Грејт Мастер ДООЕЛ е инженеринг и производствена компанија основана во 2006 година и специјализирана за производство на нестандардна опрема од мали серии, иновативни производи, изградба на објекти и инсталации, обезбедување на превентивно или планирано одржување, проектирање и печатење на 3D модели со FDM/FFF и DLP/LCD технологија. Од 2014 година, компанијата прифати ново маркетиншко име - GreMa 3D и го проширува опсегот на својата дејност со увоз и трговија на 3D решенија и технологии од водечки производители.
Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ е филијала на водечкиот германски производител Behr-Hella Thermocontrol (BHTC). Компанијата се занимава со развој и производство на електроника за системи за климатизација во автомобилскиот сектор. Во групата ВНТС се вработени повеќе од 1700 лица кои работат како во централата во Германија, така и во Бугарија, Кина, Индија, Јапонија, САД и Мексико.
Wilo Претставништво Скопје е претставништво на меѓународно етаблираната германска компанија Wilo Group - водечки производител на пумпи, пумпни системи за греење, климатизација, водоснабдување, отпадни и дренажа води. Со повеќе од 140-годишна историја компанијата е силно посветена на истражување и развој и во последно време се почесто нуди на пазарот комплетни индивидуални решенија, а не само одделни производи.