Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Првиот технолошки парк во Албанија, Durana Tech Park, отвори врати

16 april 2025

In English

 

Оваа пролет, Албанија официјално го отвори Durana Tech Park – првиот од ваков вид во земјата научно - технолошки парк, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Албанската инвестициска корпорација. Објектот се наоѓа во село Џафзотај (Xhafzotaj),, помеѓу Тирана и Драч, и веќе ги пречека своите први 35 закупци – компании од шест земји, вклучително  САД, Германија, Италија, Франција, Естонија и Косово.

snimka1 AL_5

Проектот е раководен од Албанската инвестициска корпорација, а според нејзината извршна директорка Елира Кокона, паркот има за цел да ги охрабри иновациите и трансферот на технологии во регионот. Првата фаза опфаќа 14 хектари, со можност за проширување на 82,5 хектари, а инвестицијата во моментот изнесува 18 милиони евра.

 

Durana Tech Park е замислен како мултифункционален кампус, кој вклучува канцелариски згради, лаборатории, хотелски и ресторански зони, како и спортска инфраструктура. Благодарение на својата близина до меѓународниот аеродром во Тирана (16,4 км) и пристаништето на Драч (10 км), технопаркот овозможува брз пристап до главните логистички и бизнис центри во земјата.

 

Акцентот на инвестицијата е ставен на поддршката на мали и средни претпријатија (МСП), кои ќе имаат корист од ослободување од ДДВ и данок на добивка. Меѓу дозволените активности се разработка на софтвер, ИТ безбедност, анализа на податоци, облачни технологии, истражувања во роботиката и комуникациските системи. Се очекува паркот да го стимулира создавањето на нови работни места и развојот на висококвалификувани кадри.

 

Во паркот исто така ќе бидат организирани и хакатони, семинари и стажантски програми во соработка со универзитетите во Тирана и Драч - двата града каде што се концентрирани повеќе од 75% од високообразовните институции и научни центри во Албанија.

snimka2 AL_2

Извор на фотографии: ©Engineer BG via Canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 april 2025ABB претстави широк спектар на паметни решенија за управување со згради на Архитектонско – градежна недела 2025

    Голема разновидност од иновативни, интелигентни и одржливи решенија за автоматизација на домови и згради го привлекоа вниманието на штандот на ABB за време на овогодинешното издание на Архитектонско – градежна недела 2025, што се одржа кон крајот на март во Софија, Бугарија. Посетителите и гостите на меѓународниот форум за енергетски ефикасно, еколошко и функционално градежништво успееја да се запознаат со некои од најновите разработки на компанијата, меѓу кои производи и целосни решенија во областа на електричната апаратура, системи за паметен дом и още.

  • 16 april 2025SpaceCAD: Производителот на обликувани форми заштедува време и го подобрува квалитетот со NX CAD/CAM на Siemens

    Од играчки и канцелариска опрема до предмети за домаќинството, амбалажа и автомобили – работите за секојдневна употреба што не се изработени барем делумно од синтетички материјали се многу малку. Јозеф Хајдлмаир го видел потенцијалот во оваа област во 1979 година. Почнал да ја користи тогаш новата технологија за обработка на метали со електрично празнење (EDM) во проектирањето и производството на обликувани форми за детали од пластика. Aвстриската компанија Haidlmair е водечки испорачувач на алатна опрема за леење под притисок.

  • 15 april 2025Weber Etiketten: Правилната идентификација на производи ја спречува појавата на дополнителни трошоци

    Во современиот бизнис, точното етикетирање и обележување на пратките игра решавачка улога во логистиката и синџирот на снабдување. „Неправилната идентификација на производи може да доведе до значително зголемување на оперативните трошоци и до влошување на репутацијата на компанијата“, коментираа од Weber Etiketten, докажана трговска компанија, создадена како резултат на партнерството помеѓу СИС 45 и Weber Marking Systems. Анализа покажува: неправилно идентификуваните пратки водат до значителни директни трошоци.

  • 15 april 2025Системскиот интегратор Mikron Plus разработува ефикасно решение за CNC обработка со роботи на FANUC

    Mikron Plus е словенечки системски интегратор со повеќе од 20 години искуство, кој ја специјализирал својата активност во областа на автоматизацијата на производствени процеси со CNC машини. Искусните инженери на компанијата разработуваат решенија за автоматизација „клуч на рака“. Почнувајќи од првичниот концепт, Mikron Plus врши целосно проектирање на системот и го имплементира до неговото конечно одобрување од страна на клиентот, вклучително инсталирање, пуштање во работа и обука. „Бидејќи недостигот од квалификувана работна сила продолжува да биде светски тренд, производителите бараат начини да ги автоматизираат своите процеси.

  • 14 april 2025Wilo претстави нови технологии за одржливо движење и употреба на водата за време на форумот ISH 2025

    Wilo Group – докажан развивач и производител на пумпни системи и решенија за одржливост, направи повторно успешно учество на меѓународниот саем ISH 2025. Форумот, кој е еден од најголемите во светски димензии во областа на греење, вентилација и климатизација и водовод и канализација, се одржа од 17 до 21 март оваа година на својата традиционална локација во Франкфурт, Германија. „Главната порака на Wilo за време на овогодинешниот ISH беше „Ние нудиме одржливи решенија“, што целосно се совпаѓа со темата на престижниот трговски саем“, коментираа за BalkanEngineer.com од Wilo.

  • 14 april 2025Лазатек: Мултифункционалната CNC машина ZHS-3040 на Matrix за острење на вретенести глодала е со CNC на FANUC

    Тајванската компанија „Matrix Precision“ е основана во 1994 година. Таа развива истражувачка и развојна активност во областа на машинската обработка на запчаници. Фирмата успева да ги прошири можностите на алатните технологии за сечење на лабораториите на Тајванскиот истражувачки институт ITRI, при што во своите активности користи развоен ресурс од најдобрите универзитети. „Matrix изгради технолошки линии за производство на машини за сечење и глодање на запчаници, кои успешно ги продава на европскиот, американскиот и азискиот пазар. Портфолиото од машини на Matrix вклучува глодалки за длабочинско глодање на запчаници.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 april 2025Првиот технолошки парк во Албанија, Durana Tech Park, отвори врати

    Оваа пролет, Албанија официјално го отвори Durana Tech Park – првиот од ваков вид во земјата научно - технолошки парк, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Албанската инвестициска корпорација. Објектот се наоѓа во село Џафзотај (Xhafzotaj),, помеѓу Тирана и Драч, и веќе ги пречека своите први 35 закупци – компании од шест земји, вклучително САД, Германија, Италија, Франција, Естонија и Косово. Проектот е раководен од Албанската инвестициска корпорација и има за цел да ги охрабри иновациите и трансферот на технологии во регионот.

  • 14 april 2025Во Северна Македонија ќе се изгради фабрика за барут со турски инвестиции

    Турската државна одбранбена компанија Makine ve Kimya Endüstrisi (MKE) и македонскиот производител на муниција ATS Group потпишаа меморандум за стратешка соработка што предвидува изградба на фабрика за барут во Северна Македонија. Тоа го дозна BalkanEngineer.com од официјална потврда на веста од MKE преку публикација на социјалните мрежи. Според изјавата, проектот има за цел зголемување на локалниот производствен капацитет и продлабочување на соработката меѓу двете земји во одбранбената индустрија. Потпишувањето се одржа на 27 март 2025 г.

  • 10 april 2025Magna отвора втора фабрика во Северна Македонија со инвестиција до 50 милиони евра

    Канадската компанија Magna Mechatronics, дел од Magna International, ќе отвори нова фабрика во град Штип, Северна Македонија овој месец, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Инвестицијата во објектот изнесува 45-50 милиони евра, соопшти премиерот на државата Христијан Мицкоски. Се очекува фабриката да создаде меѓу 500 и 600 работни места. Ова е втора фабрика на Magna International во Северна Македонија. Компанијата веќе неколку години работи во земјава со модерна фабрика во близина на Струга, во која работат 300 луѓе.

  • 08 april 2025Албанија ќе го модернизира индустрискиот комплекс во Елбасан до 2030 година

    На крајот на март оваа година. Албанската влада објави план за модернизација на индустрискиот комплекс во Елбасан, кој ќе вклучува подобрувања во инфраструктурата и проширување на можностите за бизнис. Проектот, кој треба да биде реализиран до 2030 година, има за цел да привлече нови индустрии, како што се комуникациски технологии, центри за податоци и логистички компании, дозна уште BalkanEngineer.com од официјалното соопштение. Индустрискиот комплекс опфаќа 340 хектари, од кои 105 хектари се во сопственост на 53 приватни претпријатија, главно производители.

  • 04 april 2025Бугарскиот производител Клас Олио отвори модерна рафинерија за 10 милиони евра во близина на Добрич

    Во добричкото село Карапелит, Бугарија, отвори врати една од најмодерните рафинерии за сончогледово масло во Европа. Инвестицијата реализирана од Клас Олио е вредна 10 милиони евра и двојно го зголемува производствениот капацитет на компанијата. Ова го дозна BalkanEngineer.com од соопштение за печатот на бугарската компанија. Со новиот капацитет, компанијата веќе ќе може да преработува и до 500 тони дневно, при што најголемиот дел од производството е наменето за извоз.

  • 02 april 2025Северна Македонија преговара за нов заем за модернизација на патната инфраструктура

    Северна Македонија е во процес на договарање за нов заем од 500 милиони. евра, кој ќе биде насочен кон модернизација на патната инфраструктура во земјата, дозна BalkanEngineer.com од изјава на премиерот Христијан Мицкоски. Тој соопшти уште дека средствата ќе бидат користени за реконструкција на локални, регионални и експресни патишта, при што очекува наскоро да завршат преговорите со европската земја која го доделува заемот. Нејзиното име не беше наведено во изјавата. Минатата година земјата веќе договори заем од 1 милијарда. евра од Унгарската експорт-импорт банка.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 17 april 2025Србија инвестира 50 милиони евра во француска технологија за нов суперкомпјутер и инфраструктура за вештачка интелигенција

    Српската влада склучи договор во вредност на 50 милиони евра со француската компанија Eviden за испорака на нова генерација суперкомпјутер и разработка на примени, базирани на вештачка интелигенција (ВИ). Зделката е дел од поширока спогодба за стратешка соработка меѓу Србија и Франција, потпишана во јуни 2024 година, дозна BalkanEngineer.com од изјавата на српскиот премиер. Според информации од владата, 36 милиони евра од вкупниот износ ќе бидат инвестирани во самиот суперкомпјутер.

  • 15 april 2025Вештачката интелигенција влегува во романските училишта преку проектот Saro

    Романија презема нов, уште поиновативен чекор кон дигитализацијата на образованието со воведувањето на асистентот за вештачка интелигенција Saro во училишта и универзитети. Проектот е разработен од организацијата Digital Nation и започнува во партнерство со Министерството за образование, дозна BalkanEngineer.com од официјалното соопштение за проектот за медиумите. Saro користи вештачка интелигенција за да им помага на ученици, студенти и наставници со персонализирана повратна врска, мотивациска анализа и планирање на наставни задачи.

  • 11 april 2025Србија го субвенционира со 3,5 милиони евра центарот за научно истражување и развој на Rivian во Белград

    Српското Министерство за економија доделува субвенција од 3,5 милиони. евра на Rivian SE Europe – европски сектор на американскиот производител на електрични автомобили Rivian. Средствата ќе го помогнат развојот на центарот за научни истражување и развој (R&D) што компанијата го отвори во Белград во декември 2022 година, дозна BalkanEngineer.com од соопштението на српското министерство. Rivian SE Europe се ангажира да инвестира најмалку 6,6 милиони евра до крајот на 2025 година и да вработи минимум 370 луѓе.

  • 09 april 2025Романската Sameday отвори нов логистички центар од 4,2 милиони евра во Брашов

    Романската курирска компанија Sameday го претстави својот нов логистички центар во град Гимбав, округ Брашов. Инвестицијата во него изнесува 21 милион леи (4,2 милиони евра), дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Објектот, лоциран на површина од 6.800 квадратни метри во рамките на Sofimat Logistic Park, е проектиран за поефикасно сортирање и обработка на мали и средни пратки. Новиот хаб поседува автоматизиран систем кој може да обработува до 7.000 пратки со тежина до 20 kg/h.

  • 07 april 2025Речиси 5 милиони евра доделуваат за МСП според прекуграничната програма INTERREG VI-A Бугарија - Северна Македонија

    Од јуни 2025 година малите и средни претпријатија (МСП) во Бугарија ќе можат да поднесуваат проекти за финансирање според Програмата за прекугранична соработка INTERREG VI-A Бугарија - Република Северна Македонија. Според програмата ќе бидат распределени речиси 5 милиони евра, што ќе го помогне економскиот раст и развојот на одржливи бизнис модели во регионот, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Министерството за регионален развој и урбанизам. Поединости на официјалната веб-страница на програмата.

  • 03 april 2025DP World ја проширува својата логистичка мрежа со нов центар во Букурешт, Романија

    DP World ја проширува својата логистичка мрежа во Европа со отворањето на стратешки оперативен центар во Букурешт, Романија. Новата европска контролна кула ќе управува со големиот транспортен систем на компанијата, што комбинира автомобилски, морски, воздушен и железнички транспорт, дозна BalkanEngineer.com од соопштение за печатот на компанијата. Со овој центар, логистичката корпорација на Емиратите ги зацврстува своите позиции во регионот и го зајакнува своето влијание врз европските трговски маршрути. DP World веќе има силно присуство во Романија.

Види ги сите »