Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

BHTC со последователно признание за иновативен производ. Придружете му се на победничкиот тим!

17 september 2019

In Bulgarian

 

Водечкиот германски производител на решенија за индустријата за автомобили Behr-Hella Thermocontrol (BHTC) ја доби престижната награда „Innovation Award Lippstadt“ за својот иновативен производ – метален блок со сензорна технологија. „Наградата е во категоријата „Економија“ и беше доделена на официјална церемонија за време на која беа доделени награди за иновативни разработки од компании, лоцирани во регионот на Липштат, Германија“, информираа за BalkanEngineer.com од Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ (BHTC) Бугарија.

 

 

Компанијата ја концентрира својата работа на создавање автомобилски ентериери со иноваторски стил. Од ВНТС споделија и каков е трендот во оваа област: „Дисплеите стануваат се пошироко користени во автомобилската индустрија, а меѓу барањата на ентериерот денес е да се централизираат системите за удобност и инфо - забава. Покрај тоа, методот на управување со нив треба да биде лесен. Наградениот производ на BHTC е разработен на таков начин, што може да ги исполни сите овие услови на современите автомобили“.

 

 

Голем број на иновации за автомобилската индустрија се создаваат и во фабриката на германската компанија лоцирана во Индустриска зона Софија-Божуриште. Од 2015 година во базата се произведува целосен асортиман на производи за автомобилски системи за климатизација. Исто така, во согласност со проширувањето на производствената активност на компанијата се и нејзините активности насочени кон проширување на тимот на висококвалификувани и амбициозни специјалисти. Затоа, не пропуштајте да се информирате за можностите за работа што компанијата моментно ги нуди.

 

Еве ги тековните слободни работни места:

 

 - Монтери на електронски компоненти;

 - Production Planning and Customer Service Representative.

 

Адреса: Бугарија, 2227 Божуриште, Индустриска зона Софија-Божуриште, ул. Рајна Касабова 8

Телефон: +359 2/999 88 41

E-mail: bulgaria@bhtc.com

 

Повеќе информации за Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

 

Извор на фото материјалБер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 october 2019Интелигентно управување на луксузни хотели и висока класа јавни и станбени згради со ABB-tacteo KNX

    Управувачкиот елемент на ABB за интелигентни згради со можност за индивидуална конфигурација ABB-tacteo KNX ја победи конкуренцијата и ја освои титулата во категоријата „Иновативна архитектура“ од престижните награди Iconic Awards 2018 на саемот Expo Real во Минхен. „ABB-tacteo KNX е наменет за интелигентно управување со луксузни хотели и висока класа јавни и станбени згради. Можноста за индивидуална конфигурација го прави секој сензор уникатен во својот дизајн и функционалност“, коментираа од АББ Бугарија.

  • 19 september 2019Вода за пиење без Легионела со термостатскиот вентил Aquastrom T plus на Oventrop

    Висококвалитетната вода за пиење е право на секој човек, а во наше време, вредниот ресурс е предмет на строги упатства и контроли. Стагнантната вода зад водомерот, старите или преголеми резервоари за складирање, како и слабо изолираните цевководи, сепак, се одлични „домаќини“, погодни за развој на штетни патогени бактерии. Меѓу нив е и Легионела! Германскиот производител Oventrop е докажано име меѓу компаниите кои инвестираат во целосни решенија за борба со Легионела.

  • 18 september 2019Стам Лтд проектира, испорачува и имплементира мобилни гравитациони сталажи во производствена хала на Готмар

    Стам Лтд е компанија специјализирана за проектирање, испорака, монтажа, сервис и целосен инженеринг на сите типови магацински системи и решенија. „При изготвување на проектот за магацинскиот систем Готмар, моравме да обезбедиме максимален број гравитациони сталажи со минимална цена, вклучително и проектирање и монтажа на нестандардни сталажи, од кои секоја мораше да биде индивидуално прилагодена на потребите на клиентот“, информираа за BalkanEngineer.com од фирма Стам.

  • 17 september 2019BHTC со последователно признание за иновативен производ. Придружете му се на победничкиот тим!

    Водечкиот германски производител на решенија за индустријата за автомобили Behr-Hella Thermocontrol (BHTC) ја доби престижната награда „Innovation Award Lippstadt“ за својот иновативен производ – метален блок со сензорна технологија. „Наградата е во категоријата „Економија“ и беше доделена на официјална церемонија за време на која беа доделени награди за иновативни разработки од компании, лоцирани во регионот на Липштат, Германија“, информираа од Бер-Хелла Термоконтрол ДООЕЛ (BHTC) Бугарија.

  • 16 september 2019Additive Days: Beyond the Hype – преродба на концептот и уште поимпресивни размери со нови датуми во 2020 година

    Нови датуми за форумот Additive Days најавија организаторите. Второто издание на конференцијата ќе се одржи од 20. до 23. февруари 2020 година наместо во октомври годинава. „Се поголемениот интерес за 3D технологијата и нашата желба да ги покриеме сите аспекти на темата, како и да ја задоволиме потребата се повеќе производствени компании кои користат 3D печатењето, беа факторите кои го определија донесувањето на ова одлука од наша страна“, соопштија од компанијата-организатор B2N.

  • 13 september 2019FANUC – партнер на Првиот меѓународен шампионат по програмирање на роботи

    Светски лидер во индустриската автоматизација и роботизација FANUC и глобалната организација WorldSkills, промовирајќи го развојот на професионалните и техничките вештини и компетенции, се здружија во спроведување на проект за поддршка на млади специјалисти во ревитализацијата на роботите. Оваа година двајцата партнери беа домаќини на меѓународен натпревар за системски интегратори за роботизирани решенија, што се одржа во Казан, Русија, информираа од ФАНУК Бугарија ДООЕЛ.

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 16 october 2019Србија ќе гради инсталација за генерирање на енергија од отпад

    Меѓународен конзорциум склучи договор со Европската банка за обнова и развој и Меѓународната финансиска корпорација за финансирање на проект за изградба на инсталација за енергија од отпад во Србија. Инвестицијата е вредна 300 милиони евра, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Износот ќе се користи за проектирање, изградба и пуштање во употреба на објект со моќност од 103 MW за производство на електрична енергија од отпад. Проектот предвидува и изградба на единица за рециклирање на 200.000 тони отпад годишно.

  • 14 october 2019Македонија во одлична економска соработка со Словенија

    Трговијата меѓу Македонија и Словенија забележува раст од 10% во последните 10 години. Според податоци од анализа на Стопанската комора на Северна Македонија, стоковната размена меѓу двете земји во 2018 година се проценува на 237.7 милиони евра. Резултатите од студијата исто така укажуваат дека постои можност за соработка во индустријата за преработка на железо и челик, вадење на минерали како што се доломити, мермер и травертин, како и во производството на пекарски производи, лекови и медицински производи.

  • 09 october 2019Меѓународна конференција за безбедност „БЕЗ хаварии“ во ноември во град Пловдив, Бугарија

    Од 14-ти до 15-ти ноември во Гранд Хотел Пловдив, Бугарија ќе се одржи дводневната меѓународна конференција „БЕЗ хаварии“, соопштија за BalkanEngineer.com организаторите од Виа Експо. Кон настанот, кој ќе претстави можности за подобрување на безбедноста во индустријата, ќе има и придружна изложбена зона. Конференцијата ќе демонстрира широк спектар на современи решенија за постигнување на повисоко ниво на безбедност, автоматизација и рентабилност на опрема и згради.

  • 07 october 2019Првата Industry 4.0 фабрика се отвора во Романија

    Најголемиот романски производител на електрични уреди Arctic ја отвори првата фабрика во земјата, заснована врз принципите на Industry 4.0, во округ Дамбовица. Инвестицијата изнесува 150 милиони евра. Производственото претпријатие е изградено во период од 17 месеци и зафаќа површина од над 70 хектари. Во фабриката се применети најновите технолошки иновации и процеси од областа на автоматизацијата. Фабриката работи со апликации за индустриски интернет на нештата (ИИН), паметна опрема, интерконектирани уреди и колаборативни роботи.

  • 02 october 2019Официјално започна со работа најголемата ветерна електрана во Србија

    Најголемата српска ветерна електрана со моќност од 104,5 MW беше отворена на 19 септември оваа година. во покраината Војводина. Ветерната фарма ќе произведува 300 GWh годишно, што е скоро 1% од вкупното производство на електрична енергија во земјата. Ветерната електрана е во вредност од 189 милиони евра. Изградбата на објектот, која започна во 2017 година, беше финансирана од израелската компанија Enlight,, како и уште тројца други инвеститори – Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Erste Group и Erste Bank Serbia.

  • 30 september 2019Македонска компанија инвестира 1,2 милиони евра во центар за развој

    Македонската технолошка компанија Дуна започна со изградба на административно - развоен и логистички центар во Скопје, Северна Македонија. Проектот на компанијата изнесува 1,2 милиони евра. Одлуката на Дуна да инвестира во новиот објект е поврзана со прославата на 25-годишнината на компанијата, основана во 1994 година. Се очекува градежните работи на центарот да завршат за 10 месеци. Со текот на годините, македонската компанија може да се пофали со голем број успешно реализирани проекти.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 15 october 2019eCommerce Academy со состанок „Продавај успешно во Романија и Грција“ на 31 октомври во Бугарија

    На 31 октомври и 1 ноември 2019 година, во Софија, Бугарија ќе се одржи четвртото издание на настанот „Продавај успешно во Романија“ што од оваа година се претворува во „Продавај успешно во Романија и Грција“. Настанот се организира од eCommerce Academy и ќе се одржи во Интер Експо Центар. „Доколку се занимавате со онлајн продажби и сакате да знаете како успешно да го развивате вашиот бизнис на овие пазари, овој настан ќе ви понуди многу корисни совети“, коментираа организаторите.

  • 10 october 2019Македонија пушта мерни станици за фини честички прашина

    Северна Македонија планира да пушти за следната зимска сезона десет станици за мерење на квалитетот на амбиеталниот воздух. Опремата ќе ја мери концентрацијата на фини честички прашина PM10. За време на конференција на која се дискутираа теми за климатските промени, државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање Ана Петровска изјави дека пет станици во земјава веќе се во функција од почетокот на септември. Планирана е набавка на уште пет мерни станици, кои исто така треба да бидат пуштени најдоцна до почетокот на декември годинава.

  • 08 october 2019Кинеска компанија гради фабрика за производство на сулфур во Србија

    Кинеската компанија Shandong Yanggu Huatai Chemical планира да изгради претпријатие за производство на сулфур во вредност од 30 милиони евра во северна Србија. Се очекува инвестицијата да отвори 101 работни места. Кон крајот на септември Shandong Yanggu Huatai Chemical потпиша Меморандум за разбирање со српската влада за изградба на фабрика за сулфур на површина од 8 хектари. Фабриката ќе испорачува суровини на друго претпријатие на компанијата за производство на радијални гуми, чија изградба започна во март оваа година. и е во вредност од 800 милиони евра.

  • 03 october 2019Израелската софтверска компанија DriveNets со R&D центар во Романија

    Израелската софтверска компанија DriveNets ќе отвори центар за истражување и развој во Букурешт во партнерство со романскиот провајдер на софтверски услуги Tellence Technologies. Компанијата има добиено финансирање од 106,9 милиони евра. Романската компанија Tellence Technologies регрутира различни специјалисти за софтвер во областа на NFV/SDN, решенија за облак и други. Покрај финансиската помош, компанијата DriveNets ќе биде поддржана и од неколку инвеститори, вклучително и од претставници на Microsoft.

  • 01 october 2019Рекорден раст на ИКТ индустријата во Бугарија за 2018 година

    Секторот за информатичко-комуникациска технологија (ИКТ) во Бугарија бележи историски рекорд во 2018 година. Податоци од годишното истражување „ICT industry in Bulgaria 2019“ покажуваат раст во однос на приходи од работењето, бројот на работни места како и платите. Приходите во ИКТ индустријата во Бугарија за 2018 година се со 1,32 милијарди лева повисоки од претходната година. Податоците од истражувањето исто така покажуваат дека има раст во сите сектори на индустријата, како што се системски интегратори, дистрибутивен бизнис, дилери и препродавачи, хостинг, провајдери на интернет и софтвер.

  • 26 september 2019Северна Македонија во потрага по трет мобилен оператор

    Северна Македонија е во процес на привлекување на трет мобилен оператор, дозна BalkaEngineer.com од Denar.mk. Условите за инвестирање што ги нуди државата ги презентира министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски на Меѓународната конференција ITU Telecom. За време на настанот кој се одржа во Будимпешта, македонската делегација предводена од г-дин Манчевски оствари средби со претставници на телекомуникациските оператори Telenor, Orange, AT&T и други компании.

Види ги сите »