Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Турскиот производител на лабораториски дијаманти Appsilon Enterprise разгледува можности за инвестиции во Бугарија

19 september 2023

In Albanian  In Bulgarian  In English  In Romanian In Serbian

 

Турската компанија Appsilon Enterprise, специјализирана за производство на лабораториски дијаманти, ја разгледува можноста за инвестиции во Бугарија, информира BalkanEngineer.com од Economic.bg. Успешната реализација на проектот би можела да создаде околу 100 нови работни места, а како потенцијална локација за производството се размислува Пловдив, но и уште неколку локации.

 

 

Appsilon Enterprise е турски технолошки стартап основан на почетокот на 2017 година со цел производство на дијаманти во лабораториски услови. Освен за изработка на накит, тие се користат и во високотехнолошкиот сектор за создавање на чипови, квантни сензори, оптика и детектори.

 

Компанијата има база во Делфт, Холандија, како и производство во Истанбул, Турција. На почетокот на 2023 година, претставници на Бугарската агенција за инвестиции ја посетија нејзината лабораторија во Истанбул за време на бизнис форум за охрабрување на инвестициите во Бугарија.

 

Од своето основање до моментов, Appsilon Enterprise има собрано околу 20 милиони долари инвестиции од седум круга на финансирање, при што главните конкуренти на компанијата ги вклучуваат Nanoramic Laboratories, AON3D – Industrial Additive Manufacturing Solutions и UbiQD.

 

Извор на фотографии: canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 14 april 2024БР Техника: Компактниот систем за линеарно движење ctrlX FLOWHS на Bosch Rexroth постигнува забрзување до 10 g и брзина до 5 m/s

    Палетата на производи ctrlX FLOW на компанијата Bosch Rexroth опфаќа решенија кои лесно се интегрираат, наменети за оптимални и високо ефикасни протоци на материјали и стоки. Брзината и динамиката, како и интралогистиката ги „движат“ современите фабрики. Целта е да се скрати времето на производствениот циклус со оптимизација на протокот на материјали. „Клучни за оваа сфера се решенијата за автоматизирано преместување, како што е системот за линеарно движење ctrlX FLOWHS на Bosch Rexroth. Тој обезбедува флексибилност и голема брзина на производството со максимална прецизност и намалени барања за зафатениот простор“.

  • 14 april 2024Бојлерите AquaThermica на Теси ги задоволуваат најсовремените барања за еколошки и ефикасни апарати за домаќинство

    Во согласност со активната глобална побарувачка за еколошки и енергетски ефикасни решенија за задоволување на домашните потреби, водечкиот производител на бојлери и апарати за домаќинство Теси во своето портфолио вклучи термодинамички бојлери од типот „воздух-вода“ за производство на топла вода за домаќинствата. Линијата AquaThermica е составена од уреди со волумен од 200 и 260 литри со или без разменувач на топлина, кои работат со обновливи извори на енергија, како што се фотонапонските системи на пример. Разработката на оваа палета на производи придонесува за почиста животна средина при што ги намалува емисиите на јаглерод.

  • 14 april 2024Со 100% оригинални компоненти, Rochester го „спасува“ производството на борд системи на телекомуникациска компанија

    Техничките склопови и компоненти наменети за работа во сектори како што се воената индустрија, космонаутиката и индустриското производство обично имаат подолг животен циклус во споредба со нивните еквивалентни решенија што се користат во други области. Тоа е затоа што производителите на овие производи се стремат да ги разработат доволно силни, издржливи и сигурни производи за да можат да издржат дури и во најтешките работни услови и критични намени. „Но, развојот на технологијата напредува со толку брзо темпо што секој ден клучните системски компоненти морално остаруваат. Кога производител на оригинални компоненти (OCM).

  • 14 april 2024KMT Сервис: Gossen Metrawatt разработи нов мултифункционален тестер METRALINE MF за проверка на електрични инсталации

    Докажаната германска компанија во областа на технологии за мерење и тестирање Gossen Metrawatt ја прошири серијата на рентабилни и лесни за употреба мерни уреди METRALINE, додавајќи нов мултифункционален тестер за инсталација. „METRALINE MF е сертифициран според CAT III 600 V/CAT IV 300 V, со што се осигурува дека сите потребни тестови за електрични системи и инсталации се во согласност со важечките стандарди DIN VDE 0100-600 и DIN VDE 0105-100. Преносливиот тестер, кој се напојува со батерии, има графички дисплеј во боја и мени лесно за навигација, нудејќи интуитивна и практична работа“.

  • 11 april 2024Автоматизацијата со роботи на FANUC се докажа како правилниот „лек“ за фармацевтската компанија DEMO

    Компанијата DEMO е еден од најголемите производители на фармацевтски производи во Грција. За да се зголеми ефикасноста и продуктивноста, негјзиното раководство одлучи да ги автоматизира операциите на товарање и истовар на пластичните пакувања и кеси за време на нивната стерилизација. Поради суштествените разлики во обработката на транспортните тави, кесите и пакувањата, за компанијата беше јасно дека ќе им требаат различни големини и типови на роботи. „DEMO се свртува кон SABO, негов долгогодишен партнер за автоматизација и роботика во производството, кој е снабдувач и инсталатер на индустриските решенија на FANUC.

  • 10 april 2024Филкаб Солар: Иновативните соларни решенија на Hanwha Q Cells наметнуваат висок индустриски стандард за квалитет и ефикасност

    Денес, кога енергетската транзиција е во својот полн замав, а интересот за обновливите извори на енергија насекаде продолжува да расте. Особено во однос на сончевата енергија, која добива се поголема популарност благодарение на иновациите кои ги подобруваат системите и намалувањето на цените што ги прават достапни. „За да го пробиеме патот кон одржлива енергетска иднина, треба да прифатиме вистински глобален, сеопфатен пристап. Употребата на повеќедимензионален модел кој ги зема предвид различната инфраструктура и еколошките фактори на секоја земја.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 15 april 2024Atlantic Incubator Partners LLC планира стратешка инвестиција на албанскиот остров Сазан

    Американската компанија Atlantic Incubator Partners LLC изрази интерес за изградба на туристичко одморалиште на остров Сазан во Албанија, што е во согласност со стратешките цели на земјата за подобрување на нејзината туристичка инфраструктура и привлекување на странски инвестиции, дозна BalkanEngineer.com од БТА.

  • 11 april 2024Српската покраина Војводина инвестира 7,3 милиони евра во пречистителна станица за отпадни води

    Српската автономна покраина Војводина соопшти дека потпишала зделка за изградбата на станица за пречистување на отпадни води во северниот град Врдник, дозна BalkanEngnieer.com од SeeNews.com. Проектот е во вредност од 850 милиони динари (7,3 милиони евра).

  • 09 april 2024Холандија е најголемиот странски инвеститор во Албанија за 2023 година со инвестиции од 300 милиони евра

    Во 2023 година, Холандија се етаблирала како водечки инвеститор во Албанија со инвестиции во вредност од 300 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Овој значаен раст во однос на претходната година го истакнува зголемениот интерес на холандските компании за албанскиот пазар. Според податоците на АТА (Албанската телеграфска агенција), холандските компании се активни во клучни сектори на албанската економија, при што енергетиката е водечка област со најмногу странски инвестиции.

  • 05 april 2024Производителот на електрични компоненти Noark Electric отвори регионален логистички центар во Романија

    Noark Electric Romania, подружница на светскиот лидер во производството на електрични апарати и електронски уреди Noark Electric, отвори модерен логистички центар во Романија, дозна BalkanEngineer.com од romania-insider.com. Стратешки сместен во близина на Букурешт, центарот отелотворува авангардна технологија и усовршен систем за управување со магацин, обезбедувајќи брза испорака за партнери и дистрибутери. Со забележливо намалување од 50% за времето на испорака, новиот логистички центар на Noark ќе го опслужува не само локалниот пазар, туку и други балкански земји.

  • 03 april 2024Иновативна технологија за управување со отпад на бугарската фирма Елфи Тех ќе биде имплементирана во САД

    Бугарската високотехнолошка фирма Елфи Тех, во партнерство со романската фабрика за машиноградба Петал и американската компанија E-Ficient Solutions LLC, претстави иновативна технологија за решавање на растечкиот проблем со опасниот медицински отпад во САД. Оваа информација BalkanEngineer.com ја дозна од Dividend.eu. Иновацијата ветува да го револуционизира начинот на кој се управува и преработува овој отпад, при што истовремено ќе се подобри еколошката состојба. Објектите, познати како „Инсталации за електропиролиза за искористување на отпадни јаглеводороди“, имаат иновативна технологија заштитена со четири патенти од Елфи Тех.

  • 01 april 2024Lidl Stiftung & Co ги проширува своите операции во Србија со трет логистички центар во Белград

    Lidl Stiftung & Co, популарен германски дисконтен трговец на мало, е подготвен дополнително да ги зајакне своите операции во Србија со создавање на трет логистички центар – овој пат во Белград, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Амбициозниот проект, кој опфаќа голема површина од 51,55 хектари на периферијата на главниот град на Србија, ја нагласува ангажираноста на компанијата за зголемување на оперативната ефикасност и зајакнување на мрежата на синџирот на снабдување во регионот. Деталниот план за распределба на зоните претставен од Градскиот совет на Белград нуди увид во стратешкиот развој на трговецот на мало, што се очекува значително да ги зајакне логистичките можности на Lidl во Србија.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 april 2024Северна Македонија ќе добие финансирање од CIF во висина на 85 милиони долари за нејзината енергетска транзиција

    Инвестицискиот фомд за клима (CIF) даде зелено светло за инвестиција од 85 милиони американски долари за Северна Македонија. Финансирањето е клучен момент за Инвестициската платформа за праведна енергетска транзиција на земјата, која е насочена кон укинување на употребата на јаглен до 2030 година во согласност со обврските на земјата според Париската спогодба, дозна BalkanEngineer.com од Ceenergynews.com.

  • 12 april 2024Турската компанија Ussuri Capital планира да изгради нискојаглеродна фабрика за челик во Романија

    Ussuri Capital, турска инвестициска фирма, планира да создаде авангардна нискојаглеродна фабрика за рамно валан челик во Романија, дозна BalkanEnigneer.com од gmk.center. Проектот, по целосна физибилити студија завршена во март, во моментот е во фаза на избор на локација.

  • 10 april 2024Алкалоид отвора нови капацитети за производство на таблетирани лекови со инвестиција од 19,4 милиони евра

    Алкалоид, фармацевтски производител од Северна Македонија, ја проширува својата активност со отворање на нови современи капацитети за производство на лекови во цврста форма, дозна BalkanEnigneer.com од SeeNews.com. Инвестицијата на компанијата изнесува 19,4 милиони евра.Новите капацитети, што зафаќаат импресивни 6.200 квадратни метри, претставуваат значаен додаток на инфраструктурата на Алкалоид.

  • 08 april 2024Со голема инвестиција од 60 милиони евра, Малтери суфле Бугарија гради нова фабрика во Плевен

    Со инвестиција од 60 милиони евра, Малтери суфле Бугарија, водечка компанија во производството на слад, започна со изградба на ново производство, дозна BalkanEngineer.com од Capital.bg. Новата база ќе ги замени постојните производствени единици на компанијата во Плевен и Хасково и ќе има за цел удвојување на производствениот капацитет на Малтери суфле кај нас на 60.000 тони слад годишно. Новите моќности се насочени кон имплементацијата на најнови технологии и стандарди за енергетска ефикасност и екологија.

  • 04 april 2024Германската банка за развој KfW го поддржа проширувањето на ветерниот парк Богданци во Северна Македонија

    Северна Македонија доби грант во висина на 9,1 милион евра од германската државна банка за развој KfW. Грантот е доделен на државната енергетска компанија Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) за проширувањето на ветерниот парк Богданци, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Финансирањето има за цел да го зголеми капацитетот на објектот од 36,8 MW на 50 MW со подобрувања како што се изградбата на пристапен пат и кабелска мрежа од 20 kV.

  • 02 april 2024Бугарскиот универзитет за архитектура, градежништво и геодезија (УАГГ) пречека гости од албанскиот Barleti University

    Во периодот од 18 до 22 март 2024 година, Универзитетот за архитектура, градежништво и геодезија (УАГГ) во Софија, Бугарија беше посетен од претставници на Barleti University, Тирана, Албанија, како дел од програмата Еразмус+ КА171. Ова го дозна BalkanEnigeer.com од официјалната Фејсбук страница на универзитетот. Посетата собра претставници од двете високообразовни институции со цел размена на искуства и добри практики во областа на архитектурата и управувањето со образовните програми. Гостите од Barleti University беа импресионирани од големината и разновидноста на материјалната база на УАГГ. Пространите сали, лаборатории и простории за обука претставуваа реална визија за образовниот процес од областа на архитектурата и градежништвото во Бугарија.

Види ги сите »