- BalkanEngineer Bulgaria
- BalkanEngineer Macedonia
- BalkanEngineer Romania
- BalkanEngineer Serbia
- BalkanEngineer Albania
- BalkanEngineer Greece
- BalkanEngineer Turkey
Бесплатна претплата
Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!
04 february 2021
In Bulgarian In English In Romanian In Serbian
MET Group, преку заедничкото претпријатие PEPO Energy, пушти во работа централа за производство ма биогас, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на MET Group. Објектот е со моќност од 1,2 MW.
PEPO Energy е заедничко претпријатие помеѓу енергетската компанија MET Group со седиште во Швајцарија и српската компанија Arhar Teh, со седиште во град Ново Милошево. Централата за зелена енергија користи преостаната земјоделска биомаса за производството на биогас, што пак генерира електрична и топлинска енергија. MET Group му се приклучи на проектот PEPO во мај 2020 година, стекнувајќи 51% од сопствениот капитал и обезбедувајќи го потребното финансирање.
Гостин на официјалното отворање на централата беше вицепремиерот и министер за рударство и енергетика Зорана Михајловиќ. Таа ја истакна важноста за изградбата на нова електрична централа за биогас, покрај 28-те објекти во Србија. Михајловиќ додаде уште дека инвестициите во PEPO Energy изнесуваат 5 милиони евра, со што ќе се обезбедат повеќе од 30 работни места за локалната заедница.
Извор на фотографии: pixabay.com
03/02/21
Место на работа: Бугарија, Софија
Фирма: Стам Лтд ДОО
03/01/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
02/26/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Фирма: АББ Блгариja ДООЕЛ
02/22/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
02/18/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
02/15/21
Место на работа: Бугарија, Пловдив
Со нов рекорд во производството на ладилници и замрзнувачи заврши .јубилејната 2020 година за Либхер-Хаусгерете Марица. Минатата година бугарската компанија, која прослави 20-годишен јубилеј, го регистрираше својот еден милион производ за годинава. Прогнозите на Либхер-Хаусгерете Марица за годишно производство од 844,000 единици беа побиени кога, како резултат на зголемената побарувачка, на 19 декември 2020 година, излегува од производство милионитиот фрижидер со замрзнувач со импресивен дизајн на британска телефонска говорница од ограничената серија London Calling.
Футерот H3 постигнува 10.000 вртежи во минута и е решен конструктивно со прецизен пренос со ремен и вградени прецизни хибридно-керамички лежишта за да се постигне помала термичка експанзија и ниски вибрации. „За да се подобрат резултатите при длабоко дупчење и стружење, системот за ладење на футерот може да се надополни со решение за ладење преку алатката, што доведува до подобар квалитет на финалниот производ и заштедува време на обработка“, коментираа за BalkanEngineer.com од РАИС.
„Бојлерите од семејството Anticalc се разработени за долгорочно и сигурно работење без проблеми во региони со тврда, високо минерализирана и/или агресивна вода. А сега тие имаат нов, дури и постилски дизајн“, соопштија од компанијата за BalkanEngineer.com. Тие се создадени во согласност со највисоките европски безбедносни стандарди и барања за квалитет. Благодарение на сувиот грејач, бојлерите обезбедуваат сигурна работа на апаратот во тврди и агресивни води.
Унисист Лаборатории ДОО. доби нов сертификат за акредитација од Извршната агенција „Бугарска служба за акредитација“. Лабораторијата е овластена да проверува средства за мерење на електрични големини, волумен и потрошувачка. Основана е во 1997 година и е една од првите лаборатории со ваква специјализација во Бугарија. „Во изминатите години ја докажавме нашата висока техничка компетентност како водечка лабораторија“, коментираа од компанијата за BalkanЕngineer.com.
„Решенијата OnRobot им помагаат на малите и средни производители да ги оптимизираат своите процеси за да го развиваат својот бизнис со поголема флексибилност, поголема продуктивност и подобрен квалитет. Колаборативната автоматизација ги изедначува условите за сите производители и бидејќи роботите стануваат полесни за купување и имплементација, тие стануваат важен елемент за прилагодување кон широк спектар на примена“, изјавија од SpaceCAD за BalkanEngineer.com.
Т и Д Инженеринг нуди широк спектар на услуги во областа на енергетиката, електротехниката, автоматизацијата и електрониката. Една од главните области во која работи е проектирање, имплементација и одржување на автоматизирани системи SCADA. „SCADA е архитектура на контролен систем што вклучува компјутери, мрежни комуникации за податоци и графички кориснички интерфејси за управување и работење со процеси и проекти“, коментира за BalkanEngineer.com од ТиД Инженеринг.
Оваа година ќе заврши изградбата на нагистралните гасоводи од град Скопје до град Гостивар и од град Неготино до град Битола во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од Мета.мк. Покрај тоа, претстојат нови проекти за интерконекција со Грција, Косово и Србија. Ова го изјавија министерот за транспорт и врски на Северна Македонија Благој Бочварски и директорот на Националните енергетски ресурси Бајрам Реџепи, кои заедно со заменик министерот за транспорт и врски Беким Реџепи извршија увид во изградбата на магистралниот гасовод Скопје-Тетово-Гостивар. Инвестицијата во делницата изнесува 29 милиони евра.
Обемот на градежни активности во Романија се зголемил за 15,9% во 2020 година. Двоцифрени стапки на раст се забележуваат во сите три сектори - станбен, нестанбен и градежен инженеринг, дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата на Romania-Insider.com. Податоците се од Националниот статистички институт на земјата. Изградбата на нестанбени згради, како што се канцеларии и трговски центри, во Романија регистрира помал раст - од 10,9%, за сметка на станбениот сегмент, кој покажа раст од 17,8%. Обемот на капитални поправки се зголемил за 46%, а активностите за одржување се зголемиле за 24,4%.
Осум бугарските проекти се номинирани за наградите на Европската унија за современа архитектура Міеѕ vаn dеr Rоhе Аwаrd, дозна BalkanEngineer.com од Gradat.bg. Наградите имаат за цел да го популаризираат квалитетот на европската архитектура и односите во ЕУ и светот, како и да ја истакнат улогата на архитектурата за заедничката европска култура. Номинациите беа одбрани од Комората на архитекти во Бугарија, Сојузот на архитекти во Бугарија, арх. Вјара Жељазкова, во својство на независен меѓународен експерт и проф. д-р арх. Георги Георгиев - раководител на Катедра „Архитектура“ во Нов бугарски универзитет.
Министерството за образование, наука и технолошки развој на Србија објави дека владата на земјата усвои Стратегија за научен и технолошки развој на Србија за периодот 2021-2025 година, со наслов „Моќта на знаењето“, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Стратегијата има за цел да даде можност за го забрзување на развојот и интеграцијата на земјата во Европското пространство на истражување преку надградба на системот за научни технологии и иновации. Планирани се инвестиции во нови научно-технолошки паркови, центри за врвни достигнувања и институти.
Македонската престолнина Скопје ќе ги добие во март годинава прелиминарниот проект и придружната документација за првата линија на идниот систем од брз иавтобуски линии (БРТ) во градот. Првата линија ќе биде со должина 12,81 км и ќе се состои од 21 автобуска постојка и 2 автобуски терминали. Првата транша од заемот за проектот, што ќе ја додели Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), изнесува 47,6 милиони евра. Средствата ќе бидат искористени за подготовката на главниот проект, изградбата на првата линија, како и за идни депа, реконструкција на булевари и улици по должина на трасата.
Италијанската производствена компанија Zoppas планира да го прошири својот тим во Србија со уште 300 вработени, дознава BalkanEngineer.com од веб-страницата Kapija.com, која го цитира генералниот менаџер на компанијата за Романија и Србија, Дорел Еначе. Компанијата е присутна на српскиот пазар од 2016 година. Претпријатието на компанијата во земјата се наоѓа во град Кикинда, а нејзиниот тим се состои од 700 луѓе. Според изјава на градоначалникот на Кикинда, Никола Лукач, во 2021 година во српскиот објект ќе биде преместена производствената линија од претпријатието на Zoppas во Романија, пренесува уште eKapija.com.
Романскиот производител на акумулатори Rombat ќе започне со производство на ќелии за литиум-јонски автомобилски акумулатори во својата нова фабрика во Букурешт во втората половина на 2021 година, дозна BalkanEgnineer.com од сајтот Romania-Insider.com. Ќелиите ќе бидат доставени до партнерската компанија на Rombat - Prime Motors. Новиот главен извршен директор на Rombat, Алин Јоанес, посочи дека проектирањето на акумулатори за електрични автомобили е предизвик што му овозможува на Rombat да биде во чекор со глобалните технолошки достигнувања и да ги искористи новите можности на пазарот.
Министерството за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија објави тендер за нарачка на три електрични возови што ќе сообраќаат на релација Белград-Нови Сад-Суботица. Според тендерската документација, возилата мора да имаат должина од 100 метри (± 5) и минимум 300 (± 5) седишта од прва и втора класа, да бидат опремени со греење и звучна изолација, надворешно и внатрешно LED осветлување, електрични врати на лизгање, тоалети за лица со посебни потреби, по два барови со апарати за топли пијалаци и можност за електронско плаќање, Wi-Fi поврзување, систем за резервации на места и друго.
Македонската енергетска компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) потпиша договор за грант од 2,4 милиони евра со германската банка за развој KfW. Износот ќе се инвестира во истражување и документација поврзани со проекти за обновлива енергија со проценета годишна моќност од 650 GWh. Договорот го отвора патот на контролираната од државната енергетска компанија во Северна Македонија да земе заем од 80,5 милиони евра за проекти, изјави премиерот на Северна Македонија, Зоран Заев. За последните 20 години, Германија финансираше развојни проекти во Северна Македонија во вредност од над 500 милиони евра.
Американската компанија Tesla ја отвори својата прва канцеларија во Романија. Таа се наоѓа во главниот град Букурешт. Компанијата планира да спроведе повеќе планови за инвестиции во земјата. Тие ќе вклучуваат изградба на нови станици за полнење на електрични автомобили Supercharger во неколку романски градови - Темишвар, Сибиу, Питешти и Букурешт. На списокот може да бидат и градовите Крајова и Браила. Tesla ќе направи слични инвестиции во соседните на Романија земји - Бугарија, Унгарија и Србија. Во септември 2019 година, основачот на Tesla и SpaceX, Елон Маск, објави на Твитер дека ќе се отвори подружница на Tesla во Романија.
Бугарската нуклеарна централа „Козлодуј“ и компанијата „Вестингхаус Електрик“ - Шведска потпишаа договор за безбедносна анализа на блок 5 на АЕЦ „Козлодуј“ при имплементација на алтернативен вид нуклеарно гориво. Договорот го потпишаа извршниот директор на АЕЦ „Козлодуј“ Наско Михов и Азис Даг - потпретседател и управен директор на „Вестингхаус електрик“ - Шведска. Според зборовите на министерката за енергетика на Бугарија Теменужка Петкова, со потпишување на овој договор Владата исполнува еден од нејзините главни приоритети во енергетиката - оној за диверзификација на енергетските ресурси.
Претстои инсталирањето на интелигентен транспортен систем на автопатот од село Табановце до град Гевгелија. Новиот сообраќаен систем има за цел да ја зголеми безбедноста на сообраќајот на автопатот, што е дел од Пан-европскиот коридор 10. Интелигентниот систем вклучува уреди за мерење на тежината на возилата на патот, како и системи кои обезбедуваат информации за временските услови и нивото на стакленичките гасови. Исто така, ќе бидат инсталирани уште надзорни камери, СОС- патни телефони и електронска сообраќајна сигнализација која обезбедува податоци за условите на патот.