Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

3 бугарски компании беа вклучени во рангирањето на Technology Fast 500

08 september 2020

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Три бугарски компании беа вклучени во рангирањето на Technology Fast 500 за Европа, Блискиот исток и Африка за 2019 година, составено од меѓународната компанија Deloitte, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Deloitt.

 

 

Сите три компании од Бугарија се специјализирани во развој на софтверски решенија. Ботрон Софтвер Сољушан е рангирана на 267. место, со раст од 503%. Аксидија се најде на 382-то место, покажувајќи раст од 280%. Третата компанија е Скејл Фокус, која е на 466-то место, со раст од 185%.

 

Првото место на рангирањето го зазема британската финтех компанија Revolut, следена од друга финтех компанија од Велика Британија - OakNorth. Во првите три е исто така германската технолошка компанија од областа на животната средина Cloud & Heat Technologies GmbH.

 

Овогодинешното 19-то издание на Technology Fast 500 ги рангира организациите од Европа, Блискиот исток и Африка, кои постигнаа најбрз раст на приходите во периодот од 2015 до 2018 година. Во рангирањето се вклучени компании од 22 земји, со просечна стапка на раст од 1258%.

 

Извор на фотографии: freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 23 october 2020Филкаб: Специјализовани смо за производњу и уградњу електричних разводних табли, расклопних уређаја и БЦЦ

    Филкаб је водећа бугарска компанија за производњу, инжењеринг и трговину на пољу електричне опреме и алата за аутоматизацију. Захваљујући расту свог пословања, Филкаб је основао компанију Инжењеринг ЕАД, која се данас бави производњом и нуди свеобухватне инжењерске услуге. „Инжењеринг ЕАД је компанија са највећим бројем запослених у групи компанија Филкаб. Компанија поседује модерну опрему и лиценце за производњу типски тестираних плоча водећих европских произвођача“, обавестии из компаније Филкаб.

  • 22 october 2020Акредитираните лаборатории на Унисист ги проценуваат инструментите за мерење со современи методи

    Фирмата Унисист е нотифицирано тело за проценка на сообразност на мерни инструменти според Директива 2004/32/ЕУ. Структурата на компанијата вклучува акредитирани лаборатории за проверка, калибрација и проценка на мерни инструменти. „Доказ за постојан висок квалитет на нашите услуги се нашите задоволни клиенти, повеќето од нив ги калибрираат своите инструменти и еталони уште од основањето на лабораторијата“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма Унисист.

  • 15 october 2020Широк спектар на производи на Oventrop обезбедува оптимална микроклима во третата по големина џамија во светот

    Во главниот град на Алжир беше завршена третата по големина џамија во светот. По големина Djamaa el Djazaïr е рангирана по местата за богослужба во Мека и Медина. „Оптималната клима во просториите се обезбедуваат од комбинирана топло-електрична опрема, котли, машини за ладење со апсорпција, маяини за ладење со компресија и кули за ладење. А дистрибуцијата на енергијата се реализира со производи на Oventrop“, соопштија од бугарската канцеларија на докажаниот меѓународен производител.

  • 28 september 2020Телетек Електроникс: Мега трендови и технологии што го движаат пазарот на опрема за дојава на пожар

    Водечкиот производител на решенија за дојава на пожар и алармно - безбедносни решенија Телетек Електроникс веќе коментираше дел од мега трендовите и технологиите што ја движат безбедносната индустрија. Ако сте љубопитни да дознаете за повеќе иновативни решенија, на пример за бази на податоци во облак и пресметки за детекција на чад со видео надзор, како и за системите за гласовно сигнализирање и далечински мониторинг, седнете удобно и запознајте ја иднината на технологијата во следните редови!

  • 18 september 2020Како да го избереме вистинскиот аспиратор? Коментираат експертите на Теси

    Она што навистина може да нè импресионира во модерна кујна не е ниту големината, ниту мебелот, па дури ниту рерната. Сè што сакаме е ароматот на јадење да доаѓа само од чинијата! Начинот да се постигне ова е со сигурна вентилација и аспирација, која е избрана на начин што гарантира ефективни резултати. Како да го избереме вистинскиот аспиратор за BalkanEngineer.com, коментираа од Теси - европски лидер во производството на бојлери, опрема за греење и апарати за домаќинство. „За да биде ефективен, кујнскиот аспиратор мора да може да изврши 10 прочистување на воздухот во просторијата во рок од 1 час“, објаснија од Теси.

  • 16 september 2020EOS - светски лидер и стандард за квалитет во индустриското 3D печатење веќе е во Бугарија во партнерство со B2N

    EOS е светски лидер во индустриското 3D печатење на метал и полимери, нудејќи интегрирани решенија за адитивно производство. EOS го избра за свој официјален претставник во Бугарија докажаната на нашиот пазар компанија за 3D технологии B2N. „Дојде време да го објавиме нашето ново партнерство, кое успеавме да го реализираме веднаш по нашата конференција за 3D печатење - Аdditive Days 2020. Ние сме поласкани што EOS нè избра и сретнаа во нас достоен партнер“, споделија за BalkanEngineer.com од B2N.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 26 october 2020MET Group се здоби со електрична централа на ветер во Бугарија

    Енергетската компанија MET Group со седиште во Швајцарија се здоби со 100% удел во ветерен парк со моќност од 42 MW, лоциран во близина на град Каварна, Североисточна Бугарија, откако на 12 октомври 2020 година потпиша договор со италијанската компанија Enel Green Power, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на MET Group. Се очекува финализацијата на зделката да стане факт до крајот на декември оваа година. Ветерниот парк е петти по големина во Бугарија и се состои од две локации сместени во општина Шабла и Камен Брјаг, со 14 единици ветерни турбини Vestas-V90, секоја со моќност од 3 MW.

  • 21 october 2020Србија со план за инсталации за преработка на отпад и прочистување на вода

    Министерството за заштита на животната средина на Србија, заедно со локалните самоуправи во земјата, подготви проектно-техничка документација за изградба на 29 станици за прочистување на отпадни води и 11 општински инсталации за преработка на отпад, дозна BalkanEngineer.com од сајтот eKapija.com. Српското министерство обезбеди меѓународно финансирање преку грантови или заеми за пет градови во земјата - Кралево, Ниш, Чачак, Крагуевац и Лесковац, каде што ќе се градат станици за прочистување на отпадни води и ќе се прошират канализационите системи.

  • 19 october 2020SUSE отвора инженерски и иновативен хаб во Бугарија

    Најголемата независна организација што развива решенија со отворен код - SUSE, ќе инвестира во нов инженерски и иновативен хаб во Бугарија. Тој ќе се наоѓа во град Софија и ќе се фокусира на развој на целосно нови технолошки решенија со отворен код, овозможувајќи им на клиентите да создаваат, интегрираат и управуваат со работните процеси и обеми насекаде - од јадрото на компанијата, преку локалната и облачната средина. Според планот, центарот ќе започне да функционира целосно во следните 6 месеци, а изгледите во следните 3 години се да продолжи да развиваа и да отвори стотици работни места.

  • 14 october 2020Романија ќе модернизира пристаниште Сулина

    Окружниот совет во град Тулчеа, Романија обезбеди 17,5 милиони евра финансирање од Европската унија за проект за модернизација на црноморското пристаниште Сулина, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Инвестицијата ќе го зголеми обемот на стоки што се обработуваат годишно на пристаништето и ќе го поттикне интересот за идни инвестиции, посочија од Окружниот совет во Тулчеа. Проектот има за цел да ја обнови целата инфраструктура на пристаништето, кое има статус на слободна зона. Тоа има 150 метри отвор кон река Дунав, што исто така ќе се санира, изјави генералниот директор на Слободна зона Сулина - Драгош Јонита.

  • 12 october 2020Северна Македонија планира да го активира нафтоводот Солун-Скопје

    Северна Македонија планира да го активира нафтоводот Солун-Скопје, дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата SeeNews.com, повикувајќи се на премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. Преносот на нафта преку нафтоводот што го поврзува Солун со рафинеријата Окта во град Скопје беше прекинат во 2013 година. „Хеленик петролеум“ изрази интерес за пуштање во употреба на нафтоводот и негова надградба, претворајќи го град Скопје во центар за нафтени деривати, посочи уште Заев и додаде дека со поддршката од САД, Северна Македонија ќе забрза и ќе иницира неколку енергетски проекти што се важни за земјата и регионот.

  • 07 october 2020Gerovit планира да изгради фабрика во Србија

    Gerovit планира да изгради фабрика за производство на пластични производи за земјоделскиот сектор, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Објектот ќе биде сместен во индустриската зона во град Ќуприја, Србија. Проектот во моментов се реализира на површина од 4000 метри квадратни, чија изградба ќе започне кон крајот на 2020 година или најдоцна во пролетта на 2021 година, а финансирањето за неа ќе го обезбеди компанијата. Планираните инвестиции во машините се меѓу 4 и 5 милиони евра. Првично, во новата фабрика ќе се вработат помеѓу 30 и 50 работници, а подоцна тимот ќе порасне на 100 лица.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 27 october 2020Mineco Limited отвора нов рудник во Србија

    Mineco Limited планира да отвори нов рудник за олово и цинк на територијата на Општина Рашка, Србија, откако ја купи српската рударска компанија Vavrina Resources Ltd., дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Со ова, компанијата го спроведува својот долгорочен план за развој во Југоисточна Европа, каде што во моментов поседува пет активни рудници за обоени метали. Три од нив се наоѓаат во Србија и два се во Босна и Херцеговина. Претходно, земјиштето за идното производство на цинкова, оловна руда и концентрат беше купено од Vavrina Resources во процесот на ликвидација на поранешниот рудник Сува Руда.

  • 22 october 2020Северна Македонија од ЕК ќе добие финансирање за железнички пруги

    Како дел од својот Економски и инвестициски план за Западен Балкан, Европската комисија (ЕК) ќе ја финансира изградбата на нова железничка инфраструктура и реконструкцијата на постојни железнички пруги во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Meta.mk. Финансискиот пакет е во висина на 9 милијарди евра и ќе им биде достапен на земјите од Западен Балкан преку фондовите ИПА III, дополнителни грантови и заеми што ќе бидат доделени во наредните години. Приоритет ќе се даде на финансирањето на железничката рута на Паневропскиот транспортен коридор 8, кој ќе ги поврзе главните градови на Северна Македонија и Бугарија.

  • 20 october 2020Романија и САД со спогодба за финансирање на нуклеарната централа „Црна вода“

    Романскиот министер за енергетика Виргил Попеску се состанал со американскиот секретар за енергетика Дан Браулет за потпишувањето на спогодба за меѓувладина соработка за нуклеарната централа „Црна вода“, дозна BalkanEngineer.com од World-Nuclear-News.org. Во јули оваа година Романскиот премиер Лудовик Орбан изјави дека владата планира да инвестира до 9 милијарди евра до 2030 година во модернизацијата и изградбата на блоковите 3 и 4 на нуклеарната централа „Црна вода“.

  • 15 october 2020Србија продолжува да ја развива индустриската зона во Лесковац

    Продолжува развојот на индустриската зона во српскиот град Лесковац, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. По изградбата на патните правци, водоводната мрежа, осветлувањето, системот за санитарна канализација и дел од канализациониот систем за дождовница, обезбедени се 13,5 милиони динари за изградба на друг дел од канализациониот систем за дождовница во должина од 220 метри. По посетата на градилиштето, градоначалникот на Лесковац, Горан Цветановиќ изјави дека инвестицијата во индустриската зона е многу важна заради сите 3.700 вработени во британската компанија Aptiv, лоцирана во реонот.

  • 13 october 2020Тал Бургас инвестира во нова производствена база во Бугарија

    Компанијата за производство на столарија и суспендирани фасади Тал Бургас го проширува своето производство во Индустриски и логистички парк - Бургас во Бугарија. Компанијата купи втора парцела со големина од 2380 метри квадратни во индустриската зона. На неа Тал Бургас ќе започне со изградба на нова производствена база за ладна преработка на метали, која ќе има изградена површина од 1200 метри квадратни. Првата база на Тал Бургас беше отворена во 2018 година. Има површина од 1224 метри квадратни и има производствен капацитет од 20 000 метри квадратни висококвалитетна фасада, столарија и други производи.

  • 08 october 2020Северна Македонија бара финансирање за изградба на железничка пруга

    Владата на Северна Македонија бара финансирање од 426 милиони евра за изградба на железничка пруга што ќе го поврзува град Кичево и границата на земјата со Албанија, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Железничката врска, која е дел од Пан-европскиот транспортен коридор 8, ќе стигне до село Лин во југоисточна Албанија. Во 2018 година, од државното претпријатие „Македонски железници“ објавија дека делницата се очекува да биде целосно оперативна во 2023 година.

Види ги сите »