AББ – глобалниот технолошки лидер во електрификацијата и автоматизацијата, го зазеде престижното 14-то место на светската ранг-листа „Најодржливи компании за 2025 година“ на списание TIME и Statista. Ова признание не само што ја нагласува водечката улога на AББ во трансформацијата кон поодржлива иднина, туку ја става компанијата меѓу малкуте меѓународни корпорации кои не само што декларираат ангажираност, туку реално ги остваруваат – со мерливи резултати и долгорочни цели. Повеќе за наградата, за BalkanEngineer.com раскажаа специјалистите од компанијата.

Рангирањето на TIME и Statista е едно од најкомплексните и авторитетни во светот. Повеќе од 5.000 компании од сите континенти, кои исполнуваат одредени критериуми за големина, влијание и публицитет, се оценети според повеќе од 20 клучни индикатори поврзани со бизнис практики, отчетност, транспарентност, заштита на животната средина и социјална ангажираност.
Како резултат на тоа, само 500 компании од 35 земји и 21 индустрија наоѓаат место на листата, а AББ не влегува едноставно така во престижното рангирање - таа е на 14-то место во светот и трета во својата матична Швајцарија, откако добива импресивна процена од 81,92 поени од можни 100.
„Ова е признание за нашиот интегриран пристап кон одржливоста, кој се потпира на долгорочно планирање, транспарентност и одговорност кон идните генерации“, коментираше Анке Хампел, директорка „Одржлив развој“ во ABB Group. „Нашата цел не е едноставно да го намалиме нашето влијание врз животната средина, туку да создаваме технологии што да им помогнат и на нашите клиенти да го сторат истото.“
На глобално ниво, AББ се потпира на иновативен пристап кон одржливиот развој преку таканаречената Sustainability Agenda, која е дел од долгорочната стратегија на групацијата. Компанијата активно инвестира во енергетска ефикасност, циркуларна економија и дигитализација, и на овој начин ја поддржува глобалната транзиција кон нискојаглеродна иднина. AББ им помага на своите клиенти - индустрии, транспорт, градежништво и енергетика - да ја оптимизираат потрошувачката на енергија, да го намалат својот јаглероден отпечаток и да преминат кон одржливи модели на работа.

Централна канцеларија:
Адреса: Бугарија, Софија 1592, бул. „Витоша“ 89Б, зграда А, кат, 17 Милениум Центар Софија
Телефон: +359 2 807 5500
Е-mail: office@bg.abb.com
Повеќе информации за АББ Блгарија ДООЕЛ слободните работни места на компанијата, како и детали за нејзините технолошки способности и идните планови за развој, може да видите ТУКА.
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: AББ Бугарија, TIME