Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Техничар, електрични машини и апарати

11/18/22 назад
АББ Блгариja ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Стрјама
Техничар, електрични машини и апарати

АББ (ABBN: SIX Swiss Ex) е иновативен технолошки лидер со сеопфатно портфолио за дигиталните индустрии. Продолжувајќи ја својата над 130-годишна историја во иновациите, АББ денес е лидер во дигиталната технологија со четири светски водечки бизниси кои се ориентирани кон клиентите: Снабдување со електрична енергија и електрично опремување, Индустриска автоматизација, Погон и Роботика и дискретна автоматизација, подржувани од вкупната дигитална платформа ABB Ability ™. Водечкиот бизнис Енергетски мрежи на АББ ќе му биде продаден на Hitachi во 2020 година. АББ развива активност во повеќе од 100 земји и има повеќе од 147 000 вработени.

 

Во врска со потребите на нашето производство бараме да вработиме во град Петрич, на околу 170 километри од Софија, Бугарија, или на околу 230 километри од Скопје Техничар, електрични машини и апарати

 

Главни обврски:

  • Поправка на машините и опремата во фабриката;
  • Да врши профилактика на опремата и електричните инсталации на фабриката;
  • Водење на дневниците за отстранување на дефекти;

 

Барања:

  • Завршено техничко образование – електро или механички профил;
  • Искуство во одржување на електрична и/или пневматска инсталација;
  • Знаење од областа на пневматиката и хидрауликата;
  • Знаење на електрични инсталации;
  • Вештина за читање на работни шеми на соодветната опрема;

 

Ние нудиме:

  • Одлични работни услови во динамична средина;
  • Социјални бенефиции;
  • Можност за работа во смени
  • Ако ова е работното место што го барате, Ве молиме испратете ја вашата актуелна автобиографија. 

„АББ Блгарија“ ДООЕЛ, ЕМБС 831133152 е администратор на лични податоци, впишан во Комисија за заштита на личните податоци (КЗЛП) со број на идентификација 29074. При аплицирање за работното место Вие доброволно ги давате вашите лични податоци и ние ќе ги обработиме за следниве цели: селекција на кандидати за ова работно место; избор на кандидати за идните работни места што ќе се јават во текот на следните две години, освен ако експлицитно не го изјавите своето несогласување; поврзување со кандидати во однос на целите на селекција и истражување на пазарот на трудот; потпишување на договор за вработување или друг вид на договор. Личните податоци обезбедени за овие цели ќе се чуваат за период до две години и може да му бидат дадени на АББ Бизнис Сервисис Сп.з.о.о. Полска, во својство на обработувач на личните податоци. Имате право да побарате бришење, корекција или блокирање на личните податоци, ако нивната обработка не им одговара на барањата на постојното законодавство или ги надминува наведените цели.

  • Техничар со средно образование
  • Електроинженер
  • Машински инженер
  • Полно работно време
  • Работа во смени
  • Со работно место

Конкурирај

https://www.jobs.bg/job/5501791

Види ги сите

Фирми

  • Мега Инженеринг ДОО

    Мега Инженеринг ДОО проектира, изработува, имплементира системи и средства за автоматизација на технолошките процеси во претпријатија кои работат во областа на прехранбена, хемиска, биотехнолошка, машинска и инженеринг индустрија. Применува индустриски системи и средства за регулација на температура, притисок, влажност, проток, потрошувачка, ниво и концентрација, системи за дозирање, како и системи за управување од високо ниво.

  • Стам Лтд ДОО

    Стам Лтд е новото име и директен наследник на долгогодишната активност на докажаната бугарска компанија Сторакт БГ. Компанијата е специјализирана за проектирање, испорака, монтажа, сервис и комплетен инженеринг на сите типови магацински системи.

  • КМТ Сервис ДООЕЛ

    КМТ Сервис ДООЕЛ е докажана фирма која се занимава со сервисна поддршка, продажба и обука во областа на апаратурата за лоцирање на оштетувања на подземни комуникации, тестирање, следење и испитување на подземни енергетски траси, трансформаторски станици, водоводни и канализациони мрежи, отворени и затворени водни базени.

Види ги сите »