Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Стартапи за иновации ќе бидат ослободени од даноци во Србија

12 february 2020

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Србија усвои уредба со која се предвидува одредени компании да бидат ослободени од даноци и придонеси за три години од почетокот на нивното работење, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Документот официјално ќе стапи во сила на 1 март 2020 година.

 

 

Српските компании кои ја развиваат својата активност во сферата на иновациите и се основани по 1 март оваа година, ќе бидат ослободени од плаќање даноци и придонеси за секоја добивка до 150.000 динари бруто месечно. Овие услови ќе важат во првите три години од датумот на основање. Србија ја воведува оваа нова мерка за стимулирање на започнување и развој на нови бизниси во сферата на иновациите.

 

Даночното олеснување е иницијатива на Националната алијанса за економски развој на земјата (NALED), која има за цел да ги охрабри младите претприемачи да започнат со свои бизниси по завршување на образованието, намалувајќи ги нивните финансиски обврски.

 

Извор на фотографии: pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 25 march 2020Стам Лтд: FramePick 4 Wholesale на Kardex гарантира 4 пати побрзо извршување на нарачките во магацини

    За денешната интерлогистика, брзата обработка на нарачките е клучна во секој деловен сегмент. „FramePick е ефикасно решение за испорака на стока што им овозможува на компаниите да тргуваат, намалувајќи ги драстично растојанијата што треба да се поминат во магацините“, информираа за Balkanengineer.com од фирма „Стам Лтд“, официјален претставник за Бугарија и Србија на водечкиот снабдувач на автоматски решенија за чување и складирање Kardex Remstar.

  • 16 march 2020Стам: Роботизацијата е главна алатка за зголемување на ефикасноста на производството

    Роботите трајно го пронајдоа своето место во многу различни полиња на производството. Тие вршат задачи како што се заварување, склопување, испорака, преработка на суровини и пакување на производи. „Ние нудиме како индустриски така и колаборативни роботи на KUKA за различни производствени задачи“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма „Стам Лтд чие портфолио веќе ги вклучува производите на еден од водечките светски снабдувачи на интелигентни решенија за автоматизација KUKA.

  • 25 february 2020На пазарот е новиот тестер за мотори на Megger со степен на заштита IP54 и CATIII

    „На пазарот веќе е пуштен новиот тестер за мотори на Megger“, соопштија за Инженер.bg од Мегер Бугарија. Моделот MTR105 е со степен на заштита IP54, што го прави особено погоден за употреба, дури и во неповолни услови со влага и прашина. Освен тоа, инструментот е мерна категорија CATIII со моќност 600 V (работна висина до 3000 метри), т.е. тоа е сигурен и безбеден за употреба. Инструментот е добро заштитен од навлегување на прашина и влага, вклучително и просторот за батеријата и осигурувачот.

  • 24 february 2020Професионални уреди за мерење на потрошувачката на природен гас од Унисист Инженеринг

    Докажаната бугарска компанија Унисист Инженеринг, специјализирана за разработката и производството на уреди и системи за автоматизација нуди работни решенија за гасни компании преку кои тие можат ефикасно да ги следат нивните активности. Компанијата ги има следниве професионални уреди за мерење на потрошувачката на природен гас - мерачи на потрошувачка со стандардни коректори со комуникатори, само мерачи на потрошувачка со комуникатори или специјализирани уреди кои се поврзани со соодветниот комуникатор.

  • 10 february 2020B2N: Медицина, инженерство, архитектура на 3D печатењето за време на Additive days 2020

    Како нов, динамичен метод на производство, 3D печатењето постојано нè воодушевува со неговите можности. Затоа од фирма B2N, организаторот на Additive days 2020, ќе соберат на едно место што е можно повеќе традиционални, па дури и неверојатни апликации за адитивно производство, кои имаат огромен потенцијал да се претворат во дел од нашиот секојдневен живот. Конференцијата ќе се одржи од 20 до 23 февруари 2020 година, а ќе се осврне на неколку клучни теми, вклучително медицина, инженерство и архитектура.

  • 30 january 2020Инж. Гилиштаров од ФАНУК: Бугарскиот индустријалец е со позитивен став во врска со автоматизацијата

    Четвртата индустриска револуција, носејќи со себе нови технолошки можности, паметни машини и поврзани решенија и услуги, продолжува вешто да си пробива пат и на бугарскиот пазар. Во ексклузивно интервју за Инженер.bg, побаравме одговор на овие прашања од инженер Христо Гилиштаров, управител на ФАНУК Бугарија, кој исто така ги коментираше најновите глобални трендови во областа на автоматизацијата и роботизацијата, како и неговите впечатоци од годинашното издание на меѓународниот форум ЕМО.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 01 april 2020Романски производител на флаширана вода инвестира во својата фабрика

    Романската групација Valvis Holding, производител на брендот минерална вода AQUA Carpatica, во последните недели регистрираше пораст на продажбата за 250-300%. Како резултат на тоа компанијата планира проширување на својата фабрика за 20 милиони евра. Во моментов, производственото претпријатие на Valvis Holding работи со полн капацитет. Компанијата го предвиде ова зголемување, но не секако како резултат на распространувањето на корона вирусот, а бидејќи марката станува се попрепознатлива на пазарот.

  • 30 march 2020Рекордна висока размена на технолошки хардвер во Бугарија за 2019 година

    Увозот на технолошки хардвер во Бугарија во 2019 година за прв пат ја премина границата од 1 милијарда евра, достигнувајќи 1,07 милијарди евра, дозна BalkanEngineer.com од Economic.bg. Регистриран е раст на индексите на увозот на десктоп компјутери, лаптопи, мултифункционални уреди, сервери, печатачи, монитори и дигитални фотоапарати. Наспроти рапидното опаѓање на глобалниот пазар на паметни телефони, увозот на мобилни телефони во Бугарија достигнува извонреден раст и невидени размери.

  • 25 march 2020Кинеска компанија инвестира 60 милиони евра во претпријатие во Србија

    Кинеската компанија Xingyu Automotive Lighting Systems доби државна субвенција во висина на 16,4 милиони евра од Србија за изградба на својата фабрика во град Ниш, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Услов за компанијата е да инвестира најмалку 60 милиони евра во својот проект. Xingyu Automotive Lighting Systems се обврзува да потроши 7,5 милиони евра за купување земјиште од 16,55 хектари за своето претпријатие, како и за обезбедување на соодветна инфраструктура таму. До крајот на 2023 година компанијата треба да инвестира 32,7 милиони евра за изградба на објекти и 19,6 милиони евра за нова опрема.

  • 23 march 2020Schaeffler го проширува производството на автомобилски компоненти во Романија

    Романската подружница на германската групација Schaeffler планира да ги прошири своите производствени и логистички капацитети во земјата, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Компанијата ќе се фокусира на зголемување на продуктивноста и оптимизирање на трошоците, како во автомобилскиот, така и во индустрискиот сектор. Минатата 2019 година најголемата инвестиција на Schaeffler во Романија беше изградбата на нов центар за тестирање, кој беше завршен за помалку од една година.

  • 18 march 2020Романската Dacia го демонстрира својот прв модел на електричен автомобил

    Француската групација Renault, сопственик на романскиот производител на автомобили Dacia, го презентира во почетокот на месец март концептот на својот прв електричен автомобил - Dacia Spring, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Се очекува моделот да се појави на европскиот пазар во 2021 година. Француската компанија сè уште не објавила колку ќе чини првиот електричен автомобил на Dacia, но романските медиуми предвидуваат цена во опсег од 15.000 до 20 000 евра, што би значело дека моделот ќе биде најевтиниот електричен автомобил на европскиот пазар.

  • 16 march 2020Се откажува одржувањето на саемот SeeSUSTAINtec во Бугарија

    Се откажува одржувањето на меѓународниот саем за еколошки и дигитални бизнис решенија, seeSUSTAINtec соопштија за BalkanEngineer.com организаторите на Виа Експо. Главните причини за тоа се алармантните вести за ширењето на COVID-19 во Европа и неочекуваните откажувања во последен момент на странските изложувачи. Ограничувањето на патувањата на меѓународно ниво, исто така би бил негативен фактор за посетата на настанот. Форумот SeeSUSTAINtec 2020 требаше да се одржи од 7 до 9 април во Интер Експо Центар, град Софија. Претстои прецизирање на датумите на саемот за следната година.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 02 april 2020Македонија воведува дигитална обука за ученици и студенти

    По електронски пат ќе се спроведува не само предавањето на нов материјал, туку и испрашувањето и оценувањето. Средствата за електронска комуникација може да бидат платформи за видео конференции, електронска пошта или други двонасочни електронски системи за размена на податоци. Преку системот за учење од далечина со помош на овие средства ќе се реализираат предавања, вежби, форми на континуирано оценување на знаењата, индивидуално предавање и други форми на обука што се соодветни на спецификата на конкретната област на изучување.

  • 31 march 2020Tesla ги отвори своите први станици за полнење на електрични возила во Србија

    Американската компанија за електрични возила и обновливи извори на енергија Tesla ги отвори своите први две станици за полнење на електрични возила во Србија. Според интерактивната мапа на официјалната веб-страница на Tesla, едната од станиците за полнење се наоѓа на паркингот на продавница Ikea во српската престолнина, а другата на автопатот Е75 во близина на град Алексинац во Централна Србија. Онаа во Белград е опремена со шест точки за полнење, додека другата има четири точки за полнење, секоја со капацитет до 150 kW.

  • 26 march 2020Австриска компанија ќе гради фабрика за стаклени влакна во Србија

    Австриската компанија Thermowool планира да изгради производствено претпријатие во индустриската зона во близина на град Шид, Србија, дозна BalkanEngineer.com од SerbiaMonitor.com. Компанијата со седиште во Виена е специјализирана за производство на стаклени влакна. Инвестицијата на австриската компанија изнесува скоро 5 милиони евра. Минатиот месец компанијата купи 10 хектари земја во индустриската зона кај село Адашевци за изградба на својата нова фабрика. Се очекува поставувањето на темелите да биде направено до крајот на март годинава.

  • 24 march 2020Truck Expo презентира решенија за автомобилскиот сектор во Бугарија

    Truck Expo 2020 ќе ги демонстрира најновите решенија за автомобилската индустрија од 11 до 13 јуни 2020 година на територијата на Меѓународниот саем во град Пловдив, Бугарија. Од чисто автомобилско шоу за комерцијални возила, саемот ќе се претвори во платформа за мобилност базирана на софтвер и технологии, дозна BalkanEngineer.com. Саемот Truck Expo 2020 е во организација на Здружението на производители на автомобили и нивните овластени застапници во Бугарија. Посетителите на настанот ќе бидат вклучени во бројни можности за стекнување на искуство и доживување, прилагодени на нивните интереси.

  • 19 march 2020Романска компанија гради 4 фотоволтаични паркови со моќност од 310 MW

    Романската компанија Complexul Energetic Oltenia планира да изгради четири фотоволтаични паркови во земјата. Објектите ќе имаат комбинирана врвна моќност од 310 MW и ќе зафаќаат површина од 600 хектари. Романската компанија планира да распореди фотоволтаични постројки на загадено земјиште, како што се површини што во моментот се користат за складирање на талог и пепел создадени од термоцентралите на компанијата или врз депонија за складирање на остатоци од ископување на јаглен.

  • 17 march 2020Србија планира да ја изгради најголемата ветерна фарма во Европа

    Изградбата на централата се очекува да започне за три до четири години, кога ќе бидат добиени сите потребни дозволи. Во тек е проценка на влијанието врз животната средина. Потребната површина за изградба на објектите е приближно 10.800 хектари, што е еквивалентно на површината од 15.000 фудбалски игралишта. Откако ќе се изгради, ветерната фарма ќе има капацитет да обезбеди доволно електрична енергија за снабдување на половина од европските домаќинства. Земјоделците кои изнајмиле делови од своето земјиштето за проектот веруваат дека ветерната фарма ќе има позитивен ефект врз зелената економија на земјата.

Види ги сите »