Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Технолог

03/16/19 назад
Осам АД, Метал Технолоџи Групација АД

Конкурирај

  • Бугарија
  • Ловеч
Технолог

Групацијата технологија на металите - Ангел Балевски Холдинг АД ги обединува водечките бугарски фабрики во областа на машиноградбата. Холдингот има потврдени клиенти меѓу најголемите индустриски концерни на европскиот пазар.

 

За една од нашите фабрики „ОСАМ“ АД – град Ловеч, бараме амбициозен и одговорен професионалец за работното место:

 

Технолог

 

Производствената база и канцеларија се наоѓаат во град Ловеч, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или само на околу 400 километри од Скопје.

 

Барања:

- Искуство во разработката на технолошка документација за воведување на нови производи, усовршување на технолошкото ниво;

- Високо техничко образование од областа на машиноградбата или лиењето на метали;

- Владеење на софтверски производ - предност;

- Користење на англиски или германски на работно ниво - предност;

- Добра компјутерска писменост;

- Познавање на различни методи на леење, изработка на леарски калапи, машинска обработка на детали од леано железо;

- Вештини за изработка на технолошки мапи, инструкции и норми за трошоци, анализирање и заклучоци;

- Вештини за справување со појавени проблеми во кратки рокови;

- Иновативно и конструктивно размислување - предност.

 

Нашиот предлог:

- Работа во динамична средина;

- Обука за надградба на квалификацијата и развивање на вештини;

- Добар надомест;

- Социјален пакет - транспорт, ваучери за храна, партиципација за ручек во работните денови, итн.

 

Ве молиме аплицирајте директно преку копчето „Аплицирај“ во огласот или пратете го своето CV на е-mail: tpetrova@ossam-bg.com, при што задолжително наведете го работното место за кое аплицирате.

 

Се гарантира доверливост и заштита на личните податоци. Само за кандидатите одобрени според  документи ќе биде закажано интервју.

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • Машински инженер
  • Полно работно време

Конкурирај

tpetrova@ossam-bg.com

Види ги сите

Фирми

  • Ники ДООЕЛ

    Ники ДООЕЛ е докажан производител на индустриска, комерцијална и дизајн опрема и рекламни полици. Компанијата нуди креативни просторни решенија, индивидуален стил и напредни технологии за прецизно извршување на секој детаљ во различни објекти, вклучувајќи производствени претпријатија, хотели и ресторани.

  • Лазатек ДООЕЛ

    Лазатек ДООЕЛ е друштво со дејност ремонт и модернизација на алатни машини со CNC, имплементација на технологии за обработка на детали на алатни машини со CNC, гарантно и пост - гарантно сервисирање, испорака на нови алатни машини и опрема. Фирмата поседува долгогодишно искуство и докажани традиции во областа на сервисната дејност. До овој момент таа извршила и се уште врши ремонт, модернизација и сервисирање на стотици машини, како на македонски, така и на странски клиенти.

  • Wilo Претставништво Скопје, Македонија

    Wilo Претставништво Скопје е претставништво на меѓународно етаблираната германска компанија Wilo Group - водечки производител на пумпи, пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и дренажа води. Со повеќе од 140-годишна историја компанијата е силно посветена на истражување и развој и во последно време се почесто нуди на пазарот комплетни индивидуални решенија, а не само одделни производи.

Види ги сите »