Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Миком гради фабрика за контејнери во северна Србија

03 october 2018

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Српскиот производител на челични конструкции и опрема Миком планира да изгради фабрика за производство на станбени контејнери во Инџија, северна Србија, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com.

 

 

Миком веќе купиле земјиште од 12 000 м2 во регулирана индустриска зона, на кое ќе се изгради новото претпријатие. Откако ќе заврши првата фаза од изградбата, компанијата од Нови Сад планира да вработи 150 лица.

 

Станбените контејнери се брзо, флексибилно и практично мобилно просторно решение, а новата продукција на српската компанија ќе биде наменета целосно за извоз.

 

Извор на фото материјал: Миком

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 november 2018Мега Инженеринг имплементира решение за управување на процесите во ПСОВ на металуршко претпријатие

    Мега Инженеринг ДОО е инженерска компанија која има долгогодишно искуство во развојот на софтверски решенија за остварување на целосна контрола и управување на процесите во пречистителни станици за отпадни води (ПСОВ) и пумпни станици, соопштија за BalkanEngineer.com од фирмата. „Кога развиваме системи, ние се стремиме да ги слушнеме барањата на клиентите за да можеме да им го понудиме оптималното за нив решение", изјавија од Мега Инженеринг.

  • 15 november 2018Ники Ротор Авијешан со награда за технолошка иновативност од XIX средба на пријателите на SolidWorks и DiTra

    Во почетокот на јуни, под мотото „Го поддржуваме талентот на бугарските инженери“, во Банско се одржа XIX годишна средба на пријателите на DiTra и SolidWorks. „На средбата Ники Ротор Авијешан ДОО освои награда за иновативност во технологијата, врачена лично од г-дин Баси. Беше презентиран и нашиот автожир Lightning, кој е проектиран со SolidWorks“, соопшти за BalkanEngineer.com г-ѓа Миглена Копчева, управител на Ники Ротор Авијешан.

  • 14 november 2018Дајте и нов живот на оштетената и стара опрема во сервисниот центар на FANUC во Луксембург

    Глобалната сервисна мрежа на компанијата покрива 263 сервисни центри во 108 земји ширум светот. „Главната и најголема база за поправка во Европа се наоѓа во Луксембург, обезбедувајќи првокласна услуга и незаменливото искуство на FANUC во поправките. Модерниот сервис во Луксембург обезбедува оптимални можности за продолжување на животниот век на вашата машина, благодарение на искуството, дијагностичките алатки и 100% оригинални делови од производителот“, објавија од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

  • 31 october 2018Филијала „Монтажи“ на Старт Инженеринг врши широк спектар од монтажни активности

    Старт Инженеринг АД е водечка инженерска фирма со утврдени традиции во проектирањето, монтажата, имплементацијата на нови технологии, автоматизацијата и активност за пуштање во работа на големи енергетски и индустриски објекти. Активноста на филијала „Монтажи“ е поврзана со извршување на електрично – монтажни и машинско – монтажни работи, монтажа на метални конструкции, на цевководи од црни и нерѓосувачки материјали со различни дијаметри, полиетиленски и полипропиленски цевководи.

  • 30 october 2018Текстилни транспортни ленти и монтажа на самото место од Мултиинженеринг

    Флексибилни решенија и индивидуален пристап - ова е концептот на кој држи докажаното друштво ЕТ Мултиинженеринг во работата со своите многубројни клиенти. Компанијата конструира, произведува, монтира и одржува транспортни ленти, транспортери и целосни транспортни системи од челик за потребите на различни претпријатија. „Нашето портфолио исто така вклучува текстилни транспортни линии, кои главно се користат во лесната индустрија“, изјавија за BalkanEngineer.com од компанијата.

  • 29 october 2018Станка Стојанова од ВНТС: „Бараме вработени со став за високи резултати“

    „Ако останам со впечатокот дека некој кандидат за работа или стажирање сака долгорочно да се развива во фирмата и е ориентиран кон постигнување на добри резултати, тој веќе е еден чекор пред другите“, споделува г-ѓа Станка Стојанова, менаџер „Човечки ресурси“ во Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ. Друштвото, пододдел на докажаниот германски производител Behr-Hella Thermocontrol, е специјализирано во развојна дејност и производство на електроника за системи за климатизација за автомобилската гранка.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 14 november 2018Ford инвестира во центар за развој на човечки ресурси во Крајова

    Американскиот автомобилски гигант Ford инвестира 1 милион долари во центар за развој на човечките ресурси и регионални иницијативи во Крајова, Јужна Романија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Ова е првиот европски центар на Ford, а слични компанија има во Детроит, САД и Јужна Африка. Инвестицијата е на Ford Motor Company Fund и нејзиниот меѓународен партнер GlobalGiving, а општината на Крајова ја обезбедува зградата, за реновирање на која се одвоени 100 илјади долари.

  • 12 november 2018Во Бургас, Бугарија, градат фабрика за авионски мотори

    Фабрика за производство, поправка и рециклирање на компоненти за авионски мотори ќе биде изградена во Бургас, дозна BalkanEngineer.com. Инвеститор е компанијата Сигматек, а проектот е вреден 30 милиони долари. Се очекува до крајот на 2019 година во објектот да бидат отворени повеќе од 200 нови работни места. Купениот терен во Индустрискиот и логистички парк во Бургас е со површина од 20 000 метри квадратни. Предвидено е реализацијата на активностите на производствената база да се оствари во 3 фази, при што првата ќе почне кон крајот на 2019 година.

  • 07 november 2018Aliplast ќе гради фабрика во српското село Шимановци

    Aliplast, еден од лидерите на европскиот пазар во производството на висококвалитетна алуминиумска столарија, лизгачки елементи, висечки фасади и системи за покривање, ќе гради фабрика во српското село Шимановци, дозна BalkanEngineer.com од ekapija.com. Компанијата работи на српскиот пазар од 2 години, при што до моментов производите се увезувани од нејзината производствената база во Полска. Групацијата на Aliplast има фабрики и во Белгија, Франција и Англија. Новото производствено претпријатие ќе биде изградено на територијата на општина Печинци.

  • 05 november 2018Alum, Романија, инвестираше 14,4 милиони долари во еколошки програми

    Во 2018 година Alum, единствениот производител на калциниран алуминиум ( 2 алуминиум триоксид) во Романија, инвестираше 14,4 милиони долари во мерки за заштита на животната средина и намалување на потрошувачката на енергија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Journal.com. Раководството на Alum извршува голем број на мерки во насока на подобрување на енергетската ефикасност, вклучувајќи инсталирање на нови гасни пламеници во Парен котел 1, интегрирање на системот за согорување на азотни оксиди во Котел C2Ap1, оптимизирање на водовите на пареа и др.

  • 31 october 2018Visteon по отвара развојни центар у Темишвару, Румунија

    Меѓународната компанија Vіѕtеоn, која произведува компоненти за автомобилската индустрија, објави дека отвора центар за развој во Темишвар, дозна BalkanEngineer.com од Romania-journal.ro. Visteon има обезбедено канцелариски простор од 2000 метри квадратни лоциран во централниот дел на Темишвар.Компанијата планира да создаде тим од 400 вработени во Романија до 2020 година, при што проширувањето на центарот ќе се оствари во фази. Фирмата бара вработени со знаење во областа на софтверот, хардверот и механиката.

  • 29 october 2018Македонскиот универзитет „Мајка Тереза“ ​​ќе има технолошки парк

    Министерството за економија на Македонија и универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје потпишаа договор според кој преку кофинансирање ќе се создаде технолошки парк во рамките на универзитетот. Кофинансирањето на технолошкиот парк на Универзитетот „Мајка Тереза“ е во согласност со мерката за финансиска поддршка на универзитетите во Македонија според Програма за конкурентност, иновации и претприемништво 2018 година. Новиот, шести државен универзитет во земјата „Мајка Тереза“ започна со својата работа во текот на минатата учебна година и се состои од пет факултети.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 15 november 2018Calzedonia, Euroin и Witzenmann инвестираат во град Кула, Србија

    Двете италијански компании Calzedonia и Euroin и германската Witzenmann планираат да инвестираат во индустриската зона на град Кула, Србија до крајот на 2018 година. Фабриката на италијанската компанија Calzedonia, един од најголемите производители на долна облека, ќе почне да работи уште во месец ноември. Calzedonia купила парцела од 2 хектари во индустриската зона, а ова е третото претпријатие на фирмата во Србија. Италијанскиот производител на чевли Euroin ќе ја премести својата опрема од просториите што во моментов ги изнајмува.

  • 13 november 2018Verint отвора развоен центар во Букурешт, Романија

    Verint, светски лидер во една од најбрзите развојни области на ИТ технологијата денес – сајбер безбедноста – го објави отворањето на истражувачки и развоен центар во Романија, дозна BalkanEngineer.com. Новата канцеларија на Verint ќе биде лоцирана во бизнис-центарот Astoria во Букурешт. Се очекува дека од 2018 и 2019 година компанијата ќе вработи неколку десетици високо квалификувани работници од различни технолошки области, како што се мрежна анализа, вештачка интелигенција, анализа на big data, идентификација на лица, блокчејн и интернет на работите.

  • 08 november 2018Македонија беше домаќин на три саеми за градежништво и индустрија

    Во периодот од 24 до 28 октомври 2018 година во Скопје, Македонија, паралелно се одржаа 15-от Меѓународен саем на градежништво, 8-от саем за недвижности и инвестиции – RealExpo, и 44-от Меѓународен саем на металургија, електроника и енергетика – Технома, соопштија за BalkanEngineer.com организаторите Скопски саем. На специјализираните форуми учествуваа вкупно 70 изложувачи од Македонија, Хрватска, Србија, Бугарија и Грција.

  • 06 november 2018Успехот на месопреработувачката индустрија е поврзан со добрата логистика

    Меѓународната изложба Месоманија во Бугарија ќе ги понуди технолошки и високо квалитетни технички решенија од 7 до 10 ноември во Интер Експо Центар, соопштија организаторите за BalkanEngineer.com. Одличната логистика е во основата на секое успешно претпријатие. Ова правило се однесува во целост и за месопреработувачката индустрија. За да одговорат на сите современи барања, претставниците во гранката и оваа година ќе се соберат на меѓународната изложба Месоманија во Бугарија.

  • 01 november 2018Fеkа Аutоmоtіvе гради фабрика за автомобилски делови во Србија

    Турскиот производител на автомобилски делови Fеkа Аutоmоtіvе започнува изградба на фабрика во српскиот град Чуприја до крајот на 2018 година, дозна BalkanEngineer.com. Инвестицијата е во вредност од 15 милиони евра. Првично ќе бидат вработени 110 лица, при што е предвидено нивниот број да порасне до 1000. Фабриката ќе биде лоцирана во индустриската зона на Чyпpија на површина од 4 хектари. Fеkа Аutоmоtіvе е семејна компанија која веќе 30 години произведува делови и компоненти за автомобилската индустрија.

  • 30 october 2018Јапонскиот производител на игри SEGA отвора канцеларија во Софија, Бугарија

    Европската филијала на јапонскиот програмер на игри SEGA, ја преструктуира својата единица за тестирање и анализа со отворање на ново студио во главниот град на Бугарија, дозна BalkanEngineer.com. SEGA Development Services Sofia официјално ќе биде отворена во јуни 2020 година. Новата канцеларија ќе ги поддржи со контрола на квалитетот единиците на SEGA како Creative Assembly, Sports Interactive, Relic, Amplitude и Hardlight. Компанијата веќе има застапништво во Бугарија.

Види ги сите »