Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Каде е Македонија во однос на дигитализацијата?

03 june 2020

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Според истражување на Denar.mk, Северна Македонија е рангирана меѓу ниско до средно дигитализираните земји, со потенцијал за постигнување целосна дигитализација и покрај малата големина, дозна BalkanEngineer.com Главни фактори за развој на дигиталната иднина на земјата се подготвеноста на државата и компаниите, фокусирани на инвестициите во овој сектор, како и свеста на граѓаните да користат вакви услуги.

 

 

Во моментов, нивото на употреба на дигитални платформи и апликации во администрацијата, онлајн набавките и образованието е сè уште ниско. Ова главно се должи на недоволна посветеност и прилагодување на институциите кон можностите што ги нуди дигитализацијата. Како и да е, државата се повеќе се фокусира на дигитализацијата и поддршката на дигиталното општество, а сè поголем број бизниси од различни области (особено трговијата) се обидуваат да воведат и понудат дигитални услуги.

 

Според експертите, процесот на дигитализација во земјата и законските измени мора да одат рака под рака. Освен барањето законодавството да ги следи потребите на бизнис заедницата, друг важен фактор е потребата од време за развој и имплементација на дигитални услуги.

 

Извор на фотографии: pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 06 july 2020SpaceCAD: Производство на опрема за CNC машини и дизајнерски компоненти со 3D печатење во метал

    Директното 3D печатење во метал е меѓу најмодерните трендови во брзорастечката индустрија за адитиви а докажаната бугарска фирма SpaceCAD е меѓу пионерите кај нас во оваа област. Компанијата работи заедно со голем број производствени компании, нудејќи им работни решенија кои го намалуваат времето за производство на готови производи за неколку недели. Што уште му раскажаа за нивните проекти од SpaceCAD на Balkanengineer.com, видете во следните редови.

  • 02 july 2020Вилушкар за подигнување и електричен вилушкар од Вени и Ко: Решение за магацини со влажна и агресивна средина

    Бугарскиот производител на магацински машини и опрема Вени и „Ко располага со достапни вилушкари за подигнување во висина (стакер), модел KM.AC 1200/3.5 и рачни електрични вилушкари со рачно управување (стакер), модел KMS.AC 1500/3.0, погоден за влажни и агресивни средини . „Ние нудиме магацинска техника и опрема со висок квалитет и вклучена гаранција и пост-гарантна услуга со оригинални резервни делови”, коментираа уште од компанијата за BalkanEngineer.com.

  • 30 june 2020CNC системот 30i-B Plus на FANUC поставува нов стандард за интелигентна продуктивност

    FANUC го најави пазарното деби на својата најнова серија на CNC системи 30i-B Plus, која е подобрена во насока на достигнување на голема брзина, исклучително голема прецизност и висококвалитетна обработка. „Новите CNC контроли 30i-B Plus комбинираат во себе напреден интегриран хардвер и над 250 софтверски функции. Тие ги користат најновите технологии за управување со FANUC, преку кои се постигнува максимална ефикасност“, соопштија за BalkanEngineer.com од ФАНУК Бугарија.

  • 22 june 2020B2N: Ние нудиме 3Д машини од производителите Ultimaker, Formlabs и BigRep за разни намени

    Во деновите непосредно пред COVID-19 да ја освои Европа, во нашата земја се одржа настан, кој го привлече вниманието на специјалистите со можностите на презентираните решенија да создадат трендови во секоја област од четвртата индустриска револуција. Станува збор за меѓународната конференција Additive Days и нејзиното второ издание, кое собра бројни специјалисти во областа на архитектурата и градежништвото под наслов „Beyond the Hype“, организирана од бугарската компанија B2N.

  • 10 june 2020AquaThermica – бојлер со топлинска пумпа со автоматски циклус против Легионела на Теси

    „AquaThermica е бојлер со топлинска пумпа од типот „воздух-вода“ со можност да работи со обновливи извори на енергија, што придонесува за постигнување на чиста животна средина со значително намалување на емисиите на CO2“, соопштија за BalkanEngineer.bg од Теси. Гамата на бојлери AquaThermica вклучува модели со волумен од 200 литри и 260 литри, со можност за поврзување со други обновливи извори на енергија, како што се фотоволтаици и соларни системи или котли.

  • 09 june 2020Megger организира бесплатни вебинари за обука во текот на целата 2020 година. Погледнете ги темите!

    „Условите во кои е ставен светот денес е беспорно го менуваат начинот на работа и обука, заедно со која било друга секојдневна активност. Но, во противтежа на физичката изолација, знаењето станува се подостапно. Светот оди преку Интернет, а со него и образованието. Megger не заостанува од трендот и подготви разновидна програма од виртуелни состаноци за да им бидеме уште покорисна на нашите клиенти и партнери“, коментираа од бугарската подружница.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 08 july 2020ЈП „Македонски железници – Инфраструктура“ доби 2,2 милиони евра

    Според податоци на порталот „Open Finance" на Министерството за финансии на Република Северна Македонија, во јуни годинава Министерството за транспорт и врски на земјата обезбеди над 2,2 милиони евра на Јавното претпријатие „Македонски железници - Инфраструктура“. Средствата се заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Во 2012 година, Република Северна Македонија доби заем од 46,2 милиони евра, а во првата половина на 2020 година беа извршени вкупно 6 трансфери за финансирање на изградбата на железничка делница долга 30,8 км, пишува Meta.mk.

  • 06 july 2020Софија е меѓу 20-те најтехнолошки градови во Европа

    Софија беше вклучена во рангирањето за најтехнолошки градови во Европа - Tech Cities of the Future 2020/21, составена од fDi Intelligence и специјализираниот технолошки медиум The Next Web. Бугарската престолнина зазема 20-то место од сите 76 градови вклучени во рангирањето. Софија е присутна и во две од подкласификациите. Во однос на ефикасност на трошоците, градот е рангиран на 7-то место, а во подкласификацијата за стратегија за привлекување на странски инвеститори се класира на 17-то место. Прво место во рангирањето го зазеде Лондон, а потоа следат Париз, Даблин, Амстердам и Берлин.

  • 01 july 2020Србија обезбедува поволни услови за технолошките стартапи

    Во текот на изминатата деценија, голем број технолошки претприемачи стартуваа свои компании во Србија, дозна BalkanEnginner.com от FinancialTimes.com, цитирајќи го Бранко Милутиновиќ, еден од основачите на една од водечките компании за игри на Западен Балкан - Nordeus. Според Милутиновиќ, условите за стартап компаниите во Белград се развиле значително - освен во сферата на игрите, има најразлични сектори и бизнис модели, категоричен е сопственикот на Nordeus. Во технолошкиот сектор во земјата се вработени скоро 75.000 луѓе, покажува статистиката на Евростат.

  • 29 june 2020Раст на приходите од пренос на податоци и пристап до Интернет во Бугарија

    Пазарот на пренос на податоци и пристап до Интернет продолжува да расте во 2019 година. Генерираните приходи се за 12,5% повеќе и изнесуваат над 998 милиони лева, дозна BalkanEngineer.com од проектот на Годишниот извештај на Комисијата за регулирање на комуникациите за 2019 година, анализиран од Комисијата за заштита на конкуренцијата. Во 2019 година претплатниците на фиксен пристап до Интернет се за 5,7% повеќе во однос на 2018 година, а оние на мобилен пристап - за 5,1%. Приходите од услуги за пренос и/или дистрибуција на радио и телевизиски програми, исто така, забележаа раст од 5,1%.

  • 24 june 2020Финансираат романски стартап што ја разви платформата Kfactory

    Финансирање во висина на 215.000 евра ќе добие романски стартап за развој на дигиталната платформа за оптимизирање на продуктивноста во индустријата Kfactory, дозна BalkanEngineer.com од RomanianJournal.ro. Средствата за реализација на проектот се обезбедени од фондот за стартапи Sparking Capital, платформата за групно финансирање SeedBlink и поединци. Kfactory е првата платформа за зголемување на продуктивноста на индустриските машини и операторите, креирана од романска стартап компанија. Техничкото решение се заснова на концептите на Индустриски Интернет на Работите (IIоТ) и машинската обука.

  • 22 june 2020„Булгартрансгаз“ со 2 нарачки за гасоводната врска Бугарија - Србија

    Бугарскиот гасен оператор „Булгартрансгаз“ ЕАД ги објави првите две јавни набавки поврзани со спроведувањето на меѓусистемската гасна врска Бугарија – Србија. Вредноста на првата нарачка изнесува 540 илјади лева без ДДВ и е за изработка на технички проект за интерконекторот на територијата на Бугарија. Крајниот рок за добивање на понуди за учество е 3 јули 2020 година. Втората постапка е за консултант за проектот, кој исто така ќе изврши и градежен надзор. Од „Булгартрансгаз“ ЕАД истакнаа дека неговата проценета вредност е 320.000 лева без ДДВ, а крајниот рок за прифаќање на понудите е 17 јули 2020 година.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 09 july 2020Zijin Mining со инвестиција од 1,26 милијарди долари во Србија

    Српската компанија Zijin Bor Copper, дел од кинеската рударска групација Zijin Mining, ќе инвестира 1,26 милијарди американски долари за поправки и подобрувања во безбедноста и зачувување на животната средина во рударскиот комплекс во град Бор, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com, кој го цитира заменик директорот на Zijin Mining Group Сајмон Линг. Во видео на веб-страницата на српскиот јавен радиодифузен сервис РТС, Линг објави дека во текот на една и пол година Zijin Mining Groupинвестираше вкупно 600 милиони американски долари во српската компанија, и не планира да ги намали своите инвестиции.

  • 07 july 2020Романија гради модерна болница во Букурешт

    До крајот на јули 2020 година, се прифаќаат понудите за изградба на болницата „Saint Vasile cel Mare“ во Букурешката населба „Реон 1“, дозна BalkanEngineer.com од RomaniaInsider.com, што го цитира News.ro. Од кабинетот на регионалниот градоначалник соопштија дека повеќе од 30 меѓународни компании побарале појаснување за постапката. Според градоначалникот на „Реон 1“ Дан Тудораче, болницата, која се проценува на 500 милиони евра ќе биде „најмодерната ургентна болница во Букурешт“. Таа ќе има 1.015 кревети, 37 операциони сали, два хелиодроми, 698 места за паркирање, како и истражувачки и учебни лаборатории и објекти.

  • 02 july 2020Продолжува изградбата на автопатот Кичево-Охрид во Македонија

    Продолжува изградбата на автопатот помеѓу градовите Кичево и Охрид во Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Meta.mk. Претходно, властите во земјата ветија дека оваа година приоритетно ќе ја завршат изградбата на делницата помеѓу селото Врбјани и Охрид. Делницата е долга околу 10 километри и делот е со најинтензивен сообраќај и најголем број несреќи. Во емисија на Слободна ТВ, директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Зоран Китанов истакна дека е завршена постапката за експропријација на земјиштето, како и дека се финализирани околу 80% од ажурирањето на проектите, пишува Meta.mk.

  • 30 june 2020Виз Ер отвори нова база во Романија

    Авиокомпанијата Виз Ер отвори нова база во романскиот град Бакау. Ова е 31-та база на нискобуџетните авиокомпании и во ноември годинава. ќе бидат сместени два авиони Airbus A320 за аеродромот во градот. На територијата на земјата ова е 7-та база на воздухопловната компанија и втора во историската област Молдавија по онаа во град Јаш. Билети за сите нови дестинации веќе можат да се резервираат на wizzair.com, а нивната почетна цена започнува од 89 леи. Новоотворената база на Виз Ер во град Бакау ќе создаде повеќе од 70 работни места во авиокомпанијата, како и многу други во индустрии поврзани со неа.

  • 25 june 2020Србија создава Институт за вештачка интелигенција

    Идејата е дел од мерките во акциониот план за развој на вештачката интелигенција за периодот 2020-2022 година, што беше усвоена порано овој месец од владата на земјата. Планот, пак од своја страна е дел од Стратегијата 2020-2025, која има за цел да ја користи вештачката интелигенција за поддршка на економскиот раст, вработувањето и подобрување на квалитетот на животот. Главните области на развој се образованието, науката и иновациите, економија заснована на вештачка интелигенција и обезбедување на подобри услуги во јавниот сектор засновани врз етичката и безбедна примена на иновативниот технолошки концепт.

  • 23 june 2020Наградија 39 проекти на ученици од од Северна Македонија

    Наградени се вкупно 39 училишни проекти од Северна Македонија во рамките на програмата „Предизвик за млади истражувачи 3“, која се реализира од Фондот за иновации и технолошки развој во соработка со Министерството за образование и наука на Северна Македонија. На прво место се рангираа учениците од ОУ „Страшо Пинџур“ во град Неготино а за најдобар беше прогласен проектот на учениците од гимназијата „Орце Николов“ во град Скопје беше прогласен за најдобар. Програмата има за цел да го охрабри креативното размислување кај децата и да поддржи истражувачки проекти, засновани на научни методи.

Види ги сите »