Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Бугарската престолнина се искачува во рангирањето на fDi Magazine

10 september 2021

In Bulgarian  In English  In Romanian  In Serbian

 

Бугарската престолнина ја подобрува својата позиција во годинешното издание на рангирањето на fDi Magazine и TNW „Технолошки градови на иднината 2021 година“, дозна BalkanEngineer.com од Investsofia.com. По анализата на податоци за 76 градови од 31 европски земји, Софија го зазема 19-то место во целокупното рангирање.

 


Во категоријата „Ефикасност на трошоците“, бугарскиот град се искачува во рангирањето до 5-то место. Оваа година, престолнината освои и позиција за „Привлекување на директни странски инвестиции“, рангирана во првите десет. Во одделната категорија „Стратегија за привлекување на странски инвестиции“ Софија ја задржува својата минатогодишна 17-та позиција.


„Економски потенцијал“, „Иновација и атрактивност“ и „Стартап средина“ се категориите во кои бугарската престолнина не зазема позиција. И покрај тоа, Софија е понапред во вкупното рангирање од големите европски градови како што се Кембриџ, Прага и Копенхаген.


Извор на фотографии: BalkanEngineer.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 september 2021Прошетајте меѓу најимпресивните проекти на Wilo ширум светот во 3D средина

    „Можете да ја посетите зоната за индустриски решенија, зоната за опрема за забава или зоната за домашни намени со само еден клик. Повторно, со еден клик ќе добиете информации за одреден производ, неговите технички карактеристики и предности, местото и начинот на монтажа“, објаснија од водечката бугарска компанија. Покрај одделните пумпи и системи за пумпање, корисниците можат брзо и лесно да пристапат до изведените проекти на Wilo низ целиот свет.

  • 09 september 2021Добредојдовте во новата база на Неон.БГ на булевар „Ботевградско Шосе“ во Софија

    Водечката бугарска компанија, специјализирана за изведба на целосен пакет на инженеринг услуги, вклучувајќи дизајн, инженеринг, прототипирање и производство на производи и технички решенија за индустријата – Неон.БГ, го најави проширувањето на своето производство. „Добредојдовте во нашата нова, модерна база, која се наоѓа на бул. „Ботевградско Шосе“ бр. 348 во главниот град“, соопштија од компанијата.

  • 07 september 2021Џанмарко Сантучи од Bulltek: Сакам високиот квалитет што го добиваме од FANUC да биде само за нас

    Машините и роботите на докажаниот јапонски производител FANUC се незаменлив дел од производствените активности на бројни компании ширум светот, а нивниот број постојано расте и во Бугарија. Денес ќе се сретнеме со извршниот директор на пловдивската компанија Bulltek, која произведува метални и пластични детали. Од него дознавме дека тој нема да им го препорача FANUC на своите конкуренти бидејќи го сака најдоброто само за својата компанија.

  • 30 august 2021Систем на Т и Д Инженеринг ја оптимизира потрошувачката на електрична енергија

    Т и Д Инженеринг има долгогодишно искуство во проектирање, имплементација и одржување на системи за балансирање на енергетското оптоварување. „Нашето решение вклучува следење на потрошувачката на енергија во реално време и анализа врз основа на известување за минати периоди, како и известување со користење на податоци добиени од уреди за мерење“, објаснија од компанијата за читателите на BalkanEngineer.com. Во следните редови ќе ве запознаеме со главните карактеристики на системот за балансирање на оптоварување што ги нуди Т и Д Инженеринг.

  • 20 august 2021Филкаб Солар: Инвертори PIKO CI на KOSTAL Solar се оптимално решение за изградба на фотонапонски инсталации

    „Без разлика дали градите фотонапонска електрана за продажба на електрична енергија или систем за сопствена потрошувачка, PIKO CI инвертерите од германскиот производител KOSTAL Solar Electric со право може да се дефинираат како Вашиот оптимален избор. Се нудат со моќност од 30, 50 и 60 kW и имаат вградени комуникациски интерфејси и бесплатен пристап до KOSTAL Solar Portal, кој овозможува флексибилни опции за следење и управување“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма МаккаБ ДООЕЛ – македонската компанија на Филкаб.

  • 13 august 2021Уредите на Liebherr за чување на фармацевтски и лабораториски производи поставуваат стандарди за ефикасност

    Глобалниот тим на секторот за апарати за домаќинство на Liebherr-Appliance ја докажува својата експертиза веќе 67 години, за што сведочи и сигурноста на производите што ги создава. Секторот има долгогодишно искуство и во развој и производство на уреди со примена во областа на науката и здравството. Во такви примени од суштинско значење е правилното и долгорочно складирање на материјалите. На пример, вакцините брзо стануваат неупотребливи ако не се чуваат под условите наведени од производителот.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 21 september 2021Романската TeraPlast Group се здоби со нова производствена линија

    Романскиот производител на ПВЦ профили и полимерни производи TeraPlast Group се здоби со производствена линија за полиетиленска фолија од Brikston Construction Solutions, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Групацијата е единствениот производител на HFFR гранули во Романија. Ново стекнатите активи, кои во моментов се наоѓаат во град Сигисоара, ќе бидат преместени во Насауд во фабриката на фирма Somplast која е дел од TeraPlast Group од крајот на 2020 година и се занимава со производство на флексибилни пакувања. Таму ќе биде префрлено и претпријатието за рециклирање на ПВЦ производи на компанијата.

  • 17 september 2021Бугарскиот AWS снабдувач HeleCloud станува дел од SoftwareONE

    Швајцарскиот снабдувач на софтверски и облачни технолошки решенија SoftwareONE го купи HeleCloud - партнер на платформата за облачни услуги Amazon Web Services. На овој начин компанијата ќе ги прошири своите услуги поврзани со AWS во Европа, Блискиот Исток и Африка. Основан во 2016 година во Велика Британија, HeleCloud е најголемиот независен и единствен AWS системски интегратор и снабдувач на услуги во ЕМЕА, кој работи од три локации - Бугарија, Велика Британија и Холандија. Компанијата нуди консалтинг услуги, софтверска архитектура, инфраструктурен инженеринг и управувани услуги со можности за целосно обезбедување на облачни услуги во платформата AWS.

  • 15 september 2021Србија планира модерен железнички логистички центар во Суботица

    Србија планира да изгради нов модерен железнички логистички центар во град Суботица. Инвестицијата е дел од проектот „Inputrans“, кој земјата го развива во соработка со партнери од Унгарија. „Inputrans“ е прекуграничен проект кој исто така предвидува изградба на брза железничка пруга помеѓу главните градови Белград и Будимпешта. Планираната локација на железничкиот логистички центар во град Суботица е индустриската зона „Mali Bajmok“. Една од главните цели за изградба на логистички центар и инвестирањето во модерна железничка инфраструктура е претворањето на Суботица во важен центар за Европа.

  • 10 september 2021Бугарската престолнина се искачува во рангирањето на fDi Magazine

    Бугарската престолнина ја подобрува својата позиција во годинешното издание на рангирањето на fDi Magazine и TNW „Технолошки градови на иднината 2021 година“, дозна BalkanEngineer.com од Investsofia.com. По анализата на податоци за 76 градови од 31 европски земји, Софија го зазема 19-то место во целокупното рангирање. Во категоријата „Ефикасност на трошоците“, бугарскиот град се искачува во рангирањето до 5-то место. Оваа година, престолнината освои и позиција за „Привлекување на директни странски инвестиции“, рангирана во првите десет.

  • 08 september 2021Се инвестираат повеќе од 1,14 милиони евра во поправка на улиците во Скопје

    Министерот за транспорт и врски на Северна Македонија, Благој Бочварски, соопшти дека повеќе од 30 градоначалници потпишале договори за санација на патната инфраструктура низ целата земја. Инвестициите за поправки на патиштата само во главниот град надминуваат 1,14 милиони евра. Во моментов, се изведуваат градежни активности на улицата „Париска“ во главниот град, средствата за кои се обезбедуваат во рамките на проектот за модернизација на патиштата во Северна Македонија.

  • 02 september 2021Walltopia ќе го изгради својот прв Adventure Hub на бугарскиот брег на Црното Море

    Над 100 бугарски општини аплицираа за изградба на објект за активна забава од компанија Walltopia Првиот финалист за т.н. Adventure Hub е морската престолнина Бургас, дозна BalkanEngineer.com од Forbesbulgaria.com. Објектот ќе биде изграден во Морската градина на Бургас во форма на големо дрво, кое има за цел да обезбеди здрава забава како за деца, така и за возрасни. Комплексот за атракција е најимпресивниот развој на Walltopia и ќе комбинира во себе многу различни активности.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 20 september 2021Leoni отвора нова фабрика вредна 50 милиони евра во Кралево, Србија

    Глобалниот снабдувач на производи, решенија и услуги за управување со енергија и податоци во автомобилскиот сектор Leoni ја отвори својата четврта по големина компанија во Србија. Фабриката се наоѓа во град Кралево, а во нејзината изградба и опрема се инвестирани повеќе од 50 милиони евра. Зградата на претпријатието има површина од повеќе од 60.000 метри квадратни, од кои 45.000 метри квадратни ќе се користат за производствените активности на компанијата. Фабриката на Leoni е првата новоизградена во период од речиси 30 години во регионот на град Кралево.

  • 16 september 2021Јужнокорејски инвеститори сакаат да ја модернизираат ТЕЦ „Mintia во Романија

    Три јужнокорејски компании- AKEDA, Hyunday-Power Systems и BKB, планираат купување и модернизација на термоцентралата „Mintia“ во Романија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Постројката работи на јаглен и има капацитет од 1.285 GW. Група со претставници на компаниите веќе остварила средба со експерти од Министерството за енергетика на Романија на 6 септември. До денес, термоелектраната „Mintia“ е трета по големина во земјата, но е надвор од експлоатација поради немање на дозволи за заштита на животната средина.

  • 14 september 2021Северна Македонија инвестира во фабрика за плазмена гасификација

    Северна Македонија планира да изгради објект за третман на отпад вреден 327 милиони евра. Инсталацијата ќе се наоѓа во град Неготино и ќе го обработува отпадот од домаќинствата од поголемиот дел на земјата. Според зборовите на премиерот Зоран Заев, проектот за изградба на објект за плазмена гасификација добил статус на стратешка инвестиција. Избраната технологија за третман на отпад од домаќинствата нема да испушта штетни емисии во воздухот, при што истовремено ќе генерира природен гас, кој ќе се искористува за производство на електрична енергија. Инвестицијата вклучува и изградба на 22 преносни станици и трафостаници.

  • 09 september 2021Телеком Србија го отвора првиот корпоративен фонд за ризичен капитал

    Српскиот телекомуникациски оператор Телеком Србија започнува со корпоративен фонд за ризичен капитал наменет за инвестиции во високотехнолошки стартапи. Проектот се вика TS Ventures Fund и вреди 25 милиони евра. Ова е првиот корпоративен фонд за ризичен капитал во Србија, кој е создаден по примерот на големи европски и светски компании. Неговите операции ќе се извршуваат целосно независно со професионално управување, а одлуките за инвестирање ќе ги носи комисија составена како од внатрешен тим така и од надворешни независни членови со докажана меѓународна експертиза за инвестирање во разни стартап компании.

  • 03 september 2021Источна Романија со нов висечки мост преку река Дунав во 2022 година

    Еден од најголемите и сложени инфраструктурни проекти во Романија - мостот преку Дунав кај град Браила, ќе биде пуштен во употреба на крајот на 2022 година, дозна BalkanEngineer.com од Romania-insider.com. Кон него ќе бидат изградени и 10 километри нови патишта за поврзување. Изведувач на проектот е италијанско-јапонско заедничко друштво. Висечкиот мост, кој ќе ги поврзува окрузите Браила и Тулча во источна Романија, ќе биде долг 2 километри и висок од речиси 200 метри.

  • 31 august 2021Rompetrol ја обновува својата активност во рафинеријата Petromidia Navodari

    Романската компанија Rompetrol Rafinare планира да ја обнови својата активност во рафинеријата Petromidia Navodari до крајот на септември. Компанијата ја беше прекинала својата активност по експлозијата што се случи на 2 јули оваа година. во единицата за хидро чистење на дизел гориво. Рафинеријата ќе започне работа по испораката на опремата потребна за извршување на поправки и инспекции на единиците погодени од незгодата. Rompetrol планира фазно пуштање во работа на своите производствени единици во режим на работа.

Види ги сите »