Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Финансиска поддршка за повеќе од 1200 компании од Македонија и регионот

18 july 2019

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Заедничката иницијатива на шесте земји од регионот на Западен Балкан „Chamber Investment Forum“ може да обезбеди финансиска поддршка на повеќе од 1.200 мали и средни претпријатија, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Тоа се државите Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Србија, Северна Македонија и Црна Гора.

 

 

Тригодишниот проект има за цел да ја зголеми конкурентноста на економијата во балканскиот регион. На компаниите ќе им се помогне да ги зголемат своите капацитети за производство и извоз, како и да го зајакнат своето присуство на регионалните и светските пазари.

 

Проектот ќе биде финансиран од ЕУ со 2,5 милиони евра. Потпишувањето на договорот е закажано за септември, а првите услуги за заедничка регионална економска соработка ќе им бидат достапни на компаниите до крајот на годината.

 

Извор на фото материјал: pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 11 december 2019АББ Бугарија ја модернизира својата база во град Севлиево, Бугарија

    „Бизнисот „Енергетски мрежи“ на АББ Бугарија ја обнови својата производствена база во град Севлиево. Обновени се производствените капацитети како и административната зграда“, соопштија од компанијата. Базата на АББ Бугарија во градот се наоѓа на површина од 14.500 метри квадратни и во неа се остваруваат активности поврзани со инженеринг, монтажа и тестирање на клучни напонски компоненти за комплетни дистрибутивни уреди со гасна изолација и генераторски прекинувачи. Фабриката, исто така, произведува комплетни кондензаторски уреди и дисконектори.

  • 10 december 2019Филкаб Солар изгради фотоволтаичен систем на пумпи за наводнување во земјоделството

    Тимот на Филкаб Солар е горд на широкиот спектар од успешно реализирани проекти од областа на обновливите извори на енергија, кои ги исполнуваат специфичните барања и потреби на клиентите. Меѓу нив е и неодамна изградениот фотоволтаичен систем на пумпи за наводнување во земјоделството во село Порој, општина Поморие, Бугарија. „Решението е изградено со потопна пумпа со интегриран инвертор, MPP тракер и фотоволтаични панели Winaico WST-250P6“, информираа од фирма МаккаБ ДООЕЛ.

  • 09 december 2019Мега Инженеринг: Имаме долгогодишно искуство во проекти за мониторинг на производствени гасови

    Мега Инженеринг ДОО е докажана бугарска компанија во индустриската автоматизација како и во производството на електрични панели за управување и контрола на процеси. Компанијата исто така нуди комплетен инженеринг, проектирање и разработка на софтвер. „Нашите софтверски решенија се имплементирани во голем број на индустриски полиња и во различни апликации, од кои едната е мониторинг и известување на разни гасови во индустријата“, споделија од бкомпанија.

  • 06 december 2019Инженер В. Палазов, управител на ИНХОМ-98: ФАНУК Бугарија е наш долгогодишен доверлив партнер. Дел II

    За нас, во BalkanEngineer.com, секогаш е чест кога ќе добиеме можност да го допреме вистинскиот процес на производство, особено ако успешно се реализира во претпријатие кое ги издржа економските и технолошките перипетии на времето. Благодарение на ФАНУК Бугарија, нашиот тим го имаше задоволството да помине цел работен ден во бугарската компанија ИНХОМ-98. Од нејзиниот сопственик и управител, инженер Вањо Палазов, дознавме како се постигнува конкурентно производство.

  • 28 november 2019ТиД Инженеринг: „Го извршуваме целиот спектар на активности за автоматизација“

    ТиД Инженеринг е докажана инженерска компанија во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката. „Нашиот тим исто така го извршува целосниот опсег на активности за автоматизација. Имаме долгогодишна експертиза во изградба на индустриски мрежи на програмабилни контролери, системи за далечинско управување и далечинска сигнализација, имплементација на SCADA системи и многу други современи технолошки решенија за индустријата“, споделија за BalkanEngineer.com од бугарската компанија.

  • 27 november 2019Хајстер БГ: Електричните виљушкари Hyster помагаат за оптимизација на магацинскиот простор

    Магацинските простори стануваат сè попопуларни во услови на зголемена побарувачка. Една од причините за ова е континуираниот раст на електронската трговија. Порталот за анализи Statista предвидува дека само приходите од B2B трговијата ќе пораснат од над 40 милијарди евра за 2018 година до околу 46 милијарди во оваа година. Водени од иновации, проектирани со цел ефикасност, новите електрични виљушкари за подигнување во висина Hyster создаваат нови стандарди во складирањето.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 11 december 2019Кинеска компанија за автомобилски ентериер отвори фабрика во Србија

    Кинескиот производител на автомобилски ентериерни решенија Yanfeng Automotive Interiors официјално ја отвори својата фабрика во град Крагуевац, Србија, дозна BalkanEngineer.com од SEENews.com. Изградбата на објектот започна дури во септември годинава. Производственото претпријатие зафаќа површина од 18.500 метри квадратни и има работни места за 200 лица. До 2023 година кинеската компанија планира да го зголеми бројот на своите вработени до 800.

  • 09 december 2019Компанија инвестира 90,2 милиони евра во фабрика за никел во Македонија

    На официјална церемонија, Euronickel Industries го објави завршувањето на инвестиција во висина на 90,2 милиони евра во својата фабрика во Кавадарци во Северна Македонија. Настанот се совпаѓа со првата годишнина од стекнувањето на објектот од страна на компанијата. Во текот на последната година Euronickel Industries применува оперативен план за реорганизација на претпријатието, постигнувајќи рекордно производство од скоро 1500 тони легура на железо-никел месечно на само една производствена линија.

  • 04 december 2019Бугарија ќе обезбеди фреквенции за 5G мрежата до средината на 2020 година.

    До средината на 2020 година Бугарија ќе започне постапка за распределба на ресурс за фреквенција, преку кој мобилните оператори да ја започнат изградбата на нивните 5G мобилни мрежи. Ова стана јасно за време на првиот од таков вид форум за имплементација на 5G во земјата, дозна BalkanEngineer.com од организаторите. Форумот, кој се одржа под насловот „5G: паметна трансформација и раст“, ​​беше организиран од Бугарската комисија за регулирање на комуникациите.

  • 02 december 2019Групацијата Sika го купува романскиот производител на материјали AdePlast

    Еден од најголемите романски производители на градежни материјали – AdePlast станува сопственост на швајцарската групација Sika, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Вредноста на зделката не е јавно објавена. AdePlast произведува суви лепила и малтери, декоративни бои, премази и полистирен. Компанијата, во која има 470 вработени, пријави промет од 100 милиони евра за претходната година. Опфаќајќи ја цела Романија, компанијата управува три производствени бази.

  • 27 november 2019Кинеска компанија инвестира 200 милиони евра во експлоатација на бакар во Србија

    Кинеската компанија Zijin Mining планира да го обнови и прошири српскиот комплекс за експлоатација на бакар Serbia Zijin Bor Copper во град Бор, источна Србија. Инвестицијата изнесува 200 милиони евра. Компанијата во моментов подготвува проект за зголемување на годишниот капацитет на комплексот од 80.000 тони на 200.000 тони бакарен концентрат во период од четири години. Покрај тоа, Zijin Mining ќе инвестира и во набавка на специјални конверторни машини кои ќе ја зголемат чистотата на бакарниот производ од сегашните 62% на 99,8%.

  • 25 november 2019Македонија ја одржа конференцијата „Digital for Entrepreneurship“

    На 20 ноември 2019 година во град Скопје се одржа македонската конференција „Digital for Entrepreneurship“ како дел од Европската недела на мали и средни претпријатија. Годинешното издание на иницијативата беше обележано со повеќе од 35.000 настани во повеќе од 170 земји. За време на настанот во град Скопје, беше дискутирано за голем број актуелни теми поврзани со предизвиците и олеснувањето на работата на претприемачите денес. Гостите се запознаа и со можностите за развој кои дигитализацијата им ги нуди на малите и средни бизниси.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 12 december 2019Романија ќе гради мултифункционална сала за 130 милиони евра

    Мултифункционална спортска сала со капацитет од 20,000 места ќе биде изградена во романскиот главен град Букурешт. Вкупните трошоци за проектот ќе изнесува 130 милиони евра, дозна уште BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Работата за изградба на салата ќе започне веднаш по завршувањето на Европското првенство во фудбал на 12 јули 2020 година. Се очекува објектот да биде завршен во рок од 28 месеци. Спортската сала ќе има 20.000 места за гледачите: 16.000 на фиксни и 4.000 на подвижни седишта.

  • 10 december 2019Бугарија со идеја за унија за производство на електрични возила

    Министерството за надворешни работи на Бугарија Емил Караниколов соопшти дека Бугарија им понудила на своите соседни држави создавање на регионална унија за производство на електрични возила. Земјата одржала средби со претставници од Турција, Романија и Србија. Бугарија им нуди на своите соседи да се фокусираат врз регионална соработка во областа на автомобилските технологии на иднината, со заедничка изградба на еколошки систем за развој на оваа индустрија, кој може да им помогне да достигнат до поголеми пазари и поинтересни проекти.

  • 05 december 2019Во Македонија се одржа регионална средба за квалитет на воздухот

    Претставници на владите на Северна Македонија, Србија, Косово, Босна и Херцеговина одржаа регионална конференција за управување со квалитетот на воздухот во Западен Балкан. Средбата се одржа на 21 ноември во град Скопје, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Конференцијата беше организирана од Владата на Северна Македонија во соработка со Светска банка. На настанот се дискутираше за прашања, решенија и можности за финансирање на проекти. Учесниците разгледаа добри практики од ЕУ, како и од други земји, како Индија и Кина.

  • 03 december 2019Nibe Industrier станува сопственик на српската фабрика на Gorenje

    Шведскиот производител на бојлери, Nibe Industrier станува сопственик на фабриката за домашни уреди на Gorenje во Србија. Износот на зделката не е обелоденет. До сега Gorenje беше присутен во Србија преку својата подружница Gorenje Tiki која управуваше производствено претпријатие во град Стара Пазова. По стекнувањето на фабриката, Nibe Industrier стана сопственик на брендот уреди за греење Tiki. Преку зделката шведскиот производител има за цел да ја консолидира својата пазарна позиција во Европа и да го зголеми својот производствен капацитет.

  • 28 november 2019Романски производител отвори нова фабрика за автомобилски волани

    Романската компанија Valtryp, специјализирана за производство на автомобилски волани, отвори нова фабрика во Индустрискиот парк Eurobusiness II во град Орадеја, Романија. Компанијата зафаќа површина од 7000 метри квадратни. Вкупната цена на проектот е 2,44 милиони евра, дел од нив се кофинансирани од фондови на Европската унија. Градежните работи на новата фабрика започнаа во март 2018 година, а официјалното отворање на објектот, што се случи неодамна, се совпадна со 25-годишнината од создавањето на компанијата Valtryp.

  • 26 november 2019Попуст за учество на бугарскиот саем seeSUSTAINtec до 1 декември

    SeeSUSTAINtec е нова бизнис платформа во Бугарија и Југоисточна Европа за промовирање на иновации и знаења во сферата на одржливите решенија. Саемот и паралелниот форум ќе се одржат од 7 до 9 април 2020 година во град Софија, Бугарија, дозна BalkanEngineer.com од организаторот Виа Експо. Обединувајќи три настани со повеќе од 14 години историја: ЕЕ и ОИЕ (Енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија), Save the Planet (управување со отпад и рециклирање), Smart Cities (паметни градови), Виа Експо го проширува опсегот на настанот со нов фокус.

Види ги сите »