Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Програмер на апликации во оддел Информатички технологии

03/18/20 назад
Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Пловдив
Програмер на апликации во оддел Информатички технологии

„ЛИБХЕР-ХАУСГЕРЕТЕ МАРИЦА“ ДООЕЛ е дел од меѓународниот концерн „ЛИБХЕР“. Компанијата припаѓа на индустријата за бела техника, која е лидер во секторот. Во нашата фабрика во Пловдив работат повеќе од 1900 вработени. Нашето производството опфаќа широк спектар на фрижидери и фризери со квалитет на светско ниво, за кои имаме пазари и клиенти.

 

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Пловдив, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или на околу 380 километри од Скопје.

 

Програмер на апликации во оддел Информатички технологии

 

Барања:

  • Образование – високо во сферата на Софтверско инженерство и Информатички технологии;
  • Владеење на англиски јазик - В2;
  • Искуство во развој на софтвер главно во областа на индустриското производство;
  • Знаење за разработка на софтвер преку C#/.NET, WPF, ASP.NET, HTML, JavaScript, Vue.js, SQL Server;
  • Знаење и искуство во примена на флексибилни методи за управување со софтверски проекти (SCRUM); 
  • Иницијатива за спроведување на иновативни технолошки решенија;
  • Подготвеност за службени патувања во странство.

 

Предности:

  • Владеење на германски јазик.

 

Главни обврски:

  • Изготвува концепти и разработува апликации користејќи ги технологиите C#/.NET, WPF, ASP.NET, HTML, JavaScript, Vue.js, SQL Server;;
  • Учествува активно во процесот за развој на софтвер со методот Scrum;
  • Работи заедно со координативната единица за обезбедување на услуги на специјализираните оддели во рамките на организацијата; 
  • Разработува апликации почитувајќи ги  дефинираните интерфејс рамковни услови во организацијата 

 

Ние ви нудиме:

  • Строго почитување на договорите меѓу страните;
  • Обуки поврзани со подобрување на ефикасноста во исполнувањето на работните обврски;
  • Здрави и безбедни услови при работа;
  • Внатрешни односи во компанијата засновани врз утврдени правила и процедури;
  • Дополнително здравствено осигурување;
  • Социјални придобивки.

 

Потребни документи:

  • Автобиографија и мотивационо писмо.

 

Првичниот избор ќе се одвива според документи. Ќе контактираме само со одобрените кандидати. Ние гарантираме целосна доверливост на Вашата апликација. Обезбедените податоци се лични во смисла на ЗЗЛП и се предмет на посебен режим на заштита.  

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • ИТ специјалист
  • Софтверски инженер
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

lhm_jobs@liebherr.com

Види ги сите

Фирми

  • Мега Инженеринг ДОО

    Мега Инженеринг ДОО проектира, изработува, имплементира системи и средства за автоматизација на технолошките процеси во претпријатија кои работат во областа на прехранбена, хемиска, биотехнолошка, машинска и инженеринг индустрија. Применува индустриски системи и средства за регулација на температура, притисок, влажност, проток, потрошувачка, ниво и концентрација, системи за дозирање, како и системи за управување од високо ниво.

  • ЕТ Мултиинженеринг

    Мултиинженеринг е инженерска фирма која работи во областа на машиноградбата. Таа е специјализирана за конструирање и изработка на транспортни ленти, транспортери и целосни транспортни системи изработени од челик и нерѓосувачки челик.

  • Вени и Ко ДОО

    Основано во 1992 година, друштвото ВЕНИ и Ко е специјализирано за проектирање, производство и реализација на магацински машини и помошни средства кои ја елиминираат или олеснуваат физичката работа при работа во магацини и вршење на активности при утовар - истовар. Во моментот се реализирани над 4400 парчиња магацински машини во Бугарија, Македонија, Србија, Романија и др.

Види ги сите »