In English
Израелската компанија за аграрни технологии N2OFF потпиша стратешка спогодба со Solterra Energy за заеднички развој на проекти за обновлива енергија во Албанија, дозна BalkanEngineer.com од соопштение за печатот на компанијата. Според условите на обврзувачкиата спогодба, соработката меѓу двете компании ќе продолжи една година, при што главен фокус ќе биде ставен на сончевата енергија и складирањето на енергија во батерии.

Проектите ќе бидат претставени преку локални партнерства, при што Solterra ќе ги преземе физибилити анализите. Доколку овие анализи дадат позитивни резултати, компанијата ќе ја започне реализацијата на проектите, додека N2OFF ќе го обезбеди финансирањето како преку сопствени средства, така и преку финансиски партнери.
Ова партнерство е дел од пошироките усилби на Албанија за развој на обновливи извори на енергија во контекст на новопотпишаната спогодба со Италија и Обединетите Арапски Емирати за изградбата на подводна електрична врска меѓу Италија и Албанија и за развојот на проекти за обновлива енергија.
N2OFF, која е позната по своите иновации во аграрната технологија, неодамна почна да го проширува своето портфолио со инвестиции во секторите на обновлива енергија. Во соработка со Solterra, која веќе работи на пазарите во Италија, Германија и Полска, N2OFF исто така се стреми да го забрза и развојот на проекти во Албанија кои да го зголемат капацитетот на земјата за генерирање на чиста енергија.

Извор на фотографии: ©Engineer.BG via Canva