Ефикасна технологија и интуитивно управување – ова се посебните карактеристики на автоматизираниот систем за мерење и тестирање titron® на Baur. „Овој високопродуктивен систем од нова генерација е базиран на најсовремена технологија, која овозможувајќи ефикасна, безбедна и сигурна локализација на местото на дефектите на каблите, како и изведба на тестирање и дијагностицирање на кабли со користење на специјален софтвер. На овој начин, мрежните оператори имаат можност да извршат целосна проценка на состојбата на кабелската мрежа и во голема мера се олеснува отстранувањето и спречувањето на дефекти, избегнувајќи ги дефектите и непланираните поправки. Како резултат на тоа, се гарантира безбедноста при планирањето на одржувањето и се создава соодветна основа за донесување на одлуки за замена и инвестиции“, коментираа за BalkanEngineer.com од докажаната фирма РС Електро.

Мобилниот систем за мерење titron® е нова генерација на целосно автоматизиран интелигентен систем со централизирано управување за мерење и тестирање на кабли. Благодарение на иновативниот концепт на управување и високопродуктивната технологија, системот titron® е во состојба да ги врши мерењата побрзо, полесно и со поголема прецизност.
Предности на мобилната електротехничка лабораторија titron® од Baur се:
- Сите методи на мерење во еден систем;
- Дијагностика со паралелно мерење на TD/PD;
- Асистент за оптимизирана локализација на кабелски дефекти Smart Cable Fault Location Guide;
- Мобилно работно место со максимален степен на удобност;
- Централно управување со податоци;
- Автоматско генерирање на извештаи.
„Системскиот софтвер titron®, инсталиран на високопродуктивен индустриски компјутер, го контролира изборот на фазите и уредите и истовремено со тоа ги следи сите функции и параметри поврзани со безбедноста. Оптимално адаптираната постапка на мерење во комбинација со модерната дигитална обработка на сигналот постигнуваат највисоко ниво на ефикасност и прецизност на мерењето“, објаснија од PC Електро.

Адреса: Бугарска, Софија, ул. Кутловица 41
Извор на фотографии: РС Електро, Baur