Maspex – една од најголемите компании за храна и пијалаци во Централна и Источна Европа – е добро позната со својот иновативен пристап кон логистиката и дистрибуцијата. Со логистички центри во Полска, Чешка, Бугарија, Унгарија и Романија, таа управува со импресивен капацитет од над 450.000 места за палети. Со стремеж да обезбеди уште помазно, поефикасно и поголемо логистичко послужување, Maspex се насочува кон нова фаза во својот развој, а имено: имплементација на целосен систем за роботизација во еден од своите најветувачки центри, кој се наоѓа во град Валени де Мунте, Романија.

За да гарантира висок квалитет и навремена испорака до крајниот корисник, Maspex смета на стриктна контрола на температурните режими и на оптимизирана ротација на залихите.
Изборот на Романија не е случаен. Земјата се потврдува како логистички хаб со динамички развој во Југоисточна Европа, а регионот Прахова - со својата близина до Букурешт и Плоешт - се докажува како многу погодна локација за индустриски инвестиции. Имно тука Maspex го прави својот следен голем потег – изградбата на целосно автоматизиран логистички хаб кој да одговори на зголемената побарувачка, особено во сферата на електронската трговија.
Со реализацијата на проектот е ангажирана компанијата STAMH Group потврден партнер во решенијата за автоматизација на магацини низ целиот регион. Пред нејзините тимови се наоѓаат неколку сериозни инженерски предизвици. Одговорот доаѓа во формата на интегриран систем од автоматизирани конвеери и роботизирани сталажни конструкции за палети. STAMH проектира и имплементира високо ефикасна конвеерна линија, што вклучува конвеери со ролни и синџири.
Пред складирање, палетите минуваат низ четири инспекциски станици, каде што сензори ја анализираат нивната тежина, димензии и моментална состојба. Потоа тие се внесуваат во роботизираниот систем од видот Radio Shuttle, во кој 24 шатли складираат и извлекуваат палета во длабочина на системот од сталажи.

Адресa: Обиколница и ул. Јордан Бакалов - Стубел 31, 1404 Софија, Бугарија
Телефон: +359 88 922 3117
Е-mail: office@stamh.com
Повеќе информации за Стам Лтд ДОО слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: STAMH Group/(Стам)