Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Настан

Иновативни производи во сферата на Hi Tech и Robotization ќе бидат презентирани на форум во Софија, Бугарија

09 november 2017

In Bulgarian.   In English.   In Romanian.   In Serbian.

 

Бугарската Конфедерација за Иновации организира Меѓународен бизнис форум под наслов „Идната форма на соработка меѓу иноватори и инвеститори“, дозна BalkanEngineer.com од Извршната агенција за промоција на малите и средни претпријатија кон Министерството за економија.

 

 

Настанот ќе се одржи на 11 ноември 2017 година во салата „Џон Атанасов“, Софија Тех Парк, бул. Цариградско шосе бр. 111, град Софија. На меѓународниот бизнис форум иноваторите и инвеститорите ќе можат да разменат искуства меѓу себе во областите Hi Tech и Robotization. Во оваа област ќе бидат презентирани 20 нови производи, а посетителите ќе бидат блиску до 500 инвеститори од различни бизнис сектори.

 

Бугарската конфедерација за иновации е непрофитна организација, основана во 1999 година и се состои од меѓународни организации, банки и универзитети, која ја цели изградбата на нови партнерства во бизнисот.

 

Повеќе информации за настанот можете да најдете ТУКА.

 

Извор на фото материјал: Бугарска Конфедерација за иновации 

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 02 january 2019MTG бара партнер за извршување на топла галванизација со потопување и топло поцинкување

    Докажаната бугарска фирма Метал Технолоџи Груп АД бара нов партнер за извршување на специјални покритија на детали што се произведени од друштвото. Во структурата на холдингот се вклучени три леарници – Осам, Алуком и Центромет, кои произведуваат производи со различни технологии. „За да обезбедиме висококвалитетна и комплетна продукција за нашите клиенти, имаме потреба од партнер, специјализиран во нанесувањето на електрично покритие од цинк и реализацијата на топла галванизација со потопување“, соопштија од компанијата.

  • 21 december 2018Автожир Kallithea лета над Нов Зеланд! А тебе те очекува Niki Rotors Aviation за летачки почеток во кариерата

    „За разлика од хеликоптерот, автожирот смета на ротирачките пропелери на роторот за издигнување, а за движење во хоризонтална насока – соодветно на мотор, вклучен во вртечко туркачка конфигурација. Тони Унвин од Нов Зеланд веќе многу години лета на автожир. Зголемувањето на бројот на овој тип летала во странство во голема мера се должи на него. Најновиот автожир кој тој го купува за својата воздухопловна школа, е нашиот автожир Kallithea“, раскажаа од фирма Ники Ротор Авијешан ДОО.

  • 20 december 2018Melexis: Сензорската технологија и ToF камерите ќе ги формираат автомобилите на иднината

    Melexis е светски лидер во развојот и производството на сензори за индустријата и автомобилската индустрија. Во Бугарија е позиционирано најголемото производствено друштво во структурата на компанијата – Мелексис Бугарија ДООЕЛ. „Сензорите се незаменлив дел од секој модерен автомобил, исполнувајќи многу и различни задачи. Благодарение на нив, возењето веќе е побезбедно, полесно и полека оди кон целосна автоматизација“, изјавија од Мелексис Бугарија.

  • 19 december 2018Целосен спектар на активности поврзани со модернизација на средства за автоматизација врши ТиД Инженеринг

    Во услови на високо конкурентна пазарна средина, ефикасноста на производството е клучен фактор за успешниот развој на секое претпријатие. „Дел од бугарските претпријатија имаат морално и физички застарена технолошка база, што има негативно влијание врз нивната продуктивност и рентабилност на нивните производни активности. Можно решение во оваа ситуација е реконструкција и модернизација на постојната опрема, вклучувајќи ги и средствата за автоматизација“, коментираа од докажаната инженерска фирма ТиД Инженеринг ДООЕЛ.

  • 18 december 2018BHTC: „Чесност и одговорност се личните квалитети кои ги цениме највисоко кај нашите вработени“

    „Чесноста и одговорноста се најважните лични квалитети кои Бер-Хелла Термоконтрол ги бара кај своите вработени“, изјавија од компанијата. Бугарското друштво е дел од структурата на германскиот производител на електроника за клима системи за автомобилската гранка BHTC и во искрен разговор HR експертите споделија што е најважно, за да бидат вработените во компанијата вистински тим. Во 2018 година бугарската компанија започна големо проширување на своите производствени капацитети.

  • 17 december 2018Регулационите вентили на Oventrop обезбедуваат удобност и висока ефикасност во ICC во Сиднеј

    Со површина од 7.692.000 километри квадратни и многубројни природни знаменитости, државата која зафаќа цел континент - Австралија е популарна туристичка дестинација. А импресивната архитектура на Меѓународниот конгресен центар (International Congress Centre (ICC)) во град Сиднеј исто така е „магнет“ за гостите на градот. Изградбата на зградата започнува во 2014 година, по уривањето на старата зграда. Новиот ICC центар може да се пофали не само со архитектура, но и со модерен систем за греење и ладење.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 january 2019Skanska инвестира во канцеларискиот комплекс Кампус 6 во Букурешт, Романија

    Романската подружница на една од водечките светски градежно-инвестициски компании Skanska инвестираше 76 милиони евра во изградбата на вториот дел од канцеларискиот комплекс Кампус 6 во Букурешт, Романија. Тој вклучува изградба на две нови канцелариски згради – Кампус 6.2 и Кампус 6.3. Секоја од двете згради ќе вклучува 11 надземни катови и подземен паркинг на две нивоа, при што се нуди површина за изнајмување соодветно од 19.800 метри квадратни и 17.800 метри квадратни.

  • 14 january 2019Повеќе од 150 милиони евра се инвестиции во Тракија економска зона, Бугарија во 2018 година

    Во 2018 година повеќе од 150 милиони евра беа инвестирани во Тракија економска зона во близина на Пловдив, Бугарија. Инвестираните средствата се како од нови инвеститори така и од постојни, кои ги прошируваат нивните производствени активности. Инвестиционите проекти доведоа до раст на платите во регионот за 9,1 %, дозна BalkanEngineer.com. Благодарение на инвестициите во регионите Куклен и Марица, Бугарија, можно е да се изгради потребната нова инфраструктура.

  • 09 january 2019Amphenol Automotive Technology отвори нова фабрика во Трстеник, Србија

    Американската компанија специјализирана за производство на автомобилски кабли, Amphenol Automotive Technology отвори нова фабрика во Трстеник, Србија, дозна BalkanEngineer.com од SerbianMonitor.com. Amphenol Automotive Technology е присутна во Србија од август 2018 година, а досега 130 вработени работеле во постојната фабрика. Новата фабрика, со површина од речиси 7.000 метри квадратни, ќе понуди околу 1.000 работни места. Аmрhеnоl Аutоmоtіvе Тесhnоlоgу е дел од Аmрhеnоl Соrроrаtіоn, што се наоѓа во Конектикат.

  • 07 january 2019Во Македонија 65 компании добија кофинансирање за свои проекти

    Во Македонија 65 компании добија бесплатно кофинансирање за извршувањето на нивни проекти. Средствата беа врачени во рамките на Столб 3 од Планот за економски раст на земјата. Досега околу 130 компании добија финансирање за нивните проекти. Специјалистите го сметаат овој факт како доказ дека планот за економски раст ја постигнува својата цел. Вкупниот износ на новите инвестиции во економијата со втората група на финансирани компании изнесува вкупно 824 828 614 македонски денари (13 425 954 евра).

  • 03 january 2019Трансгаз објави јавно наддавање за избор на градител на гасовод од Црно Море

    Романската гасоводна компанија Трансгас објави јавно наддавање за избор на градител на гасовод што ги поврзува Црно Море со коридорот БРУА во вредност од околу 290 – 335 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од Romania-Insider.com. Јавната набавка која Трнасгаз ја објави во декември, опфаќа делница од 308 километри која се протега од Црно Море до Подишор - точка од маршрутата БРУА што ќе ги поврзува Бугарија, Романија, Унгарија и Австрија.

  • 02 january 2019Бугарската компанија СИН Карс планира производство на електрични возила

    Бугарската компанија СИН Карс, дизајнер и производителот на тркачки автомобили, планира јавна понуда на корпоративни акции на берзата, за да започне масовно производство на градски електрични возила во 2019 година. За таа цел ќе објави за продажба 40% од акциите, како резултат на што се очекуваат приходи од 10 милиони евра. „Во моментов располагаме со технологијата и капацитетот да произведуваме до 300 електрични возила годишно, но сакаме да собереме капитал, за да изградиме линија за монтажа за 15 000 парчиња годишно“, коментираа од фирмата.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 15 january 2019Во Македонија доделија специјални награди во областа на градежништвото и архитектурата

    Во декември 2018 година Комората на овластени архитекти и овластени инженери на Република Македонија наполни 11 години од своето постоење. По повод прославата беа доделени награди и благодарници. Наградите беа поделени во 4 насоки. Награда „Проф. д-р Александар Цане Ангелов“ во Одделението на градежни инженери ја доби Проф. д-р Голубка Нечевска-Цветановска. Првенец во категоријата за архитекти и урбанисти и добитник на наградата „Проф. Борис Чипан“ стана Рафаил Влчевски.

  • 10 january 2019Автомобилската индустрија е секторот со најдобри резултати во Романија во 2018 година

    Во речиси цела 2018 година индексот на индустриско производство во Романија е со 4% повисок отколку во 2017 година, при што најдобри резултати се забележани во производството на автомобили, електрична опрема и фармацевтски производи. Кон крајот на 2018 година индустријата генерира забавување на економскиот раст, при што главната причина е стеснетиот пазар на трудот. Но тој е исто така главен двигател за инвестиции во технологија и опрема за зголемување на ефикасноста.

  • 08 january 2019Фирма Инаут Трејд, Бугарија, во партнерство со грчка курирска компанија

    Компанијата Инаут Трејд со седиште во град Русе, Бугарија, која се занимава со магацински менаџмент и исполнување на услугите стана партнер на грчката курирска компанија Biz Courier & Logistics, дозна BalkanEngineer.com. Главната дејност на компанијата од град Русе вклучува магацински менаџмент и исполнување на услуги кои влијаат на целиот процес за сервисирање на нарачките во една електронска продавница. Барањето на нови оптимизирани услуги води до склучување на договор со грчката компанија која ќе го отвори во град Русе, Бугарија својот осми европски магацин.

  • 04 january 2019Aptiv ќе го прошири своето производство со нова фабрика во Заечар, Србија

    Британската компанија Aptiv која се занимава со производство на електронска и електрична опрема за автомобили планира да ја прошири својата производствена дејност со отворање на нова фабрика во Заечар, Србија. Новото производствено претпријатие ќе биде сместено на површина од 40.000 метри квадратни и се очекува да обезбеди околу 5.000 работни места. При нивното пополнување работодавачот ќе бара и ангажира специјалисти од целиот Тимочки регион.

  • 03 january 2019Адора инженеринг е добитник на наградата „Македонски квалитет“ за 2018 година

    Градежната фирма Адора Инженеринг ја доби наградата за македонски квалитет во 2018 година. Наградата му беше врачена на основачот на компанијата, проф. д-р Ванчо Чифлиганец, лично од д-р Ѓорѓе Иванов, претседател на Република Македонија,. „Оваа престижна награда е дел од 40-те национални и меѓународни награди што Адора инженеринг ги има добиено за 17 години работење како лидер во високоградбата и е од особена важност за нас", забележа основачот на компанијата.

  • 20 december 2018P3 гради нов логистички парк во близина на Букурешт, Романија

    Паневропскиот логистички претприемач P3 Logistic Parks купи место за изградба на нов логистички парк со површина 16 хектари во Драгомирешти-Вале, во близина на Букурешт, Романија, дозна BalkanEngineer.com од компанијата. Новиот логистички парк со име P3 Bucharest NW Ring Road ќе се гради на површина од 80 000 метри квадратни, а неговата локација му овозможува директен пристап до главните патни артерии на романската престолнина. „Ова е петтиот нов парк кој го додаваме кон нашето паневропско портфолио оваа година“, соопшти Иан Ворбојс, извршен директор на P3.

Види ги сите »