Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Нуди работа / Машински оператор

04/22/19 назад
АББ Блгариja ДООЕЛ

Конкурирај

  • Бугарија
  • Пловдив
Машински оператор.

АББ (ABBN: SIX Swiss Ex) е иновативен технолошки лидер во областа на производите за напојување со електрична енергија и електрична опрема, роботика и погони, индустриска автоматизација и енергетски мрежи, кои послужуваат комунални, индустриски, транспортни и инфраструктурни клиенти низ целиот свет. Продолжувајќи ја својата над 130-годишна историја во иновациите, АББ денес ја пишува иднината на индустриската дигитализацијата со два предлози со јасна вредност: доведување на електрична енергија од било која електрична централа до било кој електричен штекер, и автоматизирање на сите индустриски гранки од природни ресурси до готови производи. Во својство на главен партнер на Формула Е, целосно електричната меѓународна класа на моторни спортови на FIA, АББ продолжува да ги турка границите на електричната мобилност надвор од можното, придонесувајќи за поодржлива иднина. АББ работи во повеќе од 100 земји и вработува околу 147.000 вработени.

 

Во врска со потребите на нашето производство во град Пловдив, на околу 150 километри од Софија, Бугарија, или на околу 380 километри од Скопје, ние сакаме да вработиме: Машински оператор.

 

Главни обврски:

  • Ја подготвува за работа, штелува, проверува и работи со машината;
  • Ги прима и ја полни машината со потребните помошни материјали;
  • Следи за дефекти на машината и за квалитетот на готовите производи;
  • Го почитува методот и редоследот на работата опишани во упатствата за работа;
  • Следи за правилното работење и експлоатација на машините според техничките барања;
  • Прави извештај за отстранетите дефекти на машините;
  • Следи за достапноста на резервни делови, алатки и друг потрошен материјал;
  • Го почитува воспоставениот ред и барања за безбедност и здравје при работа.

 

Барања:

  • Средно образование;
  • Искуство од слично работно место ќе се смета за предност;
  • Можност за работа во смени;
  • Исполнителност и одговорност;
  • Умешност и способност за набљудување;
  • Вештина за работа во колектив.

 

Компанијата нуди:

  • Одлични работни услови во динамична средина;
  • Работат во млад и енергичен тим;
  • Мотивирана плата и социјални бенефиции;
  • Организиран превоз до работното место;
  • Обезбедени медицински услуги на самото место;
  • Можности за развој во меѓународна компанија.

 

Ако ова е работното место што го барате и ги исполнувате условите, Ве молиме испратете ја вашата актуелна автобиографија. Само кандидати одобрени од документи ќе бидат поканети на интервју.

 

„АББ Блгарија“ ДООЕЛ, ЕМБС 831133152 е администратор на лични податоци, впишан во Комисија за заштита на личните податоци (КЗЛП) со број на идентификација 29074. При аплицирање за работното место Вие доброволно ги давате вашите лични податоци и ние ќе ги обработиме за следниве цели: селекција на кандидати за ова работно место; избор на кандидати за идните работни места што ќе се јават во текот на следните две години, освен ако експлицитно не го изјавите своето несогласување; поврзување со кандидати во однос на целите на селекција и истражување на пазарот на трудот; потпишување на договор за вработување или друг вид на договор. Личните податоци обезбедени за овие цели ќе се чуваат за период до две години и може да му бидат дадени на АББ Бизнис Сервисис Сп.з.о.о. Полска, во својство на обработувач на личните податоци. Имате право да побарате бришење, корекција или блокирање на личните податоци, ако нивната обработка не им одговара на барањата на постојното законодавство или ги надминува наведените цели.

  • Техничар со средно образование
  • -
  • Полно работно време
  • Со работно место

Конкурирај

bg-careers@abb.com

Види ги сите

Фирми

  • СолТех ДООЕЛ

    СолТех е водечки снабдувач на Балканот, кој нуди комплексни решенија – од проектирањето, низ инструментално екипирање и инструментите, до производството на детали и јазли. СолТех е официјален претставник на HOFFMANN GROUP – водечката европска компанија за висококвалитетни инструменти со своите брендови Garant и Holex. Покрај нив се нудат производите на над 500 од водечките производители во светот.

  • Мегер Бугарија ДООЕЛ

    Мегер Бугарија ДООЕЛ е подружница на светски докажаниот производител на контролн – мерни инструменти во областа на енергетиката, телекомуникациите и секторот на водовод и канализација- Megger Group. Компанијата е наследник на Себа КМТ Бугарија откако компанијата и се приклучи на групацијата Megger.

  • ФАНУК Бугарија ДООЕЛ

    ФАНУК Бугарија ДООЕЛ е подружница на FANUC Europe Corp, дел од структурата на јапонскиот лидер во областа на индустриската автоматизација и роботизацијата. Канцеларијата на фирмата во Бугарија е централа на FANUC за Југоисточна Европа и ги опслужува земјите од регионот, вклучително Бугарија, Грција, Македонија, Албанија и Кипар.

Види ги сите »