Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Раководител на смена – Излезна зона

06/11/19 назад
Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Софија
Раководител на смена – Излезна зона

 

Бер-Хелла Термоконтрол е германска компанија која се занимава со производство и развој на електроника за климатизери за автомобили. На глобално ниво компанијата обезбедува работа на повеќе од 1600 вработени кои работат во Германија, САД, Индија, Кина, Јапонија. Наши клиенти се водечки производители на автомобили во светот. Во 2013 година BНТС влезе и на бугарскиот пазар.

 

За оддел „Логистика“ во Софија (на околу 250 километри од Скопје) бараме: Раководител на смена – Излезна зона 

 

Обврски:

  • Комуницира со Оддел  „Планирање“ преку е мајл и по телефон за статусот на материјалите и испораките;
  • Ги одредува приоритетите при обработка на испораките во зависност од транспорт или достапност;
  • Го одредува редоследот на воведување и послужување на транспортот при рампите;
  • Организира и учествува во утовар на транспортните испораки, ги подготвува и предава потребните документи;
  • Го координира и следи протокот на готови производи од производството кон магацинот а што се потребни за испорака  на клиентите (BMW, Audi, VW, Skoda);
  • Ги познава сите процеси и ако е потребно активно се вклучува во различни активности;
  • Ги распределува задачите на вработените во магацинот;
  • Го подготвува распоредот за работа на вработените во магацинот и следи за неговото почитување;
  • Го спроведува и контролира почитувањето на правилата 5S.

 

Барања:

  • Соодветно образование од техничка, инженерска или економска насока;
  • Искуство во управување со тим и логистички процеси;
  • Познавања на логистички и производствени процеси;
  • Владеење на англиски јазик – писмено и усно е задолжителен услов;
  • Искуство со MS Excel, MS Outlook. Познавање и работа со специјализиран софтвер за магацини;
  • Работа во смени, според распоред.

 

Нашиот предлог:

  • Чиста и безбедна работна средина;
  • Работа во услови на бугарското законодавство;
  • Обезбеден службен превоз;
  • Добар социјален пакет;
  • Доктор на територијата на фабриката;
  • Дополнителни стимулации врз основа на работен стаж во  компанијата;
  • Етички однос и одредени вредности.
  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

antoniya.ivanova@bhtc.com
hrbulgaria@bhtc.com

Види ги сите

Фирми

  • ТП ВАГО Контакттехник ДОО

    ТП ВАГО Контакттехник е застапништво на германската компанија WAGO Kontakttechnik GmbH & Co. KG за територијата на Македонија, како и соседните држави Бугарија, Србија, Босна и Херцеговина, Косово, Албанија и Црна Гора. WAGO е лидер во производството на производи за електротехника, електроника, автоматика, станбена и индустриска автоматизација.

  • Мега Инженеринг ДОО

    Мега Инженеринг ДОО проектира, изработува, имплементира системи и средства за автоматизација на технолошките процеси во претпријатија кои работат во областа на прехранбена, хемиска, биотехнолошка, машинска и инженеринг индустрија. Применува индустриски системи и средства за регулација на температура, притисок, влажност, проток, потрошувачка, ниво и концентрација, системи за дозирање, како и системи за управување од високо ниво.

  • МаккаБ ДООЕЛ

    МаккаБ ДООЕЛ е подружница на водечката, инженеринг и трговска компанија Филкаб АД од Бугарија, која ја застапува дејноста на фирмата на македонскиот пазар. Филкаб е производствена фирма со дејност снабдување, дистрибуција и трговија со: кабелски производи, електрични апарати и средства за автоматизација, електрични апарати за среден напон и многу други.

Види ги сите »