Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Dacia претставува нов семеен автомобил со седум седишта

20 july 2021

In Bulgarian  In English  In Romanian  In Serbian

 

Нов семеен автомобил со седум седишта ќе претстави романскиот производител Dacia за време на саемот за автомобили IAA 2021 во Минхен, Германија на 6 септември оваа година. Моделот е дизајниран да го замени единствениот модел со седум седишта на Dacia-Lodgy, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com.

 

 

Онлајн-премиерата на новото возило ќе се одржи на 3 септември.

 

На претстојното издание на IAA, што ќе се одржи од 7 до 12 септември, Dacia ќе учествува заедно со Renault. Посетителите на форумот ќе можат да ги видат моделите SUV Duster Facelift, Logan, Sandero, Sandero Stepway, како и електричниот автомобил Spring.

 

Марката Dacia е основана во 1966 година со склучување на договор за лиценца со Renault а од 1999 година романскиот производител е бренд на Groupe Renault. Љубопитен е фактот дека името Dacia потекнува од името на регионот населен со романски предци.

 

Извор на фотографии: Dacia.bg

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 19 july 2021Удобност, луксуз и забава со интелигентните производи и решенија за осветлување Philips WiZ Connected од Филкаб

    „Светскиот лидер во осветлувањето, Philips го прошири своето широко портфолио на паметно осветлување на домот. Компанијата го купи WiZ Connected, развивач на целосни системи за осветлување засновани на Wi-Fi. На овој начин, во асортиманот на компанијата, покрај интелигентното осветлување засновано на Bluetooth и Zigbee Philips Hue, од крајот на 2020 година се вклучува и осветлување со Wi-Fi кое работи со платформата WiZ Connected“, соопштија за Balkanengineer.com од МаккаБ ДООЕЛ, дел од бугарската компанија Филкаб.

  • 12 july 2021Со нова веб-страница, водечката компанија во областа на автоматизацијата Т и Д Инженеринг оди по патот кон иднина

    Почетната страница е оптимално организирана и го дочекува корисникот, насочувајќи го неговото внимание на важни елементи како што се општи информации за компанијата, можност за контакт со специјалист од Т и Д Инженеринг и друго. Менито за навигација содржи различни категории во кои се презентирани услугите и каталог на производи од индустриска електроника што ги нуди компанијата, како и завршени проекти од различни области на индустријата.

  • 02 july 2021Раст на продажбата и деби на иновации за ладење и замрзнување во извештајот на Liebherr за 2020 година

    Во изминатата 2020 година, одделот за апарати за домаќинство на Liebherr, кој глобалниот производител успешно го развиваше во Бугарија повеќе од 20 години преку производствената компанија „Либхер-Хаусгерете Марица“, имаше повеќе причини за гордост. Резултатите од неговиот развој во финансиски аспект и достигнувањата во однос на инвестициите и новите производи ги објави Liebherr во својот Годишен извештај. Повеќе за нив ќе Ви раскажеме во денешниот материјал.

  • 25 june 2021Мултиинженеринг нуди и користи алуминиумски профили на Paletti Profilsysteme во своите проекти

    „За да ја извршиме квалитетно нашата активност, потребни ни се навистина добри материјали. Од 2011 година ние сме официјален претставник на германската компанија Paletti Profilsysteme за структурни алуминиумски профили и сврзувачки елементи, кои ги нудиме и ги користиме во многу наши проекти“, информираа за BalkanEngineer.com од Мултиинженеринг. Алуминиумските профили од фирма Paletti Profilsysteme, Германија, се карактеризираат со постојан висок квалитет на изработка и широк спектар на видови и модели.

  • 21 june 2021Баланс вентили, собни термостати и системи за санитарна топла вода се меѓу новите производи на Oventrop во 2021

    Освен целосно обновената корпоративна визија, Oventrop ја започна годината со ветување за многу иновации и новини во својата палета на производи. Тука се! Меѓународниот лидер во производството на вентили, регулатори и системи за опрема за греење и климатизација се фокусира во 2021 година на нова генерација на баланс вентили HydroControl, нови собни термостати ClimaCon F и иновативни решенија за проширување на станицата за домаќинства Regudis W-HTE. Повеќе за нив раскажаа за BalkanEngineer.com од бугарското трговско претставништво Овентроп.

  • 16 june 2021Новиот Megger TPT420 предупредува на опасни тест напони, дури и кога неговите батерии се исцрпени

    „Новиот тестер на напон Megger TPT420, кој го заменува претходниот модел TPT320, веќе е на пазарот“, изјавија за BalkanEngineer.com од Мегер Бугарија. Уредот е проектиран да им обезбеди на електротехничарите и електроинженерите лесен за употреба инструмент за индикација на напон. Она што е единствено кај него е што тој продолжува да го предупредува операторот за опасни тест напони дури и кога неговите батерии се исцрпени. Еве ги деталите.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 26 july 2021Романската компанија Prefera Foods претставува нова храна во Европа и САД

    Романскиот производител на конзервирана храна Prefera Foods има намера да го прошири својот бизнис со влегување на меѓународниот пазар во Европа и САД, дозна BalkanEngineer.com од Seenews.com. За да ги спроведе своите планови, компанијата успеа да собере средства во износ од 5 милиони евра во приватни обврзници. Собраните средства ќе и помогнат на романската компанија да инвестира во основни средства со цел да го зголеми својот производствен капацитет, како и да ги покрие трошоците за маркетинг за промовирање на своите производи во Романија и Германија.

  • 21 july 2021Северна Македонија и Грција потпишаа договор за интерконектор

    Владите на Северна Македонија и Грција потпишаа договор за изградба на прекуграничен интерконектор за природен гас, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Договорот е вреден вкупно 100 милиони евра, од кои 54 милиони ќе ги обезбеди Северна Македонија. Интерконекторот ќе и помогне на Северна Македонија да обезбеди сигурност во снабдувањето со гас и ликвидност на пазарот на гас, како и да обезбеди пристап до природен гас преку Јужниот гасен коридор, кој ги вклучува Трансјадранскиот гасовод (TAP), гасоводот Јужен Кавказ (SCP) и Трансанадолски гасовод (TANAP).

  • 19 july 2021Започнува производството на нитрилни ракавици во Бугарија

    Првиот производител на нитрилни ракавици во Европа ќе започне со работа во град Пловдив, Бугарија. Ова беше објавено на официјална церемонија на која компанијата доби сертификат за инвеститор од „А класа“. Инвестираните средства во проектот надминуваат 10 милиони лева. Повеќе од 100 нови работни места ќе бидат отворени во регионот. Новата фабрика е дел од економската зона Тракија и го развива концептот за градење на јаглеродно неутрални индустриски зони. Ова е единствен проект за Бугарија и за цела Европа, бидејќи во моментот нема производство на заштитни нитрилни ракавици за медицината и прехранбената индустрија на континентот.

  • 12 july 2021Next.e.GO планира да произведува електрични автомобили во Бугарија

    Next.eGO планира да инвестира 140 милиони евра во производство на електрични автомобили во базата на фабрика „Балкан“ во близина на Ловеч. Се предвидува во фабриката не едноставно да се зглобуваат колите, туку да има производство со поголема додадена вредност. Во фабрика „Балкан“ во моментов се произведуваат велосипеди и моторни вилушкари, но базата ја има соодветната инфраструктура, која може да се модифицира за целите на производството на автомобили. По преземањето од страна на холандската инвестициска групација ND Industrial BV во септември 2020 година, компанијата работи под името Next.e.GO Mobile SE.

  • 07 july 2021Дронови на Drоnаmісѕ ќе испорачуваат пратки од 2022 година.

    Од 2022 година, беспилотните летала на бугарската компанија Drоnаmісѕ ќе бидат користени од водечката логистичка компанија Неllmаnn за испорака на витални стоки во Европа. Целта е да се заобиколат предолгите синџири на испорака. Главниот оперативен менаџер на Неllmаnn коментира дека дроновите се погодни за итна испорака на резервни делови за машини, вакцини, плазма и други фармацевтски производи. Дроновите можат да носат до 350 кг товар, а нивниот максимален дострел достигнува 2500 нп. Беспилотните летала на кои им е потребна површина од 400 метри на аеродромот за полетување и слетување, ќе летаат само меѓу авио терминали.

  • 05 july 2021Aqua Bilbor инвестира околу 10 милиони евра во својата фабрика

    Романскиот производител на минерална вода Aqua Bilbor предвидува инвестиција од околу 10 милиони евра во следните две и пол години. Тоа ќе вклучува набавка на земјиште за зголемување на капацитетот на производство и складирање, развој на нови извори на вода како и набавка на опрема, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Годишниот производствен капацитет на компанијата се очекува да се зголеми на над 100 милиони литри. Како резултат на тоа, Aqua Bilbor ќе ги удвои своите вработени во периодот 2021-2023 година. Aqua Bilbor произведува изворска, трпезна и газирана вода под брендот Izvoarele Calimani.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 22 july 2021Grundfos гради нов производствен капацитет во Инџија

    Данскиот производител на пумпи Grundfos започна со изградба на нов производствен објект во српскиот град Инџија. Тој ќе се простира на површина од 20.000 метри квадратни, а средствата вложени во него изнесуваат 20 милиони евра. На церемонијата присуствуваа српската премиерка Ана Брнабиќ и градоначалникот на Инџија, Владимир Гак, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Во идниот објект na Grundfos ќе се отворат нови работни места со што вработените во компанијата ќе достигнат над 1.000 лица, а базата во Инџија ќе биде трета најголема фабрика на Grundfos на глобално ниво.

  • 20 july 2021Dacia претставува нов семеен автомобил со седум седишта

    Нов семеен автомобил со седум седишта ќе претстави романскиот производител Dacia за време на саемот за автомобили IAA 2021 во Минхен, Германија на 6 септември оваа година. Моделот е дизајниран да го замени единствениот модел со седум седишта на Dacia-Lodgy, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Онлајн-премиерата на новото возило ќе се одржи на 3 септември. На претстојното издание на IAA, што ќе се одржи од 7 до 12 септември, Dacia ќе учествува заедно со Renault. Посетителите на форумот ќе можат да ги видат моделите SUV Duster Facelift, Logan, Sandero, Sandero Stepway, како и електричниот автомобил Spring.

  • 15 july 2021Србијагас и FGSZ го поврзаа гасоводот „Балкански поток“

    Српската компанија Србијагагас и унгарската FGSZ ги поврзаа цевките од гасоводот „Балкански поток“ на границата со Унгарија, дозна BalkanEngineer.com од Bgonair.bg. Во иднина, гасот ќе тече по него од Турција до Централна Европа преку Бугарија и Србија. Се очекува првите количини на транзитен гас за Централна Европа да протечат на 1 октомври годинава. Претседателот на управниот одбор на FGSZ, Ференц Саболч, прецизира дека поврзувањето на два гасоводи, кои доаѓаат од две различни земји, се нарекува златна врска. Кога станува збор за тоа, тоа значи дека проектот е при крај и снабдувањето со гас ќе започне наскоро, додаде тој.

  • 14 july 2021Романскиот аеродром Орадеа ќе има карго терминал до 2023 година.

    До 2023 година на аеродром Орадеа во северозападниот дел на Романија се очекува да започне со работа нов карго терминал. Новиот објект се планира да биде изграден на парцела од 14 хектари и ќе се наоѓа помеѓу аеродромот и Индустриски парк II, изјави претседателот на окружниот совет на Бихор - Илие Боложан. По одобрување на документацијата на седница на окружниот совет во јули, ќе биде организиран тендер за избор на инвеститор и тоа треба да се случи до почетокот на септември, додаде уште Боложан. Производствените компании во град Орадеа користат електронски компоненти, транспортирани авионски од Азија или Европа.

  • 13 july 2021Македонски Телеком е добитник на „Лидер за одржлив развој“

    Наградата „Лидер за одржлив развој“ му беше доделена на Македонски Телеком за општествено одговорна практика, дозна BalkanEngineer.com од компанијата. Наградата ја доделува граѓанската асоцијација Конект, во партнерство со мрежата на Глобален договор на Обединетите нации во Република Северна Македонија. Општествената одговорност е важен дел од стратегијата на Македонски Телеком. Таа има за цел да ги спречи климатските промени и ефикасно да ги користи ресурсите. Компанијата придонесува за намалување на емисиите на јаглерод диоксид.

  • 08 july 2021Се гради регионален индустриско-технолошки парк во Крушевац

    Од 2022. године, дронове бугарске компаније Drоnаmісѕ користиће водећа логистичка компанија Неllmаnn за испоруке животно-важне робе у Европи. Циљ је заобићи врло дуге ланце снабдевања, сазнаје портал BalkanEngineer.com са сајта Economy.bg. Главни оперативни директор компаније Неllmаnn коментарисао је да су дронови погодни за хитне испоруке резервних делова за машине, вакцине, плазму и друге фармацеутске производе. Беспилотне летелице могу да превозе до 350 kg терета, а њихов максимални домет достиже 2500 КС. Беспилотне летелице, којима је потребан аеродром за полетање и слетање од 400 м, летеће само између ваздушних терминала.

Види ги сите »