Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Македонија пушта мерни станици за фини честички прашина

10 october 2019

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Северна Македонија планира да пушти за следната зимска сезона десет станици за мерење на квалитетот на амбиеталниот воздух, дозна BalkanEngineer.com од соопштение на Denar.mk. Опремата ќе ја мери концентрацијата на фини честички прашина PM10.

 

 

 

За време на конференција на која се дискутираа теми за климатските промени, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска изјави дека пет станици во земјава веќе се во функција од почетокот на септември. Планирана е набавка на уште пет мерни станици, кои исто така треба да бидат пуштени најдоцна до почетокот на декември годинава.

 

Фините честички прашина од 10 микрони (PM10) се едни од главните загадувачи на амбиеталниот воздух. Во претходната зимска сезона, кога загадувањето на воздухот беше највисоко, повеќето мерни станици во земјава не беа во функција.

 

Извор на фотографии: pixabay.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 26 may 2020ФАНУК Бугарија: FANUC го продолжува рокот за бесплатна пробна употреба на CNC Guide и ROBOGUIDE

    „Во овие тешки времиња со кои се среќава светот, мисијата на компанијата е да ги поддржува своите клиенти во нивните напори за поефикасна работа и зголемување на продуктивноста. Затоа, FANUC го продолжува периодот на бесплатна пробна употреба на CNC Guide и ROBOGUIDE до 30 септември 2020 година, а корисниците можат да ги преземаат и двата софтвери откако ќе се регистрираат на сајтот во порталот MyFANUC“, соопштија од ФАНУК Бугарија за BalkanEngineer.com.

  • 15 may 2020Megger организира бесплатни вебинари за обука во текот на целата 2020 година. Погледнете ги темите!

    „Условите во кои е ставен светот денес е беспорно го менуваат начинот на работа и обука, заедно со која било друга секојдневна активност. Но, во противтежа на физичката изолација, знаењето станува се подостапно. Светот оди преку Интернет, а со него и образованието. Megger не заостанува од трендот и подготви разновидна програма од виртуелни состаноци за да им бидеме уште покорисна на нашите клиенти и партнери“, коментираа од бугарската подружница.

  • 13 may 2020Систем за далечинско известување за природен гас на Унисист Инженеринг обезбедува податоци во реално време

    Системот UDS на бугарската производствена компанија Унисист Инженеринг е наменет за далечинско известување на количините на природен гас преку мерни места сместени на територијата што ја послужува соодветната компанија за гас. Таа поседува интелигентен софтвер кој овозможува континуиран пристап до податоците од преносната мрежа на гас во реално време. „Интерфејсот базиран на WEB на системот за далечинско известување обезбедува контрола врз базата на податоци и прикажување на информации во соодветна форма“, споделија од компанијата за BalkanEngineer.com.

  • 05 may 2020Т и Д Инженеринг: „Квалитетот на понудените од нас производи и услуги е потврден со соодветни сертификати“

    Основана во 2004 година, докажаната бугарска компанија Т и Д Инженеринг ги насочува своите активности кон инженерингот во областа на енергетиката, електротехниката и електрониката, нудејќи услуги за проектирање и производство. „Нашето портфолио е исклучително разновидно - од изградба на индустриски мрежи на програмибилни контролери и средства за автоматизација, до проектирање на трафостаници, реконструкција и модернизација на кранови“, информираа за BalkanEngineer.com. од Т и Д Инженеринг.

  • 04 may 2020Сите високоефикасни разменувачи на топлина од марката Tesy ја вклучуваат патентираната технологија турбулатор

    Дали знаете која е функцијата на разменувачите на топлина во бојлерот? И што е турбулатор? За да ги разјасниме овие прашања ги контактиравме специјалистите на Теси. Бугарскиот производител на електрични бојлери и уреди за греење е меѓу водечките во Европа, при што производствениот капацитет на компанијата е 1,5 милиони уреди годишно. Производите со марката Tesy се продаваат во повеќе од 54 земји низ целиот свет, при што прометот на компанијата во 2019 година надминува 72 милиони евра.

  • 29 april 2020Мегер Бугарија: Кои се главните тестови на трансформатори и каква опрема се користи за нив?

    „Електричните трансформатори се една од најважните компоненти на електричните системи. И нивната точност и сигурност се од клучно значење за наплатливоста на плаќањата. Затоа е неопходно тековните заштитните електрични трансформатори да одржуваат точност преку широк опсег за да го обезбедат правилното функционирање на заштитата со релеи и да спречат несакани исклучувања“, изјавија за BalkanEngineer.com од Мегер Бугарија – подружница на светскиот лидер за мерна опрема Megger.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 26 may 2020ИТ секторот во Србија бележи зголемени нивоа на инвестиции

    ИТ секторот во Србија бележи долгорочен раст, растејќи на меѓународните пазари главно преку извоз на ИТ услуги, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Браншата исто така бележи напредок на домашниот пазар, достигнувајќи инвестиции од над 80 евра по глава на жител. Иако овие бројки се уште се далеку од просечното ниво на ИТ инвестициите во Европската унија од 800 евра по глава на жител, до 2025 година инвестициите во ИТ секторот во Србија би можеле да достигнат до 150 евра, истовремено одржувајќи го сегашното ниво на раст.

  • 20 may 2020Германски производители на електрични компоненти градат фабрики во Србија

    Германските компании за електроника HDT и A2000, специјализирани за производство на печатени плочи, ја финализираат изградбата на нивните фабрики во град Свиланац, Србија. Се очекува во двете претпријатија да бидат вработени вкупно 200 висококвалификувани работници, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Фабриката HDT ќе зафаќа површина од 2000 метри квадратни и ќе биде идното работно место на 100 вработени.

  • 18 may 2020Continental бара инженери и техничари за својата фабрика во Романија

    Германската групација Continental, која управува фабрика за електронски компоненти во романскиот град Сибиу, продолжува да ангажира нови работници и покрај вонредната состојба предизвикана од ширењето на COVID-19, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Со своите 4500 вработени, таа е најголемата фабрика во Западната индустриска зона на градот. Според зборовите на претставник на компанијата, не се извршени отпуштања на вработени и продолжува вработувањето на нови кадри.

  • 13 may 2020Романски стартап имплементира роботи за обработка на барања во банки

    Романската стартап компанија Future WorkForce е креатор на софтверски робот за обработка на барања што банките ги добиваат од клиенти кои сакаат да ги одложат своите уплати, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Две банки веќе ја интегрираа технолошката иновација, која има капацитет да обработува 240 барања на час. Иновативното решение може да ги обработува барањата испратени од клиенти преку сите дигитални канали на банките - преку онлајн формулар преку веб сајтот на институциите, е-пошта, како и кореспонденција преку апликација chatbot.

  • 11 may 2020Green Miles Chemicals инвестира во нова фабрика во Србија

    Хемиската компанија Green Miles Chemicals планира да изгради нова фабрика во индустриската зона во град Зрењанин, Србија, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Претпријатието ќе биде наменето за производство на трибутил фосфат. Проектираниот капацитет на фабриката, која ќе биде опремена со три производствени линии, ќе биде 6000 тони годишно. Технологијата на производството е проектирана и ќе биде испорачана од кинеската компанија Tianjin Green-Chem-Engineering Chemical Technology. Инвестицијата вклучува изградба на административна зграда, производствен дел, резервоари и поврзани објекти.

  • 07 may 2020Thrivity.mk е новата онлајн платформа за работа во Македонија

    Пребарувачот нуди иновативен концепт кој има за цел значително да го подобри стандардниот процес на барање работа, охрабрувајќи отворен, транспарентен и конкурентен пазар на труд со фокус на компетенциите и квалификациите на луѓето. Thrivity е платформа каде барателите на работа и компаниите можат да регистрираат свои профили користејќи претходно дефинирани критериуми. При објавување на оглас од страна на некоја компанија, Thrivity ги идентификува потребите на работодавачот и го поврзува со профили на луѓе кои би биле потенцијални кандидати за слободното работното место.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 21 may 2020Rehau Скопје со дигитален саем за иновативни решенија за прозорци

    Како резултат на глобалната криза од ширењето на корона вирусот, многу настани беа откажани, меѓу кои и саемот за фасадни решенија, врати и прозорци во Нирнберг, Германија. И покрај тоа, производителот Rehau наоѓа начин да ги претстави своите иновации во областа на прозорските системи за 2020 година, организирајќи виртуелен саем, дозна BalkanEngineer.com од компанијата. Покрај производството на прозорци и профили, Rehau ја специјализира својата активност и за развој на комплетни решенија, вклучувајќи интелигентни додатоци, системи за лизгање и безбедносни решенија, создавајќи додадена вредност за своите клиенти.

  • 19 may 2020Бугарија со Меѓународен технички саем во Пловдив во есен

    Најголемиот индустриски саем во Бугарија - Меѓународен технички саем, ќе се одржи од 14 до 19 септември 2020 година во град Пловдив. Минатогодишното издание на настанот пречека фирми од 34 земји, кои демонстрираа технолошки иновации и трансформации во бизнисот. а да се исполнат барањата на бизнисот од 21 век, ќе бидат додадени модерни елементи и флексибилни изложбени решенија - тематски зони и специјализирани секции, со цел да се покажат и истакнат поединечните сектори. Саемот ќе вклучува и зони за демонстрација, каде техниката ќе биде претставена во акција за да се демонстрираат нејзините квалитети.

  • 14 may 2020Србија со меѓународна конференција за решенија за обновливи извори на енергија во оваа есен

    Осмото издание на Меѓународната конференција за обновливи извори на електрична енергија ќе се одржи во Србија во октомври 2020 година. Настанот ќе биде посветен на истражувањата и развојот на технологиите за обновливи извори на енергија и енергетската ефикасност. Конференцијата е во организација на Сојузот на машински инженери, електроинженери и техничари во Србија (SMEITS) и Асоцијацијата за обновливи извори на енергија и ќе се одржи во главниот град Белград на 15 и 16 октомври 2020 година.

  • 12 may 2020Бугарска компанија во подготовка за лансирање на втор сателит

    Бугарската компанија за нано-сателити Endurosat продолжува со развојот на сателитски комуникациски услуги и ќе се подготвува за лансирање на втор сопствен сателит. Денес, Endurosat планира да го лансира својот втор сателит кон крајот на 2020 година или почетокот на 2021 година. Тој ќе се поврзува со IoT копнени уреди, што ќе овозможи употреба на собраните податоци, а услугата ќе биде наплатена со плаќање на претплата за нивното регуларно примање. Бугарската компанија Endurosat е меѓу првите инвестиции на фондот Neo Ventures, која во 2017 година привлече 1 милион евра финансирање.

  • 08 may 2020ЕБОР со стратегија за економско обновување на Романија

    На 24 април 2020 година, Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) ја одобри својата нова стратегија за обновување на економијата во Романија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Документот ќе ги раководи инвестициите и посветеноста на банката во земјата во текот на следните пет години. Банката ќе продолжи да поддржува диверзификација во финансискиот сектор, придонесувајќи за развој на локалните пазари на капитал и финансиски решенија. За зголемување на пристапот до финансирање за малите и средни претпријатија ЕБОР ќе соработува со други банки и небанкарски финансиски институции.

  • 05 may 2020Српскиот производител на гуми Tigar Tyres ја обновува својата активност

    Српскиот производител на автомобилски гуми Tigar Tyresја обновува својата активност на 4 мај. До 4 мај раководството на Tigar Tyres мора да создаде услови за започнување на производство со полн капацитет, во согласност со препораките и одлуките на српските власти. Активноста во компанијата, лоцирана во град Пирот, мора да биде организирана и во согласност со превентивните и хигиенските мерки разработени од Michelin Group, во чии рамки работи компанијата. Компанијата Tigar Tyres е основана во далечната 1935 година во Пирот како работилница за производство на гумени производи и чевли.

Види ги сите »