Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Инженер за тестирање

04/22/19 назад
АББ Блгариja ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугариjа
  • Севлиево
Инженер за тестирање

АББ (ABBN: SIX Swiss Ex) е иновативен технолошки лидер во областа на производите за напојување со електрична енергија и електрична опрема, роботика и погони, индустриска автоматизација и енергетски мрежи, кои послужуваат комунални, индустриски, транспортни и инфраструктурни клиенти низ целиот свет. 

Со повеќе од 125 години историја на иновации, AББ денес ја пишува иднината на индустриската дигитализација и ги движи Енергетската и Четвртата индустриска револуција. АББ работи во повеќе од 100 земји со околу 132.000 вработени.

 

Во врска со потребите на нашето производство во град Севлиево, на околу 180 километри од Софија, Бугарија, или на околу 430 километри од Скопје, сакаме да вработиме Инженер за тестирање.

 

Обврски:

  • Добро познавање на техничката документација на производите и документацијата поврзана со контрола и тестирање;
  • Спроведување на 100% функционален тест на производот;
  • Ги познава и работи со сите потребни мерни инструменти и уреди;
  • Познавање на достапната опрема за тестирање, инструкциите и стандардите за тестирање;
  • Постојано подобрување на процесот за тестирање на производите.

 

Барања: 

  • Високо техничко образование - електро профил;
  • Добро ниво на англиски јазик ќе се смета за предност;
  • Искуството и практиката во високонапонските системи (материјали, изградба и одржување на дистрибутивните системи) ќе се сметаат за предност;
  • Исполнителност и одговорност;
  • Внимание за деталите;
  • Вештина за тимска работа.

 

Компанијата нуди:

  • Работа во етаблирана меѓународна компанија;
  • Организиран превоз до работното место;
  • Добра плата и социјален пакет.

 

Обезбедените податоци се лични во смисла на Законот за заштита на личните податоци (ЗЗЛП) и се предмет на посебен режим на заштита.

  • Дипломиран инженер
  • Инженер-магистер
  • Електроинженер
  • Инженер за електроника
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

bg-careers@abb.com

Види ги сите

Фирми

  • ФАНУК Бугарија ДООЕЛ

    ФАНУК Бугарија ДООЕЛ е подружница на FANUC Europe Corp, дел од структурата на јапонскиот лидер во областа на индустриската автоматизација и роботизацијата. Канцеларијата на фирмата во Бугарија е централа на FANUC за Југоисточна Европа и ги опслужува земјите од регионот, вклучително Бугарија, Грција, Македонија, Албанија и Кипар.

  • Шети Бугарија ДООЕЛ

    Шети Бугарија ДООЕЛ е компанија, специјализирана во изработката на единични или комплексни производи од метал. Таа е докажан производител на шарки и механизми за мебел и бела техника, кој тесно соработува со компании во областа на електроиндустријата, машиноградбата, индустријата за мебел, како и во областа на апаратите за домаќинство.

  • Вени и Ко ДОО

    Основано во 1992 година, друштвото ВЕНИ и Ко е специјализирано за проектирање, производство и реализација на магацински машини и помошни средства кои ја елиминираат или олеснуваат физичката работа при работа во магацини и вршење на активности при утовар - истовар. Во моментот се реализирани над 4400 парчиња магацински машини во Бугарија, Македонија, Србија, Романија и др.

Види ги сите »