ГБС – Прифаб станува првата EPD сертифицирана фабрика за армирано-бетонски елементи на склопување во Бугарија

2024-12-202 мин.

Промени јазик: Albania Romania Serbia

In English

 

Фабриката ГБС – Прифаб, специјализирана за производство на армирано-бетонски елементи на склопување, стана првото претпријатие во Бугарија што доби Еколошка производствена Декларација (EPD) за своите производи, дозна BalkanEngineer.com од соопштението за печатот на компанијата. Таа е дел од големата групација за градежништво и градежна технологија Главболгарстрој.

Сертификатот EPD обезбедува детални информации за еколошкото влијанието на производите во текот на целиот нивен животен циклус - од добивање на суровини до процесите на рециклирање. Преку оваа анализа, која се базира на методологијата за проценка на животниот циклус (LCA), производителите и инвеститорите можат да оценат индикатори како што се јаглеродниот отпечаток, потрошувачката на енергија и вода, како и создавањето на отпад. Тоа е вредна алатка за секој кој сака да ги исполни барањата за сертификација на зелени згради како што се LEED и BREEAM.

 

Фабриката, сместена во близина на град Пазарџик, Бугарија, е опремена со модерни технологии, вклучително градежно - информациско  моделирање (BIM) и дигитални пасоши за секој производ произведен во неа. Секој елемент е означен со уникатен QR код кој овозможува лесен пристап до целосниот технички пасош на производот.

Извор на фотографии: ©Engineer BG via Canva.com