Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Србија обезбедува поволни услови за технолошките стартапи

01 july 2020

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Во текот на изминатата деценија, голем број технолошки претприемачи стартуваа свои компании во Србија, дозна BalkanEnginner.com от FinancialTimes.com, цитирајќи го Бранко Милутиновиќ, еден од основачите на една од водечките компании за игри на Западен Балкан - Nordeus.

 

 

Според Милутиновиќ, условите за стартап компаниите во Белград се развиле значително - освен во сферата на игрите, има најразлични сектори и бизнис модели, категоричен е сопственикот на Nordeus.

 

Драган Томиќ, извршен директор на центарот за развој на Мајкрософт во Белград, за весникот коментира дека условите во српскиот главен град се доближуваат до оние во американската сојузна држава Сиетл, факт што тој им го припишува на техничките предмети што учениците започнале да ги изучуваат во училиште од 11-годишна возраст.

 

Во технолошкиот сектор во земјата се вработени скоро 75.000 луѓе, покажува статистиката на Евростат. Освен српските специјалисти кои се враќаат од странство, четвртина од работната сила во земјата се таканаречени странски „дигитални номади“, пишува уште FinancialTimes.com.

 

Извор на фотографии: freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 05 august 2020Вертикален електричен виљушкар KM.OR на Вени и Ко - оптимално решение за собирање на индивидуални нарачки

    Вертикалниот електричен виљушкар комисионер KM.OR на докажаниот бугарски производител на магацински машини и опрема Вени и Ко е специјализирана магацинска машина за извршување на операции за комисионирање на нарачки на клиентите на многу производи во магацини со високи сталажи. „Сите модели се опремени со вградена платформа за подигнување на операторот, овозможувајќи му да собира и групира различни видови товар, објаснија од ВЕНИ и КО за BalkanEngineer.com.

  • 29 july 2020SpaceCAD: „Сите функции што сте ги побарале. Целата вредност што ви треба!“- Solid Edge 2021 веќе е тука

    Новата верзија на технолошкиот софтвер е со наслов „Сите функции што сте ги побарале. Целата вредност што ви треба!“. SpaceCAD е официјален партнер и претставник на производите и услугите на Siemens Digital Industries за Бугарија. „Solid Edge 2021 ја обезбедува брзината што ви е потребна за да го извлечете максимумот од целиот Ваш инженерски процес - ја зголемувате Вашата продуктивност додека истовремено ги намалувате трошоците“, додадоа од докажаната бугарска компанија.

  • 27 july 2020Коректори на природен гас од нова генерација, производство на Унисист Инженеринг

    Унисист Инженеринг е специјализирана за развој и производство на уреди и системи за автоматизација засновани на модерна база на елементи и употреба на современи технологии. „Корективните уреди што ги развиваме се наменети за корекција на потрошувачката на природен гас според температура, притисок и состав на гасот. Производите што ги нудиме се или од одобрен тип или со оценета сообразност според Директива 2004/22/EC“, објаснија специјалистите од компанијата за BalkanEngineer.com.

  • 06 july 2020SpaceCAD: Производство на опрема за CNC машини и дизајнерски компоненти со 3D печатење во метал

    Директното 3D печатење во метал е меѓу најмодерните трендови во брзорастечката индустрија за адитиви а докажаната бугарска фирма SpaceCAD е меѓу пионерите кај нас во оваа област. Компанијата работи заедно со голем број производствени компании, нудејќи им работни решенија кои го намалуваат времето за производство на готови производи за неколку недели. Што уште му раскажаа за нивните проекти од SpaceCAD на Balkanengineer.com, видете во следните редови.

  • 30 june 2020CNC системот 30i-B Plus на FANUC поставува нов стандард за интелигентна продуктивност

    FANUC го најави пазарното деби на својата најнова серија на CNC системи 30i-B Plus, која е подобрена во насока на достигнување на голема брзина, исклучително голема прецизност и висококвалитетна обработка. „Новите CNC контроли 30i-B Plus комбинираат во себе напреден интегриран хардвер и над 250 софтверски функции. Тие ги користат најновите технологии за управување со FANUC, преку кои се постигнува максимална ефикасност“, соопштија за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија.

  • 22 june 2020B2N: Ние нудиме 3Д машини од производителите Ultimaker, Formlabs и BigRep за разни намени

    Во деновите непосредно пред COVID-19 да ја освои Европа, во нашата земја се одржа настан, кој го привлече вниманието на специјалистите со можностите на презентираните решенија да создадат трендови во секоја област од четвртата индустриска револуција. Станува збор за меѓународната конференција Additive Days и нејзиното второ издание, кое собра бројни специјалисти во областа на архитектурата и градежништвото под наслов „Beyond the Hype“, организирана од бугарската компанија B2N.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 10 august 2020Vivacom стана дел од United Group

    Бугарскиот телекомуникациски оператор Виваком стана дел од водечката телекомуникациска и медиумска компанија во Југоисточна Европа United Group, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Vivacom. Зделката беше финализирана на 31 јули 2020 година, откако во април годинава доби одобрение од Европската комисија. Стекнувањето на бугарскиот мобилен оператор е дел од стратегијата за проширување на меѓународната компанија со седиште во Амстердам, Холандија. Претходно оваа година, United Group стана сопственик на хрватскиот телекомуникациски оператор Tele2, а претстои да биде завршена и зделката со грчката телекомуникациска компанија Forthnet.

  • 05 august 2020ЕВН со понуди за фотоволтаични системи во Северна Македонија

    Енергетската компанија ЕВН и ПроКредит Банка започнаа соработка за изградба на фотоволтаични системи за деловни цели во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на ЕВН Македонија. Компаниите во земјава ќе можат да го искористат заемот даден од ПроКредит Банка за финансирање на фотоволтаични системи, обезбедени од ЕВН Македонија. Нивната инсталација ги намалува трошоците за електрична енергија за повеќе од 30%, придонесува за намалување на емисијата на CO2, а повратот на инвестицијата се реализира во рок од 6-8 години, посочуваат од енергетската компанија.

  • 03 august 2020Ќе се гради центар за беспилотни возила во Романија

    Центар за иновации за развој на технологија и тестирање на беспилотни возила ќе се гради во град Клуж-Напока, , дозна BalkanEngineer.com од TekDeeps.com. Во идниот центар ќе учествуваат компании како Porsche Engineering Romania и Robert Bosch SRL, како и Техничкиот универзитет во Клуж-Напока. Центарот ќе вклучува безбедна тест-патека и специјализирани лаборатории за развој на технологии и системи за беспилотни возила. Цената на проектот е 53 милиони евра. Тој беше претставен од Окружниот совет на Клуж за европско финансирање, добивајќи оценка 94,75 од максимум 100 во фазата на претходна селекција.

  • 29 july 2020X Factor Accelerator инвестира во 2 стартапи во Северна Македонија

    Compania nord-macedoneana X Factor Accelerator va investi 200 000 euro in doua startup-uri. Primul proiect este in domeniul industriei alimentare. Compania dezvolta doua procese tehnologice inovatoare pentru productia de inghetata de vin cu un continut de alcool cuprins intre 5% si 13.5%. X Factor Accelerator va investi si intr-o companie spin-off a Facultatii de Inginerie Electrica si Tehnologia Informatiei din cadrul Universitatii “St. Sf. Chiril si Metodiu” din orasul Skopje. Organizatia este creatorul platformei software pentru harti 3D Dynamix Mapper, care foloseste cel mai modern algoritm de localizare si cartografiere simultana (SLAM).

  • 27 july 2020Продолжува изградбата на интерконекторот Грција-Бугарија

    Продолжуваат активностите за изградба на интерконекторот Грција-Бугарија на територијата на двете земји. Ова стана јасно по теренската проверка на извршните директори на компанијата од бугарска и грчка страна Теодора Георгиева и Константинос Карајанакос. Гасоводот е долг 182 км, од кои 150 км се наоѓаат на територијата на Бугарија. Скоро 110 км од теренот веќе се расчистени, хумусот е отстранет и трасата е подготвена за понатамошни активности, а веќе се произведени и испорачани околу 100 км линеарни цевки со должина од 12 и 18 метри, посочија извршните директори на ICGB.

  • 22 july 2020Претстои изградба на термоцентрала на биомаса во Србија

    Во август годинава во српскиот град Прибој ќе започнат прелиминарни активности за изградбата на термоцентрала на биомаса. Нејзината изградба ќе започне еден месец подоцна - во септември, дозна BalkanEngineer.com од Serbia-energy.eu, цитирајќи го заменик-градоначалникот на градот, Саша Василиќ. Планирано е да се изгради електрана со моќност од 8 мегавати, како и реконструкција на грејниот цевковод и изградба на нови трафостаници. Изведувач на проектот е српската компанија Energotehnika, чии активности се очекува да завршат во рок од една година.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 06 august 2020Се гради брза железничка линија во Србија до крајот на 2023 година

    Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, објави одлука за изградба на брза железничка линија помеѓу градовите Белград и Ниш во Србија. Проектот се очекува да биде финализиран до крајот на 2023 година, а патувањето од Белград до Ниш ќе трае 1 час и 20 минути. Договорот за изградба на новата железничка линија ќе биде потпишан во рок од 3 месеци, посочи уште Вучиќ. Интернет изданието потсетува и за проектот „Високобрзински железници на Србија“ од крајот на 90-ти години на минатиот век, кој предвидува време на патување помеѓу двата града во рамките на 2 часа со максимална брзина од 250 км на час.

  • 04 august 2020VolaPlast гради фабрика во Бугарија

    Германската компанија VolaPlast започна со изградба на фабрика во Бугарија. Таа ќе биде лоцирана во град Ќустендил и е првото претпријатие на компанијата надвор од територијата на Германија. Базата со површина од 17.000 метри квадратни ќе опфати модерна зграда за производство и складирање со двокатен административен дел. Се очекува изградбата да заврши во февруари 2021 година. Фабриката ќе остварува производство на технички пластични детали и монтажа на систем за миење на стакла на автомобили за голем број европски производители на автомобили. Новата фабрика ќе создаде 30 работни места, а подоцна ќе се отворат уште 100 -120.

  • 30 july 2020Компанијата Delfingen стекнува фабрики на Schlemmer во Романија

    Францускиот производител на делови за автомобили Delfingen започна преговори со германската автомобилска индустриска група Schlemmer за купување, заедно со други активи на фабриката на групацијата во Романија, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Погоните вклучени во зделката имаат промет од скоро 100 милиони евра и вработуваат околу 1.000 луѓе. Тие опфаќаат 5 фабрики во Романија, Германија, Русија, Мароко и Тунис. Постапката се очекува да биде финализирана во рок од 3 месеци. Фабриката на Schlemmer во Романија се наоѓа во град Кареј, округ Сату Маре. Основана е во 2005 година и вработува 345 луѓе.

  • 28 july 2020Toyo Tires гради нова фабрика во Србија

    Јапонскиот производител на гуми Toyo Tires започна со изградба на нова фабрика во август годинава. Комплексот за целосно автоматизирано производство на гуми за автомобили и камиони ќе се наоѓа на површина од скоро 64 хектари и во него ќе се произведуваат 5 милиони гуми годишно. Инвестицијата во градбата изнесува скоро 400 милиони евра, а според првичните податоци компанијата има обезбедено 500 работни места. Проектот на Toyo Tires во Србија беше најавен во летото на 2019 година, а базата во Инџија ќе биде првата европска фабрика на јапонскиот производител.

  • 23 july 2020Нова фабрика на Glass Flex започна со работа во Северна Македонија

    Македонско-данската компанија за производство на стакло Glass Flex отвори нова фабрика во индустриско-технолошката зона во близина на град Тетово во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Mia.mk. Во фабриката ќе се произведува калено, ламинирано и друг видов на стакло. Новоотворената база ќе обезбеди 300 нови работни места, а средствата вложени во неа изнесуваат 9 милиони евра. Фабриката е уникатна за Балканскиот полуостров, со примена на најсовремени технологии за производство на стакло. 8% од производството ќе биде насочено кон поранешните југословенски републики и Западна Европа.

  • 21 july 2020Bosch со нова зграда за својот инженерски центар во град Клуж, Романија

    Технолошката компанија Bosch ја отвори новата зграда на својот инженерски центар во романскиот град Клуж. Објектот се наоѓа во софтверскиот кампус DaVinchi и опфаќа вкупно изградена површина од 17.000 метри квадратни. Вклучува уште 10.000 метри квадратни канцелариски простор, а средствата вложени во него изнесуваат 30 милиони евра. Во новиот центар ќе бидат сместени 500 специјалисти на компанијата. Меѓу официјалните гости на отворањето беа претставници на локалните власти, локални академски партнери, како и членови на германскиот конзулат во Романија и Романско-германската индустриско-трговска комора.

Види ги сите »