура. И во моментот компанијата спроведува комплетни проекти во областа автоматизација за Национална компанија „Железничка инфраструктура“ (НКЖИ, Бугарија), информираа за BalkanEngineer.com од фирмата. Во последните неколку години ТиД Инженеринг има реализирано 12 влечни трафостаници 110/27.5 kV.

  • 28 january 2019Ники ДООЕЛ го прошири производството на трговска опрема за обработка на дрвен материјал

    Веќе повеќе од 20 години Ники ДООЕЛ успешно го развива својот бизнис во сферата на трговската опрема. Компанијата располага со потребниот капацитет за производство на сите видови метални интериорни решенија – кујнска и хотелска опрема, гардеробни ормари, сефови, вендинг машини. „Денес можеме да се пофалиме со нова производствена база за преработка на дрво - лесонит, иверица, фурнирани панели и други. Новата продукција користи машини за кроење и кантирање, како и фреза со 4-оски и комора за бојадисување“, информираа за BalkanEngineer.com од Ники ДООЕЛ.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 14 february 2019Вкупно 17 инвестициони проекти се во фаза на реализација во Македонија

    Во индустриските зони во Скопје, Македонија – ТИРС - Скопје 1 и ТИРЗ - Скопје 2, во фаза на реализација се вкупно 17 странски инвестициони проекти. Во процес на изградба се 12 нови згради и 5 други проекти, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Вкупната вредност на странските инвестиции е околу 155 милиони евра. Околу 4.300 вработени се очекува да бидат ангажирани до крајот на проектите. Законот за финансиска инвестиција ги поддржува странските компании, а тоа предизвика голем број нови компании да ги користат мерките во согласност со овој закон.

  • 11 february 2019Нов истражувачки центар во Романија

    Playtika, израелска компанија за мобилни игри, отвори нов истражувачки центар во град Букурешт, Романија. Инвестициониот проект е вреден 6 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com. Новиот центар е 9-тиот сличен проект на Playtika. Израелската компанија има 5 канцеларии во светот кои вработуваат повеќе од 1700 вработени. Активноста на Playtika е насочена кон игрите за коцкање, при што во последните месеци компанијата се ориентира и кон обичните мобилни игри. Qualitest, најголемата во светот независна компанија за тестирање на софтвер е партнер на израелската фирма.

  • 06 february 2019Нова фабрика за обработка на челични лимови започнува со работа во град Ковин, Србија

    Регистрираната во Белград, Србија, компанија Minimet Commodities, ќе отвори фабрика за обработка на челични лимови во град Ковин, Србија. Инвестициониот проект вреди околу 15 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Се очекува новата фабрика да започне со работа до крајот на 2019 година, а нејзината изградба е поделена во две фази. Првата фаза ќе вклучува две линии за сечење на топло валани лимови и една за ладно валани.

  • 04 february 2019Старата железничка станица во Скопје се претворува во модерен мултифункционален комплекс

    До 2021 година старата железничка станица во град Скопје, Македонија, ќе ги отвори вратите со целосно различен и нов изглед. Големиот мултифункционален комплекс ќе се гради од турската корпорација Лимак. Обновениот реон околу станицата ќе се состои од станбена дел, трговски центар, хотел, место за културни настани, музеј, модерни продавници за прехрана, фитнес центар, казино и паркинг со капацитет од околу 3.000 возила. Во проектот е вклучена и изградбата на тунел со 6 ленти.

  • 30 january 2019Романската компанија Dacia обележа раст на своето производство во 2018 година

    Производителот на автомобили Dacia го зголеми своето производство во својата фабрика во Миовени, Романија. Романската фирма произвела повеќе од 335.000 возила во 2018 година, што е пораст од 6.8% во однос на претходната година. Во 2017 година произведувачот на автомобили произвел околу 314.000 возила во Романија. Најмасовното производство во фабриката во град Миовени во изминатата година е на возилото Dacia Duster со 236.921 единици.

  • 28 january 2019Етем ќе инвестира 30 милиони евра во две нови компании во Бугарија

    Компанијата, чија дејност е насочена во сферата на алуминиумската екструзија, Етем Бугарија, ќе го подели производството на екструдирани алуминиумски профили и нивната дополнителна обработка во две различни подружници и ќе инвестира околу 30 милиони евра во земјата. Оваа промена е одлучена од страна на сопственикот на Етем - белгиската компанија Виохалко. Во наредните три години се очекува да се инвестираат околу 30 милиони евра во Бугарија за инсталирање на нова преса за екструзија и опрема за дополнителна обработка на алуминиумски профили.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 15 february 2019Во Подгорица, Црна Гора, ќе се гради канализациска инфраструктура

    Во град Подгорица, главниот град на Црна Гора, претстои да стартува проектот „Собирање и третман на отпадните води во Подгорица“, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Вкупната инвестиција за изградба на канализациската инфраструктура во градот ќе биде во вредност од 50.35 милиони евра. Средствата за проектот „Собирање и третман на отпадните води во Подгорица“ ќе бидат обезбедени од три извори на финансирање.

  • 12 february 2019CEZ купи 8 фарми со ветерници во Франција

    Чешката енергетска компанија CEZ се стекна со 8 нови фарми со ветерници во Франција со вкупен капацитет од 116 MW. Фармите со ветерници се купени од германскиот инвеститор на обновливи извори на енергија ABO Wind дозна BalkanEngineer.com. CEZ по втор пат соработува со германската компанија. Првата зделка се оствари во 2017 година, кога чешкото акционерско друштво купи од ABO 9 фарми со ветерници со вкупен капацитет од 100 MW. CEZ е компанија со водечко присуство на енергетските пазари во Централна и Источна Европа.

  • 07 february 2019Ford започнува со производство на нов модел на автомобил во Романија

    Во есента на 2019 година, се очекува Ford да започне со производство на нов модел на автомобил во својата фабрика во Крајова, Романија. Новиот SUV (теренец) ќе се вика Puma. Инвестицијата поврзана со новиот проект ќе изнесува 200 милиони евра, што ќе бара вработување на 1700 нови работници. Во фабриката во Крајова во моментов работат околу 4400 вработени. Новиот модел ќе биде презентиран на саемот за автомобили во Франкфурт, Германија.Идејата на Ford е Puma да го замени моделот EcoSport, а со тоа да се ослободат повеќе ресурси за производство во Европа.

  • 05 february 2019Градежништвото се враќа со полна сила од 6. до 9. март

    70% од капацитетот на саемот Architectural building week, кој се одржува во Интер Експо Центар-Софија, е пополнет уште во крајот на 2018 година. Почетокот на годината е време за евалуација, преглед и отчитување на трендовите кои пазарот ќе ги следи во текот на наредните 12 месеци. Со развивањето на новиот концепт, очигледно 2019 година ќе биде година на ренесансот за најголемиот бизнис настан во подрачјето на градежништвото во Бугарија – Architectural building week. Најголемото од 2008 година издание на градежниот форум на Бугаријаќе се одржи од 6 до 9 март 2019 година во Интер Експо Центар, Софија.

  • 31 january 2019Фека Аутомотив отвора фабрика во Чуприја, Србија

    Турскиот производител на компоненти за автомобилската индустрија Feka Automotive ќе отвори нова фабрика во град Чуприја, Србија, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Инвестицијата е само една од претстојните во 2019 година во српскиот град. Проектната документација за новиот производствен капацитет е веќе подготвена. Наскоро се очекува да започне изградбата на фабриката, а тогаш ќе бидат објавени и субвенциите за работни места.

  • 29 january 2019Се повеќе странски инженери и техничари работат во Бугарија

    Се повеќе расте тенденцијата висококвалификувани кадри од земји што се соседи на Бугарија да наоѓаат работа во земјата. Во 2018 година растот на странците кои сакаат да влезат на бугарскиот пазар на труд се зголемил речиси тројно во споредба со последните 5 години. Најголем е бројот на постојано вработени странци во Бугарија на Украинци, Македонци, Турци, Срби и други. Работниците од земји надвор од Европската унија се главно висококвалификуван инженерски и технички персонал, техничари со средно образование и специјалисти во областа на информатичката технологија.

Види ги сите »