Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / FMEA модератор

04/15/21 назад
Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Пловдив
FMEA модератор
Одделот за апарати за домаќинство на Либхер од 1954 година развива, произведува и продава широк спектар на висококвалитетни фрижидери и замрзнувачи. Ние ги инспирираме нашите клиенти повторно и повторно со нови предности, истовремено надминувајќи ги границите на досега постигнатото. Секогаш чекор напред, денес веќе размислуваме за утре.

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Пловдив, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или на околу 380 километри од Скопје.

Како FMEA модератор кон Оддел за управување со квалитет, ќе бидете дел од светски лидер во производство на опрема за ладење. Рамо до рамо со висококвалификувани специјалисти, ќе придонесете за создавање на уреди од највисока класа за нашите милиони корисници ширум светот. Либхер значи безбедност и стабилност. Станете дел од нашето семејство.

Барања:
  • Високо техничко образование;
  • Знаење и искуство во методот на проценка на ризик - FMEA;
  • Владеење на англиски јазик - пишано и говорно - ниво C1 според европската јазична рамка;
  • Многу добри компјутерски вештини - MS Office;
  • Владеењето на германски јазик е предност;
  • Знаење и искуство во различни, помошни техники за модерирање  и причинско- последичните односи (каузалност) - Ишикава, 5 Зошто, бура на идеи и други е предност;
  • Владеење на алатки/програми за управување со проекти /Jira, MS Projects и други/ е предност;
  • Претходното искуство во планирање/управување со квалитет е предност.

Главни обврски:
  • Планира и модерира анализи за проценка на ризик - FMEA, LiRisk, FVA, LiProb со помош на соодветни техники, како и со употреба на наменски софтвер;
  • Одговара за квалитетот на спроведените анализи во соодветниот рок, како и за нивно пополнување и оценување (квалитативно и квантитативно) во општата листа;
  • Одговара за пренесување на мерките утврдени во анализите до соодветните каталози, како и за нивното следење;
  • Одговара за имплементација во фабриката на ажурирања/иновации за методите за анализа на ризик, како и придружниот софтвер;
  • Учествува во сите активности за планирање на квалитетот во нови проекти за производи.

Ние нудиме:
  • Строго почитување на договорите меѓу страните;
  • Обуки поврзани со подобрување на ефикасноста во извршувањето на работните обврски;
  • Учество во глобални и меѓународни тимови;
  • Здрави и безбедни услови за работа;
  • Внатрешни односи со компанијата засновани на утврдени правила и процедури;
  • Дополнително здравствено осигурување;
  • Социјални придобивки.

Потребни документи:
  • Биографија и мотивационо писмо.

Првичниот избор ќе се одвива според документи. Ќе контактираме само со одобрените кандидати. Ние гарантираме целосна доверливост на Вашата апликација. Обезбедените податоци се лични во смисла на ЗЗЛП и се предмет на посебен режим на заштита.
  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

lhm_jobs@liebherr.com

Види ги сите

Фирми

  • Стам Лтд ДОО

    Стам Лтд е новото име и директен наследник на долгогодишната активност на докажаната бугарска компанија Сторакт БГ. Компанијата е специјализирана за проектирање, испорака, монтажа, сервис и комплетен инженеринг на сите типови магацински системи.

  • Wilo Претставништво Скопје, Македонија

    Wilo Претставништво Скопје е претставништво на меѓународно етаблираната германска компанија Wilo Group - водечки производител на пумпи, пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и дренажа води. Со повеќе од 140-годишна историја компанијата е силно посветена на истражување и развој и во последно време се почесто нуди на пазарот комплетни индивидуални решенија, а не само одделни производи.

  • Рапид Прогрес ДООЕЛ

    Рапид Прогрес е компанија од Пиринска Македонија, која има активност во областа на индустриските софтверски решенија. Фирмата нуди и имплементира CAD, CAM, CAE, PDM системи и системи за CNC комуникации (DNC и MDC) од водечките програмери. Компанијата е овластен дистрибутер на Dassault Systèmes SolidWorks за територијата на Македонија.

Види ги сите »