Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Wpd гради ветерна електрана во Северна Македонија

10 june 2021

In Bulgarian  In English  In Romanian  In Serbian

 

Германската компанија Wpd ќе инвестира 500 милиони евра во изградба на ветерен парк меѓу Куманово, Старо Нагоричане и Крива Паланка во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Balkan Green Energy News. Според планот, објектот ќе има моќност од 400 MW.

 

 

Премиерот на Сверна Македонија, Зоран Заев, посочи дека компанијата доставила апликација за воспоставување стратешко инвестициско партнерство. Предвидено е проектот за ветерниот парк да се реализира без државна помош.

 

Wpd е присутна во регионот преку својата подружница Wpd Adria. Компанијата поседува четири ветерни електрани во Хрватска и го разработува проектот Брајичи во Црна Гора. Освен тоа планира инвестиции во Хрватска и Босна и Херцеговина.

 

Извор на фотографии: freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 11 june 2021Од што има потреба паметната кујна? Погледнете ја понудата на Liebherr и можностите за кариера во Бугарија

    Денес, кога поголемиот дел од времето го поминуваме дома, многумина од нас ја претворија својата кујна во еден вид лабораторија, каде што го провоцираат и развиваат својот кулинарски талент или едноставно уживаат во омилените јадења. Без оглед во која од двете групи спаѓаме, не можеме да ја игнорираме важноста на свежите прехранбени производи. И ова е токму она што го гарантираат решенијата на етаблираниот германски производител на техника за ладење Liebherr.

  • 07 june 2021Дали барате доверлив партнер за сечење и гравирање на текстил, МДФ, шпер плоча? Имајте доверба во Неон.БГ!

    „Во производството на текстилни ткаенини се применуваат различни видови обработки, со кои се менуваат нивните физичко-хемиски својства“, раскажаа од тимот на Неон БГ. Шпер плочата е една од најшироко распространетите видови дрвен материјал на слоеви. Се добива од повеќе слоеви на фурнир или „блинд 3“ или повеќе листови (слоеви), завртени за 90° и залепени едни на други со фенолни или меланински лепила, што им дава дополнителна цврстина на плочите.

  • 03 june 2021Филкаб - како се создава универзум со решенија од областа на електричните инсталации и енергетиката

    Фирмата Филкаб е една од водечките компании за производство, инженерство и трговија во областа на електрична опрема, осветлување и средства за автоматизација во Бугарија. „Ние нудиме целосни решенија, компетентни консултации, квалитетна услуга и специјализиран сервис. Нашите инженерски услуги успешно се применуваат во сектори како што се енергетика, градежништво, комуникации и соопштувања“, споделија од МаккаБ ДООЕЛ, дел од бугарската компанија Филкаб, за читателите на BalkanEngineer.com.

  • 19 may 2021Инженеринг на системи за енергетски менаџмент и реконструкција на трафостаници со докажани услуги на Т и Д

    Т и Д Инженеринг е докажана бугарска инженеринг компанија, чија активност е концентрирана во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. Компанијата реализира задачи во различни области на проектирањето, производството и услугите. „Една од областите во кои се развиваме со години и имаме бројни успешно завршени проекти е имплементација на целосен инженеринг на комплетни системи за енергетски менаџмент и реконструкција на трафостаници“, информираа од компанијата за BalkanEngineer.com.

  • 29 april 2021Теси се вклучи со сопствена програма во живо од Софија во изданија оваа година на саемите ISH Digital и MCE Milano

    Два од најголемите саеми во светот од областа на инсталации во згради, инфраструктура и енергетска ефикасност се одржаа целосно онлајн оваа година, поради состојбата со распространувањето на COVID-19. Сепак, ова не ги направи помалку интересни. ISH Digital 2021 и Mostra Convegno Expocomfort 2021 го привлекоа вниманието на специјалисти од целиот свет со нивните уникатни дигитални програми. Учесник во нив беше и докажаниот бугарски производител на бојлери и апарати за домаќинства Теси.

  • 26 april 2021Системи за дојава на пожар на Телетек Електроникс гарантираат заштита на 125 објекти на банка Пиреос во Грција

    „И покрај сериозната конкуренција од многу етаблирани меѓународни производители на опрема за дојава на пожар, Телетек Електроникс успеа да го добие менаџментот на финансиската институција со своите сигурни и докажани решенија со оптимални технички параметри, гарантна услуга и не на последно место, со сериозни препораки од многуте реализирани од нас проекти“, објаснија од компанијата. Почетокот на проектот беше даден уште во 2019 година и досега тој опфаќа веќе 125 гранки на Пиреос, лоцирани на територијата на Северна Грција.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 14 june 2021Романските автомобили Dacia влегуваат на австралискиот пазар

    Романските автомобили Dacia сега ќе се продаваат и во Австралија од страна на локалниот увозник на Renault Ateco Group, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Директорот на Ateco Group - Невил Крајтон изјави дека во моментов преговара со Dacia во врска со деталите. Моделите на Dacia Sandero и Sandero Stepway би можеле да бидат најпродаваните возила на романската марка во Австралија, заедно со компактниот кросовер Duster и пикапот Oroch, кој се продава под марката на Renault. Марката Dacia е создадена во 1966 година, кога беше потпишан договор за лиценцирање со Renault а во 1999 година стана бренд на Groupe Renault.

  • 09 june 2021Инвеститори заинтересирани за индустриско-хемискиот парк во Србија

    Првиот индустриско-хемиски парк во Србија - Прахово, веќе го привлекува вниманието на голем број инвеститори, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Потпретседателот на земјоделската компанија Elixir Group - Владимир Тодоровиќ, истакна дека паркот е одлична можност за иднината и развојот на Источна Србија. Во 2020 година, производството на хемикалии и хемиски производи се зголеми за 5,9% во споредба со 2019 година. Заедно со ова, производството на пестициди и хемикалии за земјоделството, вклучително и биоцидни производи за дезинфекција, исто така, забележа значителен пораст.

  • 07 june 2021А1 Бугарија и Acronis стартуваа центар за облачни податоци

    Телекомот А1 Бугарија и глобалниот лидер во сајбер безбедноста Acronis најавија лансирање на Acronis Cloud Data Center во Софија, дозна BalkanEngineer.com од изјавата на бугарскиот телеком. Acronis го избра центарот за податоци на А1 за ко-лоцирање на неговиот најнов центар за облачни податоци заради неговата одлична геолокација и репутацијата на А1 Бугарија како доверлив партнер и водечки давател на телекомуникациски и ICT услуги во Бугарија. Со новиот центар за податоци во Софија, давателите на услуги во Бугарија ќе можат да складираат податоци што се критични за бизнисот, за нивните клиенти локално на територијата на земјата.

  • 02 june 2021Engie Romania се стекна со нов фотоволтаичен парк

    Engie Romania - романска подружница на француската групација за комунални услуги и најголемиот дистрибутер и снабдувач на природен гас на локалниот пазар, објави дека купил уште еден оперативен фотоволтаичен парк со вкупен инсталиран капацитет од 5,46 MWp. Фотоволтаичниот парк се наоѓа во јужниот дел на Романија, во село Ненчиулеши во округот Телеорман. Беше пуштен во употреба во 2014 година и оттогаш произведе околу 42 Gwh електрична енергија, што е еквивалентно на годишната потрошувачка на 25.000 домаќинства. Претходно паркот беше во сопственост на двајца германски инвеститори.

  • 31 may 2021Стартуваат железнички проекти за над 930 милиони лева во Бугарија

    Започна изградбата на железнички проекти во вредност од над 930 милиони лева во Бугарија. Ова го изјави заменик-министерот за транспорт, информатичка технологија и комуникации Нели Андреева. Дел од проектите е модернизацијата на железничките делници Оризово-Михајлово и Елин Пелин-Вакарел. Покрај тоа, ќе се градат сигнални и телекомуникациски системи на железничката пруга Пловдив-Бургас. За неколку дена се очекува реконструкција на комплексот железничка станица Нова Загора. Исплатените средства во рамките на Оперативна програма „Транспорт и транспортна инфраструктура“ 2014-2020 година се околу 2 милијарди лева.

  • 27 may 2021BA Glass Group инвестира околу 600 милиони лева во Бугарија

    Португалскиот производител на стаклена амбалажа BA Glass Group ќе инвестира околу 600 милиони лева за надградба на своето производство во Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од Capital.bg. Целта на програмата е компанијата да има скоро двојно поголем капацитет на крајот од инвестицискиот циклус во Бугарија. Според извршниот директор на компанијата - Сандра Сантуш, во фабриката во Софија во моментов се гради втора печка, благодарение на што ќе се отворат околу 110 работни места. Компанијата веќе започна со регрутирање и вработување на вработени, бидејќи некои од работните места бараат долга обука. Печката треба да биде готова во 2022 година.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 10 june 2021Wpd гради ветерна електрана во Северна Македонија

    Германската компанија Wpd ќе инвестира 500 милиони евра во изградба на ветерен парк меѓу Куманово, Старо Нагоричане и Крива Паланка во Северна Македонија. Според планот, објектот ќе има моќност од 400 MW. Премиерот на Сверна Македонија, Зоран Заев, посочи дека компанијата доставила апликација за воспоставување стратешко инвестициско партнерство. Предвидено е проектот за ветерниот парк да се реализира без државна помош. Wpd е присутна во регионот преку својата подружница Wpd Adria. Компанијата поседува четири ветерни електрани во Хрватска и го разработува проектот Брајичи во Црна Гора.

  • 08 june 2021Стартува аплицирањето за UiPath Automation Awards 2021

    Романските ИТ компании, како и други од Источна и Централна Европа и Турција, имаат можност да аплицираат за наградите UiPath Automation Awards 2021. Наградите ќе бидат доделени во две категории: почетни компании (Start-up) и компании во проширување (Scale-up). Наградата за стартап е 50 000 евра. Наградената компанија во категорија Scale-up ќе има пристап до првиот романски софтвер за база на податоци за автоматизација и ќе може да го претстави своето решение пред четворица клиенти на UiPath. Покрај тоа, технологијата на победникот ќе биде претставена во UiPath Immersion Labs.

  • 03 june 2021Србија потпиша договор за нов интерконектор

    Српската влада потпиша договор со Европската инвестициска банка (ЕИБ) за финансирање на изградбата на гасниот интерконектор Ниш-Димитровград-Бугарија. Делницата од Ниш до Софија има вкупна должина од 176 км, а гасоводот, со капацитет од 1,8 милијарди кубни метри годишно, ќе биде со должина од 109 км. Гасниот интерконектор меѓу Србија и Бугарија значи гасна стабилност за земјата. Се очекува владата во Белград да донесе важни одлуки во врска со енергетската транзиција и повеќе да се фокусира на чисти извори на енергија и изградба на електрани за гас и обновливи извори.

  • 01 june 2021Алкалоид отвори нов производствен капацитет во Скопје

    Производителот на фармацевтски производи Алкалоид отвори капацитет за производство и пакување на влажни марамчиња Бекутан во својата фабрика во Скопје, Северна Македонија. Инвестицијата изнесува 4 милиони евра. Опремата за производство е набавена од добавувачи во Хрватска и Турција. Зафаќа површина од околу 3200 метри квадратни. Претходно, просторот служеше како магацин. Новата линија има производствен капацитет од 120 единици во минута, како и максимален годишен капацитет од 50 милиони пакувања. Бекутан е водечка марка во областа на грижа за бебињата на локалниот пазар и е присутна во 25 земји.

  • 28 may 2021Норвешката компанија NBT со интерес за инвестиции во Србија

    Норвешката компанија NBT која има искуство со проекти за ветерни паркови во Украина и Кина, покажува зголемен интерес за инвестиции во Србија, дозна BalkanEngineer.com од eKapija. Српската министерка за енергетика Зорана Михајловиќ изјави дека NBT веќе се приклучила на проектите за ветерни паркови, иницирани од компанијата, специјализирана за управување со проекти за обновлива енергија Windvision. Министерот потсети дека Србија усвоила нова законска рамка во областа на енергетиката, вклучувајќи го и првиот специјален закон за употреба на обновливи извори на енергија.

  • 26 may 2021Американска софтверска компанија отвора R&D центар во Романија

    Американската компанија за инженеринг и консултации за софтверски производи Coherent Solutions објави дека отвора центар за истражување и развој (R&D) во Букурешт, Романија. Компанијата си постави цел да ангажира 30 нови експерти до крајот на 2021 година. Според зборовите на генералниот менаџер на Coherent Solutions Романија - Алина Чандру, компанијата планира да изгради силен тим од 150 професионалци до 2023 година, како и да истражува што е можно повеќе во областа на новите технологии. Coherent Solutions е компанија за инженеринг и консултантски услуги за софтверски производи.

Види ги сите »