Актуелен и многу силен тренд во изградбата на трговски комплекси забележуваат од компанијата Хидролиа, која е специјализирана во управувањето со водни средства, а имено - се поактивната изградба на така наречените ритејл паркови. Кои се сепак спецификите во однос на канализационите системи на овие објекти? Одговор на ова прашање го дава инж. Добромир Симидчиев, раскажувајќи за еден од најновите проекти во секторот – XOPark Sofia (новото име на Jumbo Plaza Sofia) во Бугарија, кој се рангира меѓу најголемите ритејл концепти во Источна Европа и е инвестиција на Тринити Капитал.

„Очигледно, дека ритејл парковите се апсолутен тренд во изградбата на трговски комплекси. „И ако моловите остануваат центар на привлечност за потрошувачите внатре во градовите, тогаш ритејле парковите ги заситуваат површините околу населените места“, коментира за BalkanEngineer.com управителот на Хидролиа.
Меѓу доказите за тоа е и проширувањето на веќе постојниот Jumbo Plaza Sofia, кој според компанијата - сопственик Trinity Capital и сега е најголемиот во земјата. Втората фаза од неговиот развој, која моментално се изведува, ќе достигне над 85.000 квадратни метри трговски простор, вклучително продавници, хипермаркет и зона за услуги и угостителски објекти. Имено Хидролиа е изведувач на локалната пречистителна станица за отпадни води, ќе ги прочистува до постигнување на потребните показатели, по што истите индиректно ќе се испуштаат во река Искар. „Објектот е од класичен тип со биолошко прочистување“, дополни инж. Симидчиев.
Два фактори ги одредуваат особеностите на отпадните води од сличен тип на објекти. Првиот е поврзан со разновидноста на услугите, што исто така води до разновидност на квалитетните индикатори на отпадните води. Вториот фактор, кој го претставува вистинскиот предизвик во ритејл парковите, е нерамномерноста на потрошувачката - како на деноноќна, така и на неделна и годишна база.

Адреса: Софија, Бугарија, кв. Полигона, ул. „Михаил Тенев“ бр.6
Телефон: +359 879 900 839
E-mail: office@hydrolia.bg
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: Хидролиа, Тринити Кепитал