Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ е дел од меѓународниот концерн "ЛИБХЕР". Компанијата припаѓа на индустријата за бела техника, која е лидер во секторот.
Од своето основање во 2000 година фирма „ЛИБХЕР - ХАУСГЕРЕТЕ МАРИЦА“ ДООЕЛ инвестира над 220 000 000 лева во своите производствени и логистички центри, во континуирана модернизација и проширување, во развој и зголемување на квалификациите на персоналот.
Супериорниот квалитет и дизајн на нашите производи постојано се потврдуваат од независни институции. Досега компанијата е одликувана 3 пати со наградата „Инвеститор на годината“, а во рамките на наградите Plus X Awards. „ЛИБХЕР“ постојано е избирана за „Специјализирана трговска марка“. Во нашата фабрика во Пловдив работат повеќе од 1900 вработени. Нашето производството опфаќа широк спектар на фрижидери и фризери со квалитет на светско ниво, за кои имаме пазари и клиенти.
Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Пловдив, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или на околу 380 километри од Скопје.
Инженер - дизајнер на системи за ладење
Барања:
- Високо техничко образование - од областа на техника за ладење или машиноградба;
- Многу добри компјутерски вештини - MS Office;
- Добро познавање на германски или англиски јазик - минимум В2 во европскиот систем на јазици.
Главни обврски:
- Учествува во развој на технички решенија во рамките на развојни проекти;
- Одговорен за трошоците, квалитетот, роковите и функционалните карактеристики на компоненти, единици и апарати;
- Разработува технолошки системи за ладење што ги исполнуваат барањата на клиентите, домашните и меѓународните стандарди;
- Учествува во работата со различни платформи за апарати;
- Одговара за функционалноста на системот за ладење и интеграцијата на компонентите за ладење во производни проекти или решенија за платформи;
- Учествува во континуираниот процес за подобрување на решенијата за ладење.
Ние ви нудиме:
- Строго почитување на договорите меѓу страните;
- Обуки поврзани со подобрување на ефикасноста при извршување на работните обврски;
- Учество во глобални и меѓународни тимови;
- Здравје и безбедност при работа;
- Внатрешни компаниски односи засновани врз утврдени правила и процедури;
- Дополнително здравствено осигурување;
- Социјални придобивки.
Потребни документи:
Почетни одабир ће се обавити на основу докумената. Контактираћемо само одобрене кандидате. Јамчимо потпуну поверљивост ваше пријаве. Наведени подаци су лични у смислу ЗЗЛП-а и подлежу посебном режиму заштите.