Бесплатна претплата

Претплатете се за нашиот билтен и бидете во тек!

Статии

Унисист Инженеринг: Нашиот тим од специјалисти е обединет со заеднички цели за да воспостави квалитетен бренд во светот

12 may 2024

In Albanian  In Bulgarian  In Serbian In Romanian 

 

Унисист Инженеринг е водечка производствена, инженеринг и трговска компанија чија историја започнува на крајот на минатиот век. Фирмата е специјализирана за разработката на производи и системи за автоматизација базирани на современа основа на елементи и врвни технологии. Со своето речиси 30-годишно експертско искуство, водечко know-how и стремеж кон највисок квалитет, компанијата е етаблирана како еден од водечките специјалисти во својата област не само на локалниот, туку и на меѓународните пазари.

 

 

Производствената програма на претпријатието вклучува широк спектар на производи и решенија од областа на дистрибуцијата на гас, апаратура за контрола и мерење и нестандардна опрема. Меѓу нив се: различни модели на секундарни конвертори за потрошувачка на течности и гас, калибратори, уреди за континуирана контрола на станици за катодна заштита, операторски станици за регистрација и управување на процеси; едноканални и повеќеканални процесни монитори и индикатори, индустриски регулатори, регистратори, индикатори и контролори за температура, вклучително мултиплексери, конвертори за нормирање  и други.

 

„Високиот квалитет на производството, одржливите политики и стремежот кон раст и развој се меѓу принципите што ја ставаат основата на активноста на Унисист Инженеринг. Обезбедувањето на квалитет го постигнуваме преку континуирана обука на персоналот, привлекување на млади специјалисти, одржувањето на стабилни професионални односи со водечките организации за контрола на квалитетот во земјата и други“, коментираа за BalkanEngineer.com од компанијата.

 

Земајќи ги предвид сериозните економски предизвици, енергетската транзиција и технолошкиот напредок, компанијата насочува се повеќе усилби за постигнување на одржливо производство со грижа за животната средина и безбедноста на луѓето. Паралелно со тоа, секојдневно променливиот индустриски пејзаж бара промена на потребните квалитети и вештини на вработените, бидејќи тие не се само „моторот“ на успехот на секоја бизнис организација, туку и водечка сила на патот кон нејзино прилагодување кон климатските промени и декарбонизацијата. Поради оваа причина, компаниите треба да покажат флексибилност и далековидост, предвидувајќи ги овие промени за да можат да ги подготват своите кадри за иднината.

 

 

Тимот од специјалисти на Унисист Инженеринг е изграден од докажани професионалци во областа на автоматизацијата, обединети со заеднички цели и стремежи за развој и потврдување на квалитетен бренд во светот. „За подобрување на сатисфакцијата од работата и мотивацијата на нашите вработени, не сопираме да инвестираме во нивниот професионален развој преку различни обуки, можности за зголемување на нивните квалификации и разни иницијативи за подобрување на нивните вештини и квалитети“, објаснија од фирмата.

 

Унисист Инженеринг ДООЕЛ

Адреса: Софија, Бугарија, п.к. 1582 населба Дружба, бул „Цветан Лазаров“ 144

Телефон: +359 2 886 1203, +359 2 886 3237; +359 2 886 0562

E-mail: office@unisyst.bg

 

Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

 

 

Извор на фотографии: Унисист Инженеринг, canva.com

Статии

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 18 may 2024БР Техника: Ефикасните коботи на Kassow Robots се клучни за лесната автоматизација на индустриските процеси

    Колаборативните роботи, познати и како коботи, се важно средство кое им помага на производителите да ја зголемат својата продуктивност. Моќни, брзи и лесни за употреба, тие можат да ги направат производствените процеси поефикасни, а бизнисите поконкурентни. „Многу работи се случија во овие две години откако данскиот производител на коботи Kassow Robots стана дел од структурата на Bosch Rexroth. Компанијата значително го прошири своето глобално присуство со своето учество на саеми и настани во различни земји како дел од портфолиото на Bosch Rexroth.

  • 18 may 2024Со своето докажано искуство, Rochester ја подобрува сигурноста на електронската опрема за дупчење на сондажи

    Голем број индустриски примени, како што се на пример сондирање за добивање на нафта и гас, претставуваат некои од најнеповолните средини за работа со техничка опрема. Огромен предизвик за компаниите кои вршат ваков тип на активности е потребата да користат сложена електроника на значителни длабочини при високо покачени температури. Сигурноста и издржливоста на овие електронски системи е од исклучителна важност за да се гарантира минимално време за планирани и непланирани прекини.

  • 18 may 2024KMT Сервиз: IR прозорци за инспекција на Iriss обезбедуваат превенција на дефектите по инцидент во автомобилска компанија

    Електричен лак, наречен уште и напонски лак, во производствени услови? Оваа физичка појава може да биде не само катастрофална за опремата, туку и исклучиво опасна. Затоа во денешниот материјал раскажуваме имено за сличен случај во претпријатие од автомобилската индустрија и како долгорочно е решен проблемот со помош на опрема на Iriss. А за детали коментиравме со КМТ Сервиз- докажана компанија со богато портфолио на апаратура за испитување, тестирање и мониторинг на инфраструктурни делници, која ги нуди производите на Iriss на локалниот пазар.

  • 18 may 2024STAMH: Кои се актуелните трендови со цел оптимизација на логистичките процеси во електронската трговија

    Електронската трговија е современа индустрија која го зголемува својот пазарен удел паралелно со технолошкиот напредок. Сепак, тоа е директно поврзано со ефикасноста на магацинската логистика, а како последица неговото подобрување ќе доведе и до зголемување на сатисфакцијата на клиентите. STAMH Group, докажана меѓународна компанија за магацинска автоматизација, нуди широк спектар на автоматизирани системи за оптимизација на оперативните процеси во магацини и дистрибутивни центри. Во следните редови ќе ви раскажеме повеќе за предностите од нивната имплементација во контекстот на логистиката и нејзините трендови во 2024 година.

  • 16 may 2024Работното коло Open S-tube® на Grundfos пумпите ги спречуваат од блокирање пумпите во канализациска мрежа во Будимпештa

    Канализациската пумпна станица за мешани води во Будимпешта, Унгарија е опремена со вкупно осум пумпи - две мали, три средни и три големи. Малите пумпи се наменети да пумпаат секојдневни количини на отпадна вода од домаќинствата. Во случај на дожд се вклучуваат трите средни пумпи, а во случај тие да се затнат на помош доаѓаат трите најголеми агрегати. Сепак, овие затнувања се премногу чести и создаваат сериозни тешкотии во процесот на работа на пумпната станица. Затоа операторите на локалното друштво за водовод и канализација се обраќаат до Грундфос за решение на проблемот.

  • 16 may 2024GSM домофонот на ЕТА-СИС обезбедува сигурна и исплатлива контрола на пристапот

    Домофонот е важен дел од техничката опрема на современите станбени згради и составен дел на системите за безбедност и контрола на пристап. Со усовршувањето на технологиите растат функционалноста и можностите што ги обезбедува домофонот, гарантирајќи ја безбедноста и удобноста на станарите. Сепак, во многу станбени згради нема домофони, или дури и ако постојат, не работат поради прекини на каблите или оштетување на панелот. Докажаниот производител на системи за известување, системи за контрола на пристап, безбедност и други персонализирани проекти ЕТА-СИС нуди функционално, современо и конкурентно според цената решение - GSM домофон (интерком).

Види ги сите »

Вести

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 20 may 2024Првата станица за полнење со водород во Бугарија и регионот е веќе факт

    Во Бугарија беше отворена првата станица за полнење со водород во земјата и регионот, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Станицата се наоѓа во Центарот за компетентност на „Хитмобил“, кој е создаден од група научни институти, меѓу кои и Институтот за електрохемија и енергетски системи при Бугарската академија на науките (БАН). Главната цел на центарот „Хитмобил“ е да го охрабрува развојот и имплементација на иновативни технологии за складирање на енергија од обновливи извори и нејзино ефикасно користење како во домот, така и во индустријата, со што се обезбедуваат чисти и безбедни енергетски извори.

  • 16 may 2024Албанија планира инвестиции во изградба на два нови аеродроми - во Валона и Ѓирокастро

    Мирела Кумбаро, министерка за туризам на Албанија, најави амбициозен план за проширување на аеродромската инфраструктура во земјата до 2030 година, дозна BalkanEngineer.com од БТА. До крајот на овој период ќе бидат додадени уште два аеродроми на постојните во Тирана и Кукуш. Во моментов, Албанија има два главни аеродроми - во главниот град Тирана и во градот Кукуш на североисток. Планот предвидува додавање на аеродроми во крајбрежниот град Валона, кој се наоѓа во југозападниот дел на земјата, и во Ѓирокастро, кој се наоѓа во јужниот дел на Албанија.

  • 14 may 2024Северна Македонија ќе изгради соларни електрани во клучни индустриски зони во земјата

    Северна Македонија планира да изгради соларни електрани во своите индустриски зони преку јавно-приватно партнерство, дозна BalkanEngineer.com од Balkangreennews.com. Оваа иницијатива, поддржана од Дирекцијата за технолошко-индустриски развојни зони (ДТИРЗ), е стратешки насочена кон задоволување на променливите потреби на производителите, особено на оние кои извезуваат во Европската унија (ЕУ). Бидејќи Европската унија (ЕУ) е подготвен да го воведе Механизмот за коригирање на јаглеродните граници (CBAM) во 2026 година, императивот за производителите кои не се членки на ЕУ да усвојат почисти извори на енергија за одржување на конкурентноста станува сè поочигледен.

  • 11 may 2024Кинескиот производител на автоделови Jiangsu Lianbo отвори нова фабрика во Нови Сад, Србија

    Кинескиот гигант во производството на автоделови Jiangsu Lianbo официјално го отвори својот нов производствен објект во предградието Каќ на град Нови Сад во Србија, дозна BalkanEngineer.com од Tanjug.rs. Инвестицијата вредна 57,4 милиони евра претставува значаен чекор во растечкото економско партнерство меѓу Србија и Кина. На свечената церемонија за отворање на новиот објект присуствуваа голем број јавни личности, вклучително и српскиот вицепремиер и министер за одбрана Милош Вучевиќ, градоначалникот на Нови Сад, Милан Ѓуриќ и кинескиот амбасадор во Србија, Ли Минг. Во 2022 година, Кина се претвори во најголемиот извор на директни странски инвестиции (СДИ) во Србија.

  • 09 may 2024Бугарската компанија за машиноградба Козлодуј го проширува својот производствен капацитет во Бургас

    Бугарската компанија за машиноградба Козлодуј планира да ги прошири своите активности со значителна инвестиција насочена кон подобрување на нејзините производствени можности, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Фирмата ги објави своите планови да инвестира 5 милиони лева (приближно 2,6 милиони евра) во изградбата на нова производствена база за метални производи и компоненти во Бургас. Новиот објект ќе биде лоциран во Индустриски и логистички парк Бургас и има за цел да го диверзифицира и значително да го зголеми производството на нестандардна метална опрема на компанијата. Планираната производствена хала ќе се фокусира на изработка на различни метални производи, вклучително цевководи, садови под притисок, полупроизводи од метал, резервоари, вентили и транспортери со синџири.

  • 07 may 2024Американско архитектонско студио победи на конкурсот за изградба на изложбениот центар „Експо Албанија“ во Тирана

    Американското архитектонско студио Стивен Хол Архитектс (Steven Holl Architects) го освои првото место на конкурсот за изградба на модерниот центар „Експо Албанија“ во Тирана, дозна BalkanEngineer.com од БТА. Победникот беше избран од жирито составено од светски докажани експерти од целиот свет. На конкурсот, кој го привлече вниманието на светската архитектонска елита, учествуваа 60 учесници, од кои пет стигнаа до финалното оценување и можноста да го обликуваат лицето на „Експо Албанија“ - модерен простор за саеми, изложби и настани за уметност, култура, историја, конференции и разни професионални средби.

Види ги сите »

Настан

  • 1
  • 2
  • 3
  • 4
  • 5
  • 6
  • 21 may 2024Северна Македонија ќе го поврзе својот пазар на електрична енергија со соседите од Европската Унија до 2026 година

    Северна Македонија е подготвена да го заврши првото поврзување на својот организиран пазар на електрична енергија со соседните земји-членки на ЕУ до крајот на 2026 година, дозна BalkanEngineer.com од BalkanGreenNews.com. Овој стратешки потег има за цел да ја интегрира Северна Македонија во поширокиот европски пазар на електрична енергија, што е значаен чекор за земјата во нејзиниот стремеж за членство во ЕУ. Симон Шутиноски, извршен директор на Националниот оператор на пазарот на електрична енергија на Северна Македонија (МЕМО), ја истакна важноста на интеграцијата на пазарот за време на Форумот за интеграција на пазарот на електрична енергија што се одржа во Европскиот парламент во Брисел.

  • 17 may 2024Производителот на еколошки градежни материјали Ecor Global гради нова фабрика во Србија

    Ecor Global, со седиште во САД водечки производител на еколошки градежни материјали е подготвен да ги прошири своите активности со изградбата на втора фабрика во Србија, дозна BalkanEngneer.com од SeeNews.com. Местоположбата на новиот објект е северната општина Нови Бечеј. Во неодамнешното соопштение за медиумите, локалната самоуправа на Нови Бечеј потврди дека Ecor Global обезбедила земјиште во индустриската зона на општината за новиот објект.

  • 15 may 2024Бугарската компанија за мебел Трбна мебел го модернизира своето производство со инвестиција од близу половина милион евра

    Семејната компанија Трбна мебел, со седиште во Добрич, Бугарија, планира да инвестира значителен износ во имплементација на нови технологии во својот производствен процес, дозна BalkanEngineer.com од Capital.bg. Одобрениот проект вклучува инвестиција од 930.000 лева, од кои 35% се доделуваат како грант по процедурата „Поддршка за транзиција кон циркуларна економија во претпријатијата“ од Планот за обновување и одржливост, што ќе му овозможи на производителот да имплементира опрема за прашкасто бојадисување и робот за заварување. Се очекува како резултат на модернизацијата, компанијата да ја намали количината на отпад што се создава при производство на единица производ, да ја ограничи употребата на пластични производи за еднократна употреба и да ја подобри енергетската ефикасност на производите.

  • 13 may 2024BIG Mega Renewable Energy обезбеди финансирање од 92 милиони евра за ветерниата фарма Urleasca во Романија

    BIG Mega Renewable Energy, водечки развивач на проекти за обновливи извори на енергија, обезбеди над 92 милиони евра финансирање за својата ветерна фарма Urleasca во Романија, дозна BalkanEngineer.com од Balkangreennews.com. Овој потфат, поддржан од Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и OTP Bank, претставува реално навлегување на компанијата во секторот за обновливи извори на енергија во Романија. Објектот, со проектен капацитет од 102 MW, се очекува да придонесе значително за целите на земјата за чиста енергија при што ќе генерира околу 277 GWh електрична енергија годишно.

  • 10 may 2024Alstom отвори високотехнолошки објект за одржување на возови во Букурешт, Романија

    Alstom, светски лидер во паметната и одржлива мобилност, отвори Alstom Grivita Depot во Букурешт, Романија, дозна BalkanEngineer.com од веб-страницата на компанијата. Објектот е прв од ваков вид во земјата и е наменет специјално за одржување и тестирање на електрични возови и локомотиви. Отворањето на депото се совпаѓа со прославата на 30-годишнината од активноста на Alstom во Романија. Депото Grivita сега веќе работи, при што првиот електричен воз (EMU) од нарачкани 37 возови за Управата за железничка реформа (ARF) моментално минува низ серија строги тестови.

  • 08 may 2024Турскиот Sahterm ќе гради фабрика и развоен центар за 100 милиони евра во Северна Македонија

    Водечкиот турски производител на грејни елементи за апарати за домаќинство Sahterm Elektrikli Isiticilar San. ve Tic. A.S. има намера да ги прошири своите активности со значителна инвестиција во Северна Македонија, дозна BalkanEngineer.com од SeeNews.com. Компанијата склучила зделка со Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) на Северна Македонија за изградба на фабрика во вредност од 100 милиони евра во главниот град Скопје. Според условите на спогодбата, Sahterm ќе изнајми над 20.000 квадратни метри земјиште во растечката индустриска област Скопје 2.

Види ги сите »