Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Србија ќе разработува платформа за вештачка интелигенција со Huawei

19 november 2019

In Bulgarian   In English   In Romanian  In Serbian

 

Српската влада потпиша Меморандум за разбирање со кинеската мултинационална технолошка компанија Huawei за разработката на платформа за вештачка интелигенција (AI). Проектот ќе добие грант од 11,7 милиони евра од Кина, дозна BalkanEngineer.com од SEENews.com.

 

 

Huawei ќе обезбеди облачна инфраструктура до Државниот центар за податоци во град Крагуевац, каде ќе се разработува AI платформата. Проектот ќе овозможи создавање на најсовремени услуги за електронска влада, засновани врз употреба на вештачка интелигенција. Специјалистите кои ја разработуваат платформата, исто така, ќе работат на развој на образованието, научното истражување, иновациите, науката и економијата.

 

Србија инвестира 30 милиони евра во Државниот центар за податоци, кој сè уште е во фаза на изградба и се очекува да биде завршен во јули 2020 година. Зградата ќе биде сместена на површина од 4 хектари и ќе обезбеди работни места за неколку стотици вработени.

 

Извор на фотографии: pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 19 december 2019Инж. Румен Христов од Стам Лтд: „Задоволен сум кога проектот е извршен беспрекорно и клиентот е задоволен“

    Да си инженер „Динамични и автоматизирани решенија за магацини“ бара полн работен ден, а понекогаш и после тоа. За инж. Румен Христов од Стам Лтд задоволството од беспрекорно извршен проект, задоволни клиенти и солиден тим се моторите кои веќе осум години ја одржуваат неговата желба да развива, проектира и изградува уште посложени и иновативни автоматизирани магацини. За да дознаете што друго тој изјавува за Balkanengineer.com, прочитајте ги следните редови.

  • 18 december 2019Индустриски роботи: Elfin E10 обезбедува флексибилна имплементација во постојните транспортни линии

    Со развојот на компјутерската технологија, се повеќе и повеќе одговорни функции се префрлаат на индустриските роботи и тие може да се видат во многу различни индустриски области. Колаборативните роботи Elfin на Han’s Robot не ги прекинуваат транспортните линии, ја зголемуваат продуктивноста, ги ослободуваат работниците од монотони и тешки рачни операции, имаат голема прецизност и повторливост на движењата со што се намалуваат производствените несреќи и грешките.

  • 17 december 2019Интересот за металургијата собра млади и докажани професионалци во Денот на отворени врати на Осам АД (MTG)

    За степенот на ефективност на различните техники што компаниите ги избираат да го привлечат најдобрите кадри и да ја промовираат својата активност, се водат многу дискусии. Сепак, практиката покажува дека деновите кога тие ќе ги отворат своите врати за да го откријат својот свет се корисни како за гостите така и за домаќините. Таков пристап традиционално избира и Метал Технолоџи Груп (MTG) - бугарски производствен лидер со долгогодишни традиции во областа на металургијата.

  • 11 december 2019АББ Бугарија ја модернизира својата база во град Севлиево, Бугарија

    „Бизнисот „Енергетски мрежи“ на АББ Бугарија ја обнови својата производствена база во град Севлиево. Обновени се производствените капацитети како и административната зграда“, соопштија од компанијата. Базата на АББ Бугарија во градот се наоѓа на површина од 14.500 метри квадратни и во неа се остваруваат активности поврзани со инженеринг, монтажа и тестирање на клучни напонски компоненти за комплетни дистрибутивни уреди со гасна изолација и генераторски прекинувачи. Фабриката, исто така, произведува комплетни кондензаторски уреди и дисконектори.

  • 10 december 2019Филкаб Солар изгради фотоволтаичен систем на пумпи за наводнување во земјоделството

    Тимот на Филкаб Солар е горд на широкиот спектар од успешно реализирани проекти од областа на обновливите извори на енергија, кои ги исполнуваат специфичните барања и потреби на клиентите. Меѓу нив е и неодамна изградениот фотоволтаичен систем на пумпи за наводнување во земјоделството во село Порој, општина Поморие, Бугарија. „Решението е изградено со потопна пумпа со интегриран инвертор, MPP тракер и фотоволтаични панели Winaico WST-250P6“, информираа од фирма МаккаБ ДООЕЛ.

  • 09 december 2019Мега Инженеринг: Имаме долгогодишно искуство во проекти за мониторинг на производствени гасови

    Мега Инженеринг ДОО е докажана бугарска компанија во индустриската автоматизација како и во производството на електрични панели за управување и контрола на процеси. Компанијата исто така нуди комплетен инженеринг, проектирање и разработка на софтвер. „Нашите софтверски решенија се имплементирани во голем број на индустриски полиња и во различни апликации, од кои едната е мониторинг и известување на разни гасови во индустријата“, споделија од бкомпанија.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 22 january 2020Кинески производител инвестира 50 милиони евра во фабрика во Србија

    Кинеската компанија Xingyu Automotive Lighting Systems планира да изгради фабрика во вредност од 50 милиони евра во српскиот град Ниш, дозна BalkanEngineer.com от Economic.bg. Компанијата се занимава со производство на расветни тела за автомобили. Компанијата закупила парцела од 6,6 хектари во индустриската зона на Ниш, со идни планови за нејзино проширување до 13,5 хектари. Xingyu Automotive Lighting Systems има намера да започне со изградба на новото претпријатие во првиот квартал на 2020 година. Во идната фабрика ќе можат да работат 1000 вработени.

  • 20 january 2020Романската Dacian Petroleum стекнува 40 наоѓалишта од OMV Petrom

    Романската групација OMV Petrom, најголемиот производител на нафта и гас во Југоисточна Европа, потпиша договор за префрлувањето на 40 наоѓалишта на нафта и гас во Романија на Dacian Petroleum, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Ова е трет ваков деловен трансфер на компанијата. Вкупното производство на 40-те наоѓалишта е околу 1.700 барели нафтен еквивалент на ден (boe/d), што претставува околу 1% од вкупното производство на OMV Petrom. По потпишувањето на договорот Dacian Petroleum ќе ја насочи својата активност кон продолжување на експлоатациониот век на 40-те наоѓалишта.

  • 15 january 2020Се бара изведувач за проширување на српскиот аеродром во Ниш

    Како резултат на зголемениот број на патници, српскиот аеродром во град Ниш има потреба од проширување и модернизација, за што е отворена јавна набавка, дозна BalkanEngineer.com од eKapija.com. Според објавената документација, капацитетот на аеродромот треба да може да послужи вкупно 604 патници кои пристигнуваат и 604 кои заминуваат. Новата зграда на аеродромот во Ниш треба да има неколку шалтери за регистрација на патниците со багаж и соодветен транспортен систем за да се обезбеди забрзување на протокот на патници на терминалот.

  • 13 january 2020ExxonMobil преговара за продажбата на своите удели во Црно Море

    Американската компанија ExxonMobil преговара со руската групација Lukoil за продажбата на својот 50% удел во својот оф-шор проект во романската делница на Црно море Neptun Deep, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Компанијата ги објави своите намери да ги продаде уделите уште во ноември 2019 година. Со своите 50% во проектот ExxonMobil ги има најголемите оф-шор резерви од гас во романскиот дел на Црно Море, кои изнесуваат од 40 до 80 милијарди кубни метри. Романската групација OMV Petrom ги контролира останатите 50%.

  • 08 january 2020Романскиот ИТ стартап за 13,4 милиони евра излегува на берзата

    Романската стартап компанија AlphaBlock која работи во сферата на ИТ и вештачката интелигенција, размислува да започне првична јавна понуда на берзата во Букурешт во 2020 година, дозна BalkanEngineer.com од Романија-Insider.com. Компанијата исто така ќе бара други можности за добивање на финансирање. На почетокот на 2019 година, романскиот ИТ стартап беше проценет на 13,4 милиони евра. AlphaBlock доби финансирање од еден од најголемите фондови за ризичен капитал во областа на вештачката интелигенција - Real Ventures Fund. Компанијата исто така доби поддршка во забрзувачката програма за стартапи InnovX.

  • 06 january 2020Колку се директните странски инвестиции во Бугарија во 2019 година?

    Директните странски инвестиции во Бугарија продолжуваат да растат и во 2019 година, дозна BalkanEngineer.com од Money.bg. До денешен датум постои тенденција странските капитали да се насочуваат претежно кон индустриски производства и сектори со висока додадена вредност, кои создаваат економски раст и голема вработеност. Нето директните инвестиции се со најголеми износи од Холандија - 422 милиони евра, следува Германија со 233,7 милиони евра и Велика Британија со 168,3 милиони евра. Големите економски зони во Јужна Бугарија, околу Софија, Пловдив, Димитровград и Хасково продолжуваат да привлекуваат поголем дел од странските инвестиции.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 23 january 2020Truck Expo 2020 презентира нови автомобилски концепти во Бугарија

    Светски лидери во индустријата за комерцијални возила ќе се соберат на форумот Truck Expo 2020 во град Пловдив, Бугарија за да ги покажат најновите автомобилски концепти и технологии. Четвртото издание на најголемиот саем за тешки товарни возила во земјава ќе се одржи од 11 до 13 јуни 2020 година, дозна BalkanEngineer.com од организаторите. За време на форумот ќе бидат демонстрирани водечки брендови на тешки и лесни товарни возила, автобуси и специјализирани возила, приколки и полуприколки, хидраулични системи, опрема и додатоци.

  • 21 january 2020Македонија планира дигитализација на економскиот и јавниот сектор

    Северна Македонија бележи раст во сите сектори, како и историски ниски стапки на невработеност, дозна BalkanEngineer.com од Denar.mk. Според министерката за финансии Нина Ангеловска, добрите економски резултати можат дополнително да се забрзаат преку развојот на дигитализацијата во земјата. „Дигитална Македонија“ или „Паметна Македонија“ е визијата што државата сака да ја создаде во наредните години. Македонија планира да ги интегрира технологиите во сите применливи сектори, вклучително и во земјоделството, здравството и образованието.

  • 16 january 2020Бугарска компанија модернизира железничка пруга за 60 милиони евра во Србија

    Бугарската градежна компанија Трејс Груп Холд потпиша договор за модернизација и рехабилитација на железничката делница Ниш - Брестовац во Србија, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на компанијата. Вредноста на зделката изнесува 59,9 милиони евра. Проектот се кофинансира од Европската унија како и од Владата на Република Србија. Нарачувач е Министерството за финансии на Република Србија, со краен рок на изведба од 1005 календарски дена.

  • 14 january 2020Софтверска компанија отвора развоен центар во Северна Македонија

    Бугарската софтверска компанија ScaleFocus навлегува на пазарот на Северна Македонија со отворање на развоен центар во град Скопје, дозна BalkanEngineer.com од Economy.bg. Во наредните години, компанијата планира да создаде повеќе од 300 работни места за софтверски специјалисти кои бараат работа на меѓународни проекти за клиенти од целиот свет. Според извршниот директор на ScaleFocus, Пламен Цеков, компанијата одлучила да инвестира во нов развоен центар во Скопје, благодарение на успешната соработка со ИТ експерти од Северна Македонија во последните години.

  • 09 january 2020Ја купија српската компанија за одржување на авиони Jat Tehnika

    Чешката компанија Avia Prime потпиша договор за стекнувањето на српската компанија за одржување на авиони Jat Tehnika, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Објектот, до сега сопственост на Jat Tehnika, се наоѓа на белградскиот аеродром Никола Тесла и ќе биде четвртото место за поддршка на авиони на Avia Prime. Jat Tehnika е основана на 1 јануари 2006 година, одвојувајќи се од компанијата Jat Airways која го води својот почеток пред 85 години. Денес, со својата долгогодишна традиција во техничкото одржување на авиони, Jat Tehnika има најдобро опремен центар за одржување на воздухоплови во Југоисточна Европа.

  • 07 january 2020Претстои изградба на нов ветерен парк во Србија

    Компанијата Maestrale Ring со седиште во град Белград планира да изгради голем ветерен парк во северна Србија во близина на град Суботица, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Вредноста на инвестицијата може да достигне 700 милиони евра. Ветерните турбини ќе се протегаат на земјиште од 10.800 хектари и ќе произведат електрична енергија со снага 600 MW што е доволно за снабдување на половина милион домаќинства. Локалната општина е решена да ги изгради потребните патишта околу централата, кои ќе ги користат не само изведувачите, туку и фармерите.

Види ги сите »