Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Механичар

11/16/22 назад
ЕТ Мултиинженеринг

Конкурирај

  • Бугарија
  • Софија
Механичар

Веќе 18 години Мултиинженеринг е меѓу лидерите во конструирањето, изработката и имплементацијата на производствени линии, главно за прехранбената и лесната индустрија.

 

Главната активност на фирмата вклучува: - производство на различни видови транспортери, транспортни системи, специјализирани машини и нестандардна технолошка опрема.

 

Фирма Мултиинженеринг бара  Механичар за град Велико Трново (на околу 220 километри од Софија, Бугарија, или на околу 470 километри од Скопје).

 

Главни обврски:

  • Склопување на готови детали според цртеж;
  • Работа со рачни алатки (клучеви со нагодување, шестоаголни клучеви, шрафцигери);
  • Работа со рачни електрични  алати (брусилка, зашрафувач);
  • Работа со мерни инструменти – метро пантлика, шублер.
  • Учество во монтажни активности

 

Барања:

  • Средно техничко образование;
  • Внимание кон детали, умешност, одговорност;
  • Подготвеност за преземање на индивидуални задачи;
  • Вештини за тимска работа.

 

Компанијата нуди обука за работното место.

 

Ако ги исполнувате нашите барања и сте заинтересирани, Ве молиме испратете ја Вашата автобиографија. За интервју ќе ги контактираме само кандидатите кои се одобрени според документи.

  • Техничар со средно образование
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

e-mail: multiengineering@gmail.com;
office@multiengineering-bg.com;

Види ги сите

Фирми

  • Мари Бентц

    Мари Бентц е докажана производствена фирма во областа на индустриската вагарска мерна техника. Компанијата е производител на автомобилски ваги, железничка ваги, кранови ваги, платформски ваги, ваги за определување на цени, лабораториски ваги, давачи за притисок, вагарска електроника, индустриски системи за мерење на тежина, системи за идентификација и комплексни инженеринг решенија во сферата на вагарското мерење.

  • Мега Инженеринг ДОО

    Мега Инженеринг ДОО проектира, изработува, имплементира системи и средства за автоматизација на технолошките процеси во претпријатија кои работат во областа на прехранбена, хемиска, биотехнолошка, машинска и инженеринг индустрија. Применува индустриски системи и средства за регулација на температура, притисок, влажност, проток, потрошувачка, ниво и концентрација, системи за дозирање, како и системи за управување од високо ниво.

  • Ники ДООЕЛ

    Ники ДООЕЛ е докажан производител на индустриска, комерцијална и дизајн опрема и рекламни полици. Компанијата нуди креативни просторни решенија, индивидуален стил и напредни технологии за прецизно извршување на секој детаљ во различни објекти, вклучувајќи производствени претпријатија, хотели и ресторани.

Види ги сите »