Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Вести

Бугарската компанија Оптикс инвестира 20 милиони лева во ново производство во Панаѓуриште

24 may 2023

In Albanian  In Bulgarian  In English  In Romanian  In Serbian

 

Производителот на оптичка опрема Оптикс најави инвестиција од 20 милиони лева за нова база во Панаѓуриште, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Таа ќе помогне да се оптимизираат логистичките трошоци, да се подобри организацијата и производството и да се зголеми ефикасноста на компанијата за најмалку 20%.

 

 

Целото производство на Оптикс ќе биде префрлено во општа зграда со површина од 7.000 метри квадратни, што е во фаза на реновирање. „Нашиот нов инвестициски објект е директно поврзан со долгорочната стратегија на Оптикс за одржлив развој, а целите на компанијата се целокупното оптичко производство од различните технолошки зони да биде собрано на едно место и да биде удвоено во следните 5 години“ коментираат од друштвото. Компанијата се гордее со ниската потрошувачка на енергија за свооето производство, при што само 3% од трошоците одат за електрична енергија.

 

Во последниве години, компанијата од Панаѓуриште го зголеми својот промет за околу 13%. Само минатата година компанијата специјализирана за производство на оптички производи за воени и цивилни намени отвори центар за производство и развој во Пловдив, после инвестиција од 10 милиони лева. Тогаш од компанијата го објавија и отворањето на 100 нови работни места, меѓу кои за инженери во развојна дејност.

 

Извор на фотографии: canva.com 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 19 july 2024SpaceCAD: D600 Pro 2 на CreatBot е FDM 3D печатач од нова генерација со уште повисока продуктивност

    „D600 Pro 2 е најновото дополнување на професионалните 3D печатачи кои користат технологија за печатење FDM од еден од водечките производители со меѓународно влијание, CreatBot. 3D печатачот со широк формат D600 Pro 2 се базира на докажаниот на пазарот како „врвен производ“ D600 Pro. Тој надградува едно децениско искуство во изработка на 3D печатачи со голем формат и професионална класа“, изјавија специјалистите од SpaceCAD за BalkanEngineer.com. Новиот модел се издвојува со усовршен концепт на дизајнот и поголеми технички перспективи - сериозно зголемување на обемот на печатење, поголема продуктивност и брзина на печатење, подобра компатибилност со материјали, поедноставни работни процедури и постабилна работа 24/7.

  • 19 july 2024GreMa 3D го покажа импресивниот свет на 3D технологиите за време на меѓународниот саем Хемус 2024 во Пловдив

    Дури и во екот на летото, докажаната компанија GreMa 3D, која работи во областа на 3D технологиите, продолжува со својата интензивна програма за настани. Нејзиниот тим учествуваше на саемот за одбранбени производи и услуги Хемус 2024, кој се одржа од 5 до 8 јуни во Пловдив, Бугарија. Настанот собра ополномоштени претставници за донесување на одлуки од национални, европски и меѓународни институции и организации, како и компании од одбранбениот сектор и академската заедница. Во контекстот на големиот форум, GreMa 3D го претстави потенцијалот на 3D технологиите и нивната примена. Професионалците ги демонстрираа можностите на селектирана палета на 3D печатачи и скенери, разработени од докажани производители и официјални партнери на компанијата.

  • 18 july 2024Не се сите пумпи создадени еднакви - палетата MAGNA на Grundfos обезбедува висока ефикасност и паметни функции

    MAGNA3 е палета на производи со која докажаниот европски производител на пумпни решенија Grundfos уште еднаш ја „подигна летвата“ на пазарот на циркулациони пумпи. „Не се сите пумпи создадени еднакви! А она што го претвори MAGNA3 во технолошка револуција што се однесува на циркулационите пумпни системи е комбинација од оптимална ефикасност комбинирана со висока интелигенција и навистина комплетен опсег“, коментираа за BalkanEngineer.com од компанијата. Системите за греење, вентилација и климатизација на згради може да кријат голем број „стапици“ - од слаб старт на системите при употреба до висока потрошувачка на енергија, што значи зголемени трошоци за енергија.

  • 17 july 2024KMT Сервиз: Платформата Geolantis.360 овозможува собирање и обработка на податоци за земјоделски проект во Замбија

    Клучот за секој успешен проект се сеопфатните и квалитетни податоци – а тоа е особено важно кога инфраструктурните и индустриските потфати се придружени со висока додадена вредност за локалните заедници. Имено таков е случајот со развојот на голем земјоделски проект во Замбија, зад кој стои австралиската компанија Affiance Group Corp. Целта е добивање на стевија од локални производители, но исто така и социјален развој на реонот. Потребните податоци за проектот се собираат со помош на платформата Geolantis.360, а повеќе за оваа тема раскажаа за BalkanEngineer.com од фирмата КМТ Сервиз.

  • 17 july 2024РАИС: Мултитаскинг дребонгот TMX2000 на TAKISAWA изведува комплет од процеси за обработка на метал со висока продуктивност

    TMX2000 е мултифункционален високопродуктивен дребонг од серијата TMX на докажаниот јапонски производител на машини за обработка на метал со CNC TAKISAWA. „TMX2000 се нуди во две различни варијанти. Првата поседува главно вретено и вретено за стругање и глодање монтиран на B- оската на машината. Дребонгот може дополнително да се надгради и да се опреми наместо со задно седло како стандардна опрема со дополнително десно вретено. Така, операциите на стругање и глодање се остваруваат меѓу две вретена“, коментираа за BalkanEngineer.com од водечката производствена компанија РАИС, која ги нуди решенијата на TAKISAWA.

  • 16 july 2024Маккаб: Палетата на прекинувачи и контакти Valena на Legrand комбинира стил и функционалност за секој ентериер

    Палетата на прекинувачи и контакти Valena на Legrand опфаќа широк спектар на модели. И двете серии Life и Allure комбинираат елеганција и исчистен дизајн, хармонично вклопувајќи се во секоја просторија. „Разновидноста на дизајни ја прави серијата погодна за секој ентериер, било да е тоа за станбени простории и згради или во јавни објекти. А нивните механизми се со висок квалитет и одлични работни карактеристики“, коментираа за BalkanEngineer.com специјалистите од Маккаб кој ги нуди производите на Legrand.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 july 2024BMW Group отвора нов ИТ и софтверски центар во Клуж-Напока, Романија

    BMW Group ја проширува својата глобална мрежа со нов ИТ и софтверски центар во Клуж-Напока, Романија, во соработка со NTT DATA, дозна BalkanEngineer.com од Autozona.bg. Новиот центар BMW TechWorks Romania ќе се фокусира на европски проекти и ќе ја забрза дигиталната трансформација на компанијата. Планот за Технолошкиот центар на BMW во Романија е да се удвои работната сила до 250 развивачи до крајот на годината и да достигне повеќе од 1.000 вработени на долгорочен план. Новата единица станува дел од глобалната ИТ мрежа на брендот, која вклучува локации во Германија, Кина, Португалија, САД и Јужна Африка.

  • 16 july 2024Швајцарската фармацевтска компанија Domaco планира инвестиции во Северна Македонија

    Швајцарската фармацевтска компанија Domaco DHL Natural Hitech покажува сериозен интерес за инвестиции во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. Компанијата е импресионирана од условите што Северна Македонија им ги нуди на странските инвеститори, како и од подготвеноста на локалните власти да соработуваат со странските бизниси. Domaco развива бизнис во многу земји во Европа, Африка и Америка, произведувајќи и дистрибуирајќи прехранбени и фармацевтски производи под различни брендови, вклучително Vitalp drinks, XL Energy, Dr. Doolittle's, Tiki Drink и Belart Confisseur.

  • 15 july 2024Албанскиот енергетски оператор OSSH објави тендери за изградба на две високонапонски трафостаници

    Албанскиот енергетски оператор OSSH објави тендер за изградба на две нови високонапонски трафостаници, при што вкупниот буџет на проектот е приближно 10 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Трафостаниците се дел од напорите на земјата да ја подобри и модернизира електричната мрежа. Првата трафостаница ќе биде изградена во југозападното село Кафараж и ќе чини околу 5,03 милиони евра. Се очекува изградбата да биде завршена во рок од 18 месеци. Објектот ќе игра клучна улога во стабилизирањето на испораката на енергија во регионот.

  • 04 july 2024Северна Македонија ќе инвестира во нов ветерен парк со капацитет од 1 TWh електрична енергија годишно

    Северна Македонија започнува импресивен енергетски проект со изградбата на голем ветерен парк кој ќе биде стратешки сместен помеѓу Карбинци, Штип и Радовиш, дозна BalkanEngineer.com од BalkanGreenNews.com. Инвестицијата беше најавена за време на 7-от Македонски енергетски форум (MEF). Се очекува ветерниот парк да произведува околу 1 TWh електрична енергија годишно, што ќе претставува приближно 20% од вкупното производство на електрична енергија во Северна Македонија. Ова го прави основен проект во напорите на земјата да ги диверзифицира своите енергетски извори и да ја подобри нејзината одржливост.

  • 02 july 2024Романската OMV Petrom инвестира 750 милиони евра во производство на одржливи горива и зелен водород

    OMV Petrom – една од најголемите романски нафтени и гасни групации најави дека планира да инвестира околу 750 милиони евра во изградбата на неколку фабрики за одржливи горива во нејзината рафинерија Petrobrazi, сместенаа во близина на јужниот град Плоешти, дозна BalkanEngineer.com од Capital.bg. Ова ја вклучува изградбата на фабрика за производство на одржливи воздухопловни горива (SAF) и обновлив дизел, како и две фабрики за производство на зелен водород. Погонот за производство на SAF и обновлив дизел ќе бара инвестиција од 560 милиони евра, при што новиот објект ќе му овозможи на OMV Petrom да испорачува околу 250 килотони биогорива годишно, почнувајќи од 2028 година.

  • 28 june 2024Романскиот дистрибутер на електрична енергија и природен гас Delgaz Grid ќе модернизира 44 трафостаници

    Романскиот дистрибутер на електрична енергија и природен гас Delgaz Grid, подружница на германската компанија E.ON, ги објави своите планови за ремонт на 44 трафостаници во шест североисточни окрузи на земјата, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Обемниот проект, проценет на 1,5 милијарди леи (301,4 милиони евра), се очекува да биде завршен до 2030 година, при што ќе ги опфаќа окрузите Бакау, Ботошани, Јаши, Неамц, Сучеава и Васлуи. Планираните активности се фокусирани кон подобрување на опремата за среден и висок напон, надградба на контролни и мерни кола и зголемување на капацитетот на станиците со инсталирање на 70 енергетски трансформатори. Освен тоа, проектот вклучува интеграција и надградба на SCADA системи и инсталирање на фотонапонски панели.

Види ги сите »