Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Конструктор

01/02/19 назад
Осам АД, Метал Технолоџи Групација АД

Конкурирај

  • Бугарија
  • Ловеч
Конструктор

Групацијата технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД ги обединува водечките бугарски фабрики во областа на машиноградбата. Холдингот има потврдени клиенти меѓу најголемите индустриски концерни на европскиот пазар.

 

За една од нашите фабрики  „ОСАМ“ АД - гр. Ловеч, бараме одговорен професионалец за работното место:

 

Конструктор.

 

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Ловеч, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или само на околу 400 километри од Скопје.

 

Барања:

- Високо техничко образование;

- Минимум две години работно искуство и/или стаж на слично работно место во сферата на машиноградбата;

- Познавање на софтверски производи за техничко цртање и дизајн: Siemens NX, Pro Engineer, AutoCAD или др;

- Познавање на различни алатки за анализа и решавање на проблеми како FMEA, 8D, PDCA, PARETO ANALYSIS и други;

- Одговорен, со иновативно размислување, да работи во тим;

- Со желба за обука и развој во областа на машиноградбата;

- Владеење на англиски и/или друг странски јазик е предност.

 

Одговорности:

- Проектира и разработува конструктивна документација за леење, опрема и уреди потребни за производството;

- Учествува во тимови за спроведување на проекти;

- Ги почитува роковите за конструирање и барањата на клиентот;

- Ја формира конструктивната документација;

- Обезбедува соодветност на конструктивните разработки согласно барањата на националните и меѓународните стандарди;

- Врши авторска контрола при разработка, пуштање во работа и корекции на технолошката документација.

 

Ние нудиме:

- Одржување и надградба на професионална обука за стекнување на потребните вештини и компетенции;

- Можност за професионална реализација и кариера во производствена фирма со традиции и богата номенклатура од производни разработки;

- Наградување и бонуси врзани за постигнатите резултати;

- Социјални бенефиции;

- Можност за самостојност и креативност во работатата.

 

Ве молиме аплицирајте директно преку копчето „Аплицирај“ во огласот или пратете го своето CV на е-mail: tpetrova@ossam-bg.com, при што задолжително наведете го работното место за кое аплицирате.

 

Се гарантира доверливост и заштита на личните податоци. Само за кандидатите одобрени според  документи ќе биде закажано интервју.

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • -
  • Полно работно време

Конкурирај

tpetrova@ossam-bg.com

Види ги сите

Фирми

  • Ники ДООЕЛ

    Ники ДООЕЛ е докажан производител на индустриска, комерцијална и дизајн опрема и рекламни полици. Компанијата нуди креативни просторни решенија, индивидуален стил и напредни технологии за прецизно извршување на секој детаљ во различни објекти, вклучувајќи производствени претпријатија, хотели и ресторани.

  • Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

    Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ е филијала на водечкиот германски производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Компанијата се занимава со развој и производство на електроника за системи за климатизација во автомобилскиот сектор. Во групата ВНТС се вработени повеќе од 1700 лица кои работат како во централата во Германија, така и во Бугарија, Кина, Индија, Јапонија, САД и Мексико.

  • Мега Инженеринг ДОО

    Мега Инженеринг ДОО проектира, изработува, имплементира системи и средства за автоматизација на технолошките процеси во претпријатија кои работат во областа на прехранбена, хемиска, биотехнолошка, машинска и инженеринг индустрија. Применува индустриски системи и средства за регулација на температура, притисок, влажност, проток, потрошувачка, ниво и концентрација, системи за дозирање, како и системи за управување од високо ниво.

Види ги сите »