Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Ракувач со алатни машини со ЦПУ управување

06/11/19 назад
Центромет АД, Метал Технолоџи Групација АД

Конкурирај

  • Бугарија
  • Враца
Ракувач со алатни машини со ЦПУ управување

Групацијата технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД ги обединува водечките бугарски фабрики во областа на машиноградбата. Холдингот има потврдени клиенти меѓу најголемите индустриски концерни во Западна Европа.

 

За една од нашите фабрики „ЦЕНТРОМЕТ“ АД- град Враца на околу 110 километри од Софија, Бугарија, или само на околу 360 километри од Скопје, бараме амбициозен и одговорен професионалец за работното место Ракувач со алатни машини.

 

Барања:

  • Средно техничко образование со соодветна специјалност;
  • Предност е професионално искуство за работа со други алатни машини;
  • Вештини за читање на цртежи и работа со мерни инструменти;
  • Амбициозен, одговорен,со желба за обука и развој;
  • Отворен за динамична и разновидна работа;
  • Познавање на работа со алатна опрема за сечење на метал.

 

Одговорности:

  • Квалитетна обработка на детали со алатни машини;
  • Работи со средства за тековно одржување на опремата и потребните мерни инструменти;
  • Периодично учество во обука за подобрување на квалификацијата;
  • Работа со средства за одржување и чистење;
  • Ги почитува определените рокови и барањата за производите.

 

Ние нудиме:

  • Професионална реализација во сериозна и стабилна производствена компанија;
  • Одлична плата и бонуси сврзани со постигнатите резултати;
  • Социјални придобивки;
  • Развој на кариера во голема холдинг структура.

 

Ве молиме испраќајте CV каде што сте ги опишале Вашето професионално искуство и достигнувања. Кандидатите одобрени според документи ќе бидат поканети на интервју.

  • Техничар со средно образование
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

latanasova@centromet.com

Види ги сите

Фирми

  • Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ

    Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ е дел од меѓународниот концерн Liebherr. Фирмата му припаѓа на насокатаза бела техника, што е лидер во секторот. Од своето основање во 2000 година Либхер-Хаусгерете Марица ДООЕЛ инвестира над 220 000 000 лева во своите производствени и логистички површини, во континуирана модернизација и проширување, во развој и зголемување на квалификациите на персоналот.

  • Мелексис Бугарија ДООЕЛ

    Мелексис Бугарија е дел од структурата на светскиот лидер во развојот и производството на микроелектронски компоненти за индустријата и автомобилската индустрија Melexis. Глобалната фирма е присутна во 12 земји во светот – Бугарија, Белгија, Германија, Украина, САД, Италија, Франција, Швајцарија, Кина, Јапонија, Филипини, Малезија.

  • Мари Бентц

    Мари Бентц е докажана производствена фирма во областа на индустриската вагарска мерна техника. Компанијата е производител на автомобилски ваги, железничка ваги, кранови ваги, платформски ваги, ваги за определување на цени, лабораториски ваги, давачи за притисок, вагарска електроника, индустриски системи за мерење на тежина, системи за идентификација и комплексни инженеринг решенија во сферата на вагарското мерење.

Види ги сите »