Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Специјалист за квалитет на анализа на податоци

08/24/20 назад
Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Пловдив
Специјалист за квалитет на анализа на податоци

Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ е дел од меѓународниот концерн "ЛИБХЕР". Компанијата припаѓа на индустријата за бела техника, која е лидер во секторот.

Од своето основање во 2000 година фирма „ЛИБХЕР - ХАУСГЕРЕТЕ МАРИЦА“ ДООЕЛ инвестира над 220 000 000 лева во своите производствени и логистички центри, во континуирана модернизација и проширување, во развој и зголемување на квалификациите на персоналот.

Супериорниот квалитет и дизајн на нашите производи постојано се потврдуваат од независни институции. Досега компанијата е одликувана 3 пати со наградата „Инвеститор на годината“, а во рамките на наградите Plus X Awards.  „ЛИБХЕР“ постојано е избирана за „Специјализирана трговска марка“. Во нашата фабрика во Пловдив работат повеќе од 1900 вработени. Нашето производството опфаќа широк спектар на фрижидери и фризери со квалитет на светско ниво, за кои имаме пазари и клиенти.

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Пловдив, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или на околу 380 километри од Скопје.

 

Специјалист за квалитет на анализа на податоци

 

Барања:

 

  • Високо образование;
  • Владеење на германски јазик - писмено и усно - ниво В2 според европската јазична рамка;
  • Многу добри компјутерски вештини - MS Office;
  • Добри комуникациски вештини.

 

Предности:

 

  • Претходно искуство во управување со квалитет/анализа на податоци;
  • Владеење на алатки/SPC, Power BI/;
  • Владеење на англиски јазик - писмено и усно - ниво В2 според европската јазична рамка;
  • Техничко образование.

 

Обврски:

 

  • Изработка/анализа на статистики за квалитетот на тековните проекти - детали, единици и уреди, усогласеност и воведување на корективни и превентивни мерки;
  • Изработка и периодично ажурирање на статистики, инструкции, планови за контрола и други документи;
  • Воведување на нови методологии/програми за проверка и контрола на делови, единици и уреди;
  • Учество во нови проекти - изработка и следење на документи, статистики и превентивни мерки од областа на квалитетот;
  • Други задачи од областа на осигурување на квалитетот.

 

Ние нудиме:

 

  • Строго почитување на договорите меѓу страните;
  • Обуки поврзани со подобрување на ефикасноста во исполнување на работните обврски;
  • Здравје и безбедност при работа;
  • Внатрешни односи во компанијата засновани врз утврдени правила и процедури;
  • Дополнително здравствено осигурување;
  • Социјални придобивки.

 

Потребни документи:

 

  • Автобиографија и мотивационо писмо.

 

Почетни одабир ће се обавити на основу докумената. Контактираћемо само одобрене кандидате. Јамчимо потпуну поверљивост ваше пријаве. Наведени подаци су лични у смислу ЗЗЛП-а и подлежу посебном режиму заштите.

  • Високо
  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

lhm_jobs@liebherr.com

Види ги сите

Фирми

  • Мари Бентц

    Мари Бентц е докажана производствена фирма во областа на индустриската вагарска мерна техника. Компанијата е производител на автомобилски ваги, железничка ваги, кранови ваги, платформски ваги, ваги за определување на цени, лабораториски ваги, давачи за притисок, вагарска електроника, индустриски системи за мерење на тежина, системи за идентификација и комплексни инженеринг решенија во сферата на вагарското мерење.

  • Мега Инженеринг ДОО

    Мега Инженеринг ДОО проектира, изработува, имплементира системи и средства за автоматизација на технолошките процеси во претпријатија кои работат во областа на прехранбена, хемиска, биотехнолошка, машинска и инженеринг индустрија. Применува индустриски системи и средства за регулација на температура, притисок, влажност, проток, потрошувачка, ниво и концентрација, системи за дозирање, како и системи за управување од високо ниво.

  • Унисист ДОО

    Унисист ДОО обединува 3 лаборатории - Овластено тело за проценка на сообразност на средства за мерење, Овластена лабораторија за верификација на средства за мерење и Акредитирана лабораторија за калибрација на средства за мерење. Еден од главните стремежи на компанијата е континуирано подобрување на квалитетот на понудените услуги.

Види ги сите »