Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Оператор на алатни машини

03/18/19 назад
Центромет АД, Метал Технолоџи Групација АД

Конкурирај

  • Бугарија
  • Враца
Оператор на алатни машини

Групацијата технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД ги обединува водечките бугарски фабрики во областа на машиноградбата. Холдингот има потврдени клиенти меѓу најголемите индустриски концерни во Западна Европа.

 

За една од нашите фабрики „ЦЕНТРОМЕТ“ АД – град Враца, бараме амбициозен и одговорен професионалец за работното место:

 

ОПЕРАТОР НА АЛАТНИ МАШИНИ

 

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Варца, на околу 110 километри од Софија, Бугарија, или само на околу 360 километри од Скопје.

 

Место на вработување: Враца

 

Барања:

- Средно техничко образование со соодветна специјалност;

- Професионално искуство за работа со други алатни машини е предност;

- Вештини за читање на цртежи и работа со мерни инструменти;

- Амбициозен и одговорен, со желба за обука и развој;

- Отворен за динамична и разновидна работа;

- Познавање на работа со алатна опрема за сечење на метал.

 

Одговорности:

- Да врши квалитетна обработка на детали со алатни машини;

- Да работи со средства за тековно одржување на опремата и потребните мерни инструменти;

- Да работи со средства за одржување и чистење;

- Да ги почитува дадените рокови и барањата за производите.

 

Ние нудиме:

- Професионална реализација во сериозна и стабилна производствена фирма;

- Одличен надомест и бонуси базирани на постигнати резултати;

- Социјални бенефиции;

- Развој на кариера во голема холдинг структура.

 

Ве молиме аплицирајте директно преку копчето „Аплицирај“ во огласот или пратете го своето CV на е-mail: latanasova@centromet.com, и наведете го работното место за кое аплицирате.

 

Се гарантира доверливост и заштита на личните податоци. Само за кандидатите одобрени според  документи ќе биде закажано интервју.

  • Техничар со средно образование
  • -
  • Полно работно време
  • -

Конкурирај

latanasova@centromet.com

Види ги сите

Фирми

  • Мега Инженеринг ДОО

    Мега Инженеринг ДОО проектира, изработува, имплементира системи и средства за автоматизација на технолошките процеси во претпријатија кои работат во областа на прехранбена, хемиска, биотехнолошка, машинска и инженеринг индустрија. Применува индустриски системи и средства за регулација на температура, притисок, влажност, проток, потрошувачка, ниво и концентрација, системи за дозирање, како и системи за управување од високо ниво.

  • Метал Технолоџи Групација АД

    Групација Технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД е формиран во 1997 година и во неговиот состав влегуваат 3 водечки бугарски леарници: Осам АД во град Ловеч, Алуком АД во град Плевен и Центромет АД во град Враца. Секоја од фабриките на Холдингот има долга историја, докажани традиции и искуство во металуршкиот сектор. Слоганот на фирмата „Една Групација - Многу Можности“ ги претставува обединетите можности и услуги кои ги нудат производствените фабрики на своите клиенти и партнери.

  • Рапид Прогрес ДООЕЛ

    Рапид Прогрес е компанија од Пиринска Македонија, која има активност во областа на индустриските софтверски решенија. Фирмата нуди и имплементира CAD, CAM, CAE, PDM системи и системи за CNC комуникации (DNC и MDC) од водечките програмери. Компанијата е овластен дистрибутер на Dassault Systèmes SolidWorks за територијата на Македонија.

Види ги сите »