Wilo Group – докажан развивач и производител на пумпни системи и решенија за одржливост, направи повторно успешно учество на меѓународниот саем ISH 2025. Форумот, кој е еден од најголемите во светски димензии во областа на греење, вентилација и климатизација и водовод и канализација, се одржа од 17 до 21 март оваа година на својата традиционална локација во Франкфурт, Германија. „Главната порака на Wilo за време на овогодинешниот ISH беше „Ние нудиме одржливи решенија“, што целосно се совпаѓа со темата на престижниот трговски саем“, коментираа за BalkanEngineer.com од Wilo.

Технологиите на Wilo движат вода– високоефикасно, сигурно и одржливо. Во овој контекст, еден од акцентите во учеството на компанијата беше новата Wilo-Atmos PICO, која ја надополнува палетата на високоефикасни пумпи за греење со своето лесно ракување и богатата функционалност. Ова ја претвора пумпата во оптималното решение за модернизација на постојни системи за греење, овозможувајќи заштеда на енергија до 80%. Освен тоа, Wilo го претстави своето обемно портфолио во областа на мрежните и енергетски решенија, зголемувањето на притисокот и гаснењето на пожари.
„Гостите на ISH 2025 имаа можност да ги испробаат своите кошаркарски вештини во виртуелна игра и да станат дел од големата онлајн заедница на Wilo преку интерактивна фото кампања под мотото #wiloconnects. Оваа иницијатива е дел од партнерството на пумпниот производителот со американскиот кошаркарскиот тим од НБА, Milwaukee Bucks “, раскажаа од компанијата.
Во дополнување нај својот главен штанд, Wilo демонстрираше и решенија за користење на дождовница за озеленување на покриви и фасади во специјално одредена тематска зона. Уште една локација на Wilo беше достапна за сите заинтересирани и во зоната на фестивалот ISH 2025, кој се одржа за прв пат.
„Wilo долго време се прифаќа како компанија за зачувување на климата и ја смета својата стратегија за одржливост во целата групација за сеопфатна. На неа се потчинети сите други функционални корпоративни стратегии - без исклучок. Создавање, грижа, поврзување се нашите три клучни области на дејствување“, додадоа уште од Wilo.

Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: 00359 2 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: 00389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: Вило Бугарија, Wilo