Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Mineco Limited отвора нов рудник во Србија

27 october 2020

In Bulgarian   In Englsih   In Romanian   In Serbian

 

Британската компанија Mineco Limited планира да отвори нов рудник за олово и цинк на територијата на Општина Рашка, Србија, откако ја купи српската рударска компанија Vavrina Resources Ltd., дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com.

 

 

Со ова, компанијата го спроведува својот долгорочен план за развој во Југоисточна Европа, каде што во моментов поседува пет активни рудници за обоени метали. Три од нив се наоѓаат во Србија и два се во Босна и Херцеговина.

 

Претходно, земјиштето за идното производство на цинкова, оловна руда и концентрат беше купено од Vavrina Resources во процесот на ликвидација на поранешниот рудник Сува Руда.

 

Директорот на Mineco Limited, Бојан Поповиќ, изјави дека заедно со своите партнери, британската компанија ќе ја изгради потребната инфраструктура и фабрика за преработка на руда во концентрати за извоз до крајните клиенти од целиот свет.

 

Извор на фотографии: freepik.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 20 november 2020Побрза реакција со Оbserver - решение за управување на системи за известување во случај на пожар

    Дали барате безбедност и сигурност во управувањето со системот за аларма и известување во случај на пожар на разни деловни, индустриски, комерцијални и станбени објекти? Имајте доверба во докажаното високо ефикасно и рентабилно решение Оbserver за интегрирано управување и локално следење на системите за известување во случај на пожар на Телетек Електроникс. Со својата сигурност и докажани технички можности, Оbserver на Телетек Електроникс наоѓа примена во различни административни, индустриски, трговски и станбени згради.

  • 16 november 2020Напредни дигитални технологии и иновации во 3D печатење - фокус во развојот на B2N

    Тимот на BalkanEngineer.com имаше задоволство да биде дел од отворениот ден „B2N Your 3D Partner“, што се одржа во канцеларијата на еден од пионерите во 3D технологијата, компанијата B2N. „Ние ја развиваме нашата активност во три области - продажба и испорака на машини за 3D печатење, анализа и консултации, но не на последно место - ние сме хаб за дигитално производство“, споделија од компанијата. И што беше фокусот на настанот, ќе дознаете во следните редови.

  • 04 november 2020Бојлерите SimpatEco на TESY - европска техничка иновација „Made in Bulgaria“

    Од своето основање до сега, бугарската компанија Теси работи на подигање на стандардите во оваа индустриска гранка. Таа е препознатлив глобален лидер во иновациите и креатор на современи решенија за топлина и удобност. „Едно од нашите најнови достигнувања се електричните бојлери SimpatEco, кои се проектирани во согласност со највисоките европски безбедносни стандарди и барања за квалитет“, соопштија од канцеларијата на Теси за BalkanEnginer.com.

  • 28 october 2020Филкаб е специјализирана за производство и монтажа на ел. табли, комплетна разводна опрема и др.

    Филкаб е водечка бугарска компанија за производство, инженеринг и трговија во областа на електричната опрема и средствата за автоматизација. Уште во 2007 година компанијата започна да се развива во областа на електричната монтажа на разни проекти во Бугарија „Инженеринг ЕАД е компанија со најброен персонал во групата компании на Филкаб. Компанијата има современа опрема и лиценци за производство на типски тестирани табли на водечки европски производители“, информираа од МаккаБ ДООЕЛ.

  • 22 october 2020Акредитираните лаборатории на Унисист ги проценуваат инструментите за мерење со современи методи

    Фирмата Унисист е нотифицирано тело за проценка на сообразност на мерни инструменти според Директива 2004/32/ЕУ. Структурата на компанијата вклучува акредитирани лаборатории за проверка, калибрација и проценка на мерни инструменти. „Доказ за постојан висок квалитет на нашите услуги се нашите задоволни клиенти, повеќето од нив ги калибрираат своите инструменти и еталони уште од основањето на лабораторијата“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма Унисист.

  • 15 october 2020Широк спектар на производи на Oventrop обезбедува оптимална микроклима во третата по големина џамија во светот

    Во главниот град на Алжир беше завршена третата по големина џамија во светот. По големина Djamaa el Djazaïr е рангирана по местата за богослужба во Мека и Медина. „Оптималната клима во просториите се обезбедуваат од комбинирана топло-електрична опрема, котли, машини за ладење со апсорпција, маяини за ладење со компресија и кули за ладење. А дистрибуцијата на енергијата се реализира со производи на Oventrop“, соопштија од бугарската канцеларија на докажаниот меѓународен производител.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 23 november 2020OMV Petrom инвестира околу 21 милиони евра во рафинеријата Petrobrazi

    Романската енергетска компанија OMV Petrom инвестирала околу 21 милиони евра во рафинеријата Petrobrazi. Со ова, компанијата има за цел да го зголеми капацитетот за мешање на биолошки супстанции, како и да ја подобри инфраструктурата за транспорт, истовар и складирање на биокомпоненти во рафинеријата, дознава BalkanEngineer.com од изјавата на OMV Petrom. Средствата беа распределени во 2018 година, по што Petrobrazi го зголеми капацитетот на мешање на био-содржината во горивата од 200 kt на околу 350 kt годишно, со цел да снабдува горива со зголемена количина на биокомпоненти во своите крајни производи.

  • 18 november 2020Економска зона Тракија со проект за јаглеродна неутралност

    Економската зона Тракија (ТИЗ) во близина на град Пловдив, Бугарија, разви проект за јаглеродно неутрални индустриски зони, дозна BalkanEngineer.com од интервју со извршниот директор на ТИЗ, инженер Пламен Панчев за телевизија Bloomberg. ТИЗ е во основата на Конзорциумот „Јаглеродно неутрални индустриски паркови“, кој ги вклучува и индустриските зони во Бургас, Габрово и Хасково. Проектот на ТИЗ се заснова на партнерството со германскиот институт Fraunhofer, Организацијата ОН за индустриски развој (UNIDO), Бугарската агенција за инвестиции /БАИ/ и јавно приватно партнерство со девет општини и три кластери.

  • 16 november 2020МЕПСО и Dalekovod со договор за реконструкција на трафостаница

    Македонскиот електро-преносен систем оператор (МЕПСО) и хрватскиот Dalekovod потпишаа договор за реконструкција на трафостаница 400/110 kV Битола 2 во вредност од 3,18 милиони евра. Договорот ја означува последната фаза од ремонтот на објектот, а рокот за финализирање на активностите за него е 36 месеци. Инвестициите на МЕПСО изнесуваат 2,2 милиони евра, а остатокот од износот е заем од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР). Реконструкцијата на Битола 2 вреди вкупно 6,4 милиони евра, околу 1 милион евра е приближната вредност на 13-те прекинувачи за разводната централа 400 kV.

  • 11 november 2020Regent Lighting гради фабрика за тела за осветлување во Србија

    Regent Lighting започна со изградба на фабрика за тела за осветлување во град Свилајнац, дозна BalkanEngineer.com од интервју со главниот оперативен директор на компанијата Јорг Штајмер за онлајн изданието eKapija.com. Во првите 4 години, компанијата ќе инвестира во фабриката износ од 4 милиони евра, а повеќе од 120 лица ќе започнат да работат во неа. Штајмер посочи дека фокусот на компанијата ќе биде насочен кон ангажирање на силни тимови од областа на инженерингот, синџирот на снабдување, финансиите и други. Компанијата неодамна и се приклучи на Швајцарско-српската стопанска комора.

  • 09 november 2020Wizz Air отвори база во романскиот град Бакау

    Wizz Air отвори база во романскиот град Бакау. Wizz Air во Бакау обезбедува 13 дестинации во 6 земји, кои вклучуваат Торино, аеродром Марко Поло во Венеција, Венеција Тревизо, Болоња, Рим Фјумичино, Милано Бергамо, Катанија (Италија), Ларнака (Кипар), Лондон Лутон, Ливерпул (Велика Британија), Меминген/Минхен Запад (Германија), Билунд (Данска) и Брисел Шарлероа (Белгија). Повеќе од 70 нови работни места беа отворени во авиокомпанијата, како и работни места во поврзаните со неа индустрии. Авиокомпанијата воведе строги здравствени и хигиенски мерки за заштита на патниците и екипажот.

  • 04 november 2020ЕСО инвестира 1,4 милијарди лева во мрежата за пренос на електрична енергија во Бугарија

    Бугарскиот електроенергетски системски оператор (ЕСО) ќе инвестира 1,4 милијарди лева за модернизација и реконструкција на мрежата за пренос на електрична енергија во земјата до 2029 година, дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата Investor.bg, која се повикува на деловниот план на компанијата за периодот 2020 година. - 2029 година. Документот покажува зголемување на инвестициите за оваа година, во споредба со очекувањата одобрени во 2019 година.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 24 november 2020Нестле Бугарија воведе нова роботска линија за пакување

    Нестле Бугарија инвестира уште 23 милиони лева во својата фабрика во град Софија. Компанијата претстави модерна роботска производствена линија за пакување на производите и објасни како тоа влијае на производствените капацитети и работните места, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Нестле Бугарија. Новата линија беше прикажана на онлајн настан од извршниот директор на Нестле Бугарија, Петар Стоилов, менаџерот на фабриката Сара Вујтене и менаџерот за комуникации на „Југоисточен пазар“ Нели Ангелова. Иновацијата придонесува за ефикасното производство на 2,5 милиони KitKat барови на ден.

  • 19 november 2020Metito Utilities гради објект за отпадни води во Србија

    Metito Utilities ќе гради постројка за пречистување на отпадни води во град Зрењанин, Србија, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Проектот е дел од поголем меѓудржавен проект, во рамките на потпишаната спогодба помеѓу Србија и Обединетите Арапски Емирати. Врз основа на оваа спогодба, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Србија потпиша меморандум за разбирање насочен кон пречистување на отпадни води, се наведува на веб-страницата на град Зрењанин. Средствата инвестирани од Metito Utilities изнесуваат 22 милиони евра, а објектот ќе се гради веднаш до Југоисточната Индустриска зона.

  • 17 november 2020TeraPlast Group гради фабрика за биоразградливи пакувања во Романија

    TeraPlast Group побара финансирање во висина на 5,8 милиони евра според шемата за државна помош за стимулирање на инвестиции со големо влијание врз економијата, дозна BalkanEngineer.com од RomaniaJournal.com. Поддршката е наменета за проектот на компанијата, во износ од 11,8 милиони евра, преку кои TeraPlastGroup планира да изгради ново претптијатие за производство на биоразградливи пакувања. Спроведувањето на проектот, што започна во ноември 2020 година, се очекува да продолжи 25 месеци. Инвестицискиот проект вклучува набавка на модерна опрема за производство и изградба на нови капацитети.

  • 12 november 2020ФИТР поддржува проекти за иновации од Северна Македонија

    Македонскиот фонд за иновации и технолошки развој (ФИТР) ги објави резултатите од првиот јавен повик за ваучери за иновации. Резултатите ги презентираа министерката за образование и наука Мила Царовска и директорот на ФИТР Јован Деспотовски, а домаќин на презентацијата беше Машинскиот факултет при Универзитетот „Св. Св. Кирил и Методиј“ во град Скопје. Вкупниот износ на средствата е 15 милиони денари, а истите ќе им бидат обезбедени на универзитетски факултети и истражувачки центри. Иницијативата ќе поддржи 34 истражувачки проекти за развој на нови производи и услуги со поголема додадена вредност.

  • 10 november 2020Ја пуштија во употреба првата станица за електрични автомобили во Бургас

    Првата станица за полнење на електрични автомобили е инсталирана и пуштена во употреба по склучениот оваа година Меморандум за изградба на јавна мрежа од слични уреди помеѓу општина Бургас, Бугарија и фирма Eldrive, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Општината. Станицата се наоѓа на општинскиот паркинг „Гурко“. Уредот е од типот ABB DC Wallbox со моќност од 24 kW и овозможува полнење на масовните модели на електрични автомобили за помалку од еден час. Пристапот до станицата е слободен и бесплатен за едночасовен престој, а по првиот час се плаќа престојот на паркингот.

  • 05 november 2020Се модернизира аеродромот „Константин Велики“ во Србија

    Продолжуваат модернизацијата и градежните активности на аеродромот „Константин Велики“ во Ниш, Србија, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Финализирана е испораката на скенери, порти за детектори на метал и друга опрема неопходна за контрола на патниците, багажот и стоката. До крајот на годината на пистата на аеродромот ќе биде инсталиран светлосна сигнализација за услови со намалена видливост. Се очекува градежните работи да завршат до 2023 година. Новата зграда на аеродромот ќе биде наменета за патниците што заминуваат и ќе има трговски објекти и простории што се потребни за работењето на авијациските услуги.

Види ги сите »