Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Италијански производител инвестира 14 милиони евра во фабрика во Романија

25 july 2019

In Bulgarian   In English   In Romanian   In Serbian

 

Италијанската групација Guala Pack, која произведува флексибилни пакувања за фармацевтската и прехранбената индустрија, планира да инвестира 14 милиони евра во нова фабрика во Романија, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Компанијата е светски лидер во производството на пакувања „пауч“ за прехранбени и непрехранбени производи.

 

 

Новиот производен објект е дел од инвестицискиот план на Guala Pack, кој има за цел да го прошири бизнисот на компанијата во Романија и соседните земји. Инвестицијата ќе биде финансирана со издавање на обврзници во вредност од 14 милиони евра.

 

Италијанската групација е присутна во Романија од 2011 година со фабрика во близина на град Арад во западниот дел на земјата. Според официјални податоци, за романската подружница на Guala Pack работат околу 270 лица.

 

Извор на фото материјал: Guala Pack 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 19 september 2019Вода за пиење без Легионела со термостатскиот вентил Aquastrom T plus на Oventrop

    Висококвалитетната вода за пиење е право на секој човек, а во наше време, вредниот ресурс е предмет на строги упатства и контроли. Стагнантната вода зад водомерот, старите или преголеми резервоари за складирање, како и слабо изолираните цевководи, сепак, се одлични „домаќини“, погодни за развој на штетни патогени бактерии. Меѓу нив е и Легионела! Германскиот производител Oventrop е докажано име меѓу компаниите кои инвестираат во целосни решенија за борба со Легионела.

  • 18 september 2019Стам Лтд проектира, испорачува и имплементира мобилни гравитациони сталажи во производствена хала на Готмар

    Стам Лтд е компанија специјализирана за проектирање, испорака, монтажа, сервис и целосен инженеринг на сите типови магацински системи и решенија. „При изготвување на проектот за магацинскиот систем Готмар, моравме да обезбедиме максимален број гравитациони сталажи со минимална цена, вклучително и проектирање и монтажа на нестандардни сталажи, од кои секоја мораше да биде индивидуално прилагодена на потребите на клиентот“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма Стам.

  • 17 september 2019BHTC со последователно признание за иновативен производ. Придружете му се на победничкиот тим!

    Водечкиот германски производител на решенија за индустријата за автомобили Behr-Hella Thermocontrol (BHTC) ја доби престижната награда „Innovation Award Lippstadt“ за својот иновативен производ – метален блок со сензорна технологија. „Наградата е во категоријата „Економија“ и беше доделена на официјална церемонија за време на која беа доделени награди за иновативни разработки од компании, лоцирани во регионот на Липштат, Германија“, информираа од Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ (BHTC) Бугарија.

  • 16 september 2019Additive Days: Beyond the Hype – преродба на концептот и уште поимпресивни размери со нови датуми во 2020 година

    Нови датуми за форумот Additive Days најавија организаторите. Второто издание на конференцијата ќе се одржи од 20. до 23. февруари 2020 година наместо во октомври годинава. „Се поголемениот интерес за 3D технологијата и нашата желба да ги покриеме сите аспекти на темата, како и да ја задоволиме потребата се повеќе производствени компании кои користат 3D печатењето, беа факторите кои го определија донесувањето на ова одлука од наша страна“, соопштија од компанијата-организатор B2N.

  • 13 september 2019FANUC – партнер на Првиот меѓународен шампионат по програмирање на роботи

    Светски лидер во индустриската автоматизација и роботизација FANUC и глобалната организација WorldSkills, промовирајќи го развојот на професионалните и техничките вештини и компетенции, се здружија во спроведување на проект за поддршка на млади специјалисти во ревитализацијата на роботите. Оваа година двајцата партнери беа домаќини на меѓународен натпревар за системски интегратори за роботизирани решенија, што се одржа во Казан, Русија, информираа од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

  • 12 september 2019Стадионот на Борусија Дортмунд нуди енергетска ефикасност без аналог со пумпните решенијата на Wilo

    Во деновите во кои живееме, одговорноста за животната средина одамна не е задача со која се соочуваат само големите производствени претпријатија. И пример за тоа е еден од милениците на фудбалските навивачи ширум светот – Борусија Дортмунд. По завршувањето на третата фаза од проширувањето на тимскиот стадион во Дортмунд, спортскиот објект се рангира меѓу најголемите стадиони во Европа. За неговото непречено функционирање помага интелигентната пумпа Wilo-Stratos MAXO.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 september 2019John Deere планира изградба на логистички центар во Србија

    Американскиот производител на земјоделска техника и машини John Deere планира изградба на логистички комплекс во Србија. Вредноста на проектот е помеѓу 5 и 6 милиони евра. Логистичкиот објект ќе се гради во град Сремска Митровица, кој се наоѓа во северниот дел на земјата. Според зборовите на српскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ, компанијата неодамна се здобила со парцела во градот за изградба на комплексот. Идните планови на компанијата вклучуваат изградба на вкупно шест такви логистички центри во Србија.

  • 16 september 2019Македонија со проект за обука на front-end разработувачи

    Здружението за регионален развој Balkan Economic Forum во соработка со академијата Everest стартува проект за обука на кадри во сферата на веб развојот во Северна Македонија, дозна BalkaEngineer.com од Denar.mk. Целта на проектот е да се обучат избрани кандидати за работното место Front-end разработувач“ на кои потоа ќе им се помогне да најдат работа преку мрежа од над 150 ИТ компании. Обуката ќе се реализира преку комбинација на видео настава, самостојна обука и онлајн консултации со ментор. Проектот ќе покрие 80% од трошоците за обука.

  • 11 september 2019Кинеска компанија заинтересирана за изградба на фабрика во Бугарија

    Alfa Bus е првиот кинески производител на електрични автобуси, сертифициран од Европската унија. По официјалната посета на компанијата на Бугарија, беше јасно дека компанијата го истражува пазарот на земјата за потенцијални инвестиции, дозна BalkanEngineer.com. Двете страни ги разгледаа можностите за соработка, при што кинескиот производител покажа огромен интерес за изградба на фабрика за склопување на електрични автобуси во Бугарија.

  • 09 september 2019Инвестираат 200 милиони евра во најголемата романска челичана

    Како нов сопственик на најголемата романска челичана компанијата Liberty Steel планира да инвестира 200 милиони евра во неа. Во јули годинава компанијата се здоби со седум претпријатија во Чешка, Романија, Северна Македонија, Италија и Белгија од групацијата ArcelorMittal за 740 милиони евра. Според зборовите на генералниот директор на Liberty Steel, компанијата планира вкупна инвестиција од повеќе од 400 милиони евра за седумте ново стекнати производствени претпријатија за да го прошири своето портфолио на производи и да го подобри квалитетот на производите.

  • 04 september 2019Анонимен инвеститор со планови за нов индустриски парк во Србија

    Анонимен инвеститор планира да изгради нов индустриски парк во град Стара Пазова во близина на српскиот главен град Белград, дозна BalkanEngineer.com од CIJEurope.com. Се очекува градежните активности да започнат кон крајот на 2019 година. Со своите четири индустриски зони кои заземаат површина од околу 1500 хектари, српскиот град Стара Пазова нуди поволни услови што се погодни за овој вид големи инвестиции. Таму се наоѓаат производствените претпријатија на голем број етаблирани компании, вклучувајќи ги Mercedes-Benz, Nestle, Volvo, DHL и Muhlbauer.

  • 02 september 2019Македонија ја организира првата Балканска средба на претприемачи

    Првата Балканска средба за претприемништво „Balkan Entrepreneurship Summit“, организирана заеднички од Creative Hub и Македонската стопанска комора, ќе се одржи на 13 септември 2019 година во град Скопје, Северна Македонија. Настанот ќе продолжи цел ден и ќе се одржи во хотел Doubletree. Уникатниот настан, чија цел е да се помогне економскиот развој и да се отворат нови деловни можности во регионот, ќе собере повеќе од 30 говорници во македонскиот главен град. Се очекува на состанокот да присуствуваат претприемачи од Македонија, Албанија, Бугарија и Србија.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 19 september 2019Чешката групација CEZ ја започна продажбата на своите романски активи

    Чешката компанија за електродистрибуција CEZ ќе го започне процесот за продажба на своите активи во Романија во октомври оваа година, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Компанијата планира идните зделки да бидат финализирани до 2022 година. Компанијата објави дека започнува прелиминарен „пазарен тест“ за проценка на интересот на инвеститорите пред реалниот процес на продажба на романските активи. Групацијата планира да продаде седум компании.

  • 17 september 2019Производител на стакло инвестира 29 милиони евра во фабрика во Бугарија

    Португалскиот производител на стакло ВА Glаѕѕ инвестира 29 милиони евра во нова опрема за својата фабрика во град Пловдив. Производствениот капацитет на компанијата веќе достигна 1205 тони стакло за пакување на ден. Од своето влегување на бугарскиот пазар во 2017 година, ВA Glаѕѕ произведува шишиња за вино, пиво, жесток алкохол и безалкохолни пијалаци, тегли за храна и други производи. Компанијата ги извезува своите производи во повеќе од 20 земји.

  • 12 september 2019Раст на индустриското производство во Северна Македонија

    Северна Македонија забележува раст од 5,8% на нејзиното индустриско производство во месец јули во споредба со истиот месец лани. Секторот рударство и вадење на природен камен се зголеми за 15,7%, а снабдувањето со електрична енергија и испораката на гас за цели 51,8%. Северна Македонија бележи двојно зголемување во енергетскиот сектор од 53,9%. Производството на трајни производи за широка потрошувачка исто така покажува раст за 16,9%, капиталните производи за 12,5% и нетрајните производи за широка потрошувачка за 5,2%.

  • 10 september 2019Србија може да започне со производство на нов модел автомобил Fiat

    Во последните неколку месеци српските медиуми информираат за воведувањето на нов модел Fiat во производствената програма на Fiat Chrysler Automobiles (FCA) во град Крагуевац, Србија. Фокусирајќи се на развојот на автомобили од серијата 500, компанијата ќе започне со производството на Fiat 500 Giardiniera до 2021 година. Новиот модел Giardiniera исто треба да има и електрична верзија. Според зборовите на раководителот на меѓународната марка, во Србија може да биде воведен и SUV Fiat автомобил до 2021 година.

  • 05 september 2019Јужнокорејска групација гради фабрика за автомобилски делови во Романија

    Производителот на компоненти за автомобилската индустрија GMB Romania Auto Industry е во процес на изградба на нова фабрика во близина на град Питешт во Романија. Објектот се очекува да биде завршен во 2020 година. Романската компанија е дел од јужнокорејската групација GMB Korea и произведува пумпи за вода за моторни возила, што ќе биде главната активност на идното претпријатие. Компанијата инвестира вкупно 9,1 милиони евра во новата фабрика.

  • 03 september 2019Виа експо со конференција за одржување на индустриски објекти „БЕЗ хаварии“ во Пловдив, Бугарија

    Виа Експо организира конференција за одржување на индустриски објекти и згради и спречување на хаварии на 14 и 15 ноември 2019 година во гранд хотел „Пловдив“, Бугарија. Настанот, кој ќе се одржи под наслов „БЕЗ хаварии“, ќе вклучува и придружен изложбен дел. Индустрискиот форум „БЕЗ хаварии“ ќе презентира решенија за правилно одржување на инсталации и згради кои обезбедуваат економичност и ефикасност во производството, ги елиминираат неповолните последици врз животот на луѓето и животната средина.

Види ги сите »