In Albanian In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
Четири години откако Statkraft поднесе барање до ресорното министерство, изведувачот ја заврши својата пловечка соларна електрична централа врз брана во близина на Грамш во централна Албанија, дозна BalkanEngineer.com од Balkangreenenergynews.com.

Пловечката фотонапонска централа на Statkraft, изградена врз акумулацијата на хидроелектраната Banja, на река Девол во Албанија, има моќност од 2 MW и се состои од четири блока. Таа ќе генерира околу 3 GWh годишно.
Тоа е единствената ваква електрична централа во Југоисточна Европа, со исклучок ма неколку пилот проекти во Турција. Предноста на таканаречените пловечки фотоволтаици е тоа што тие може да се инсталираат без проблеми со сопственоста. Водата ги лади панелите од долу, и така ја зголемува нивните продуктивност, а нивната сенка, од друга страна, го намалува испарувањето од езерото.
Statkraft има богато портфолио на хидроцентрали во Европа. Исто така, управува со објекти за добивање на ветерна енергија, соларна енергија, гасни електрични централи и објекти за централно греење.
Извор на фотографии: canva.com