Продолжуваме да ги претставуваме проектите кои беа наградени со првите сопствени награди на Wilo Group - Ecolution. Денешната статија не води во државата Мадја Прадеш, Индија, каде што 80% од населението работи во земјоделството. Наградениот од Wilo проект се однесува на изградбата на систем за наводнување со помошта на 7 пумпни станици, опремени со по 36 вертикални турбински пумпи Wilo, кои ги исполнуваат највисоките енергетски стандарди. Благодарение на оваа разработка, областа добива сигурно и енергетски ефикасно снабдување со вода за наводнување.

„Проектот за наводнување Nagalwadi опфаќа 47.000 хектари земјоделско земјиште сместено околу 106 села, кои одамна страдаат од недостиг на чиста вода и соодветно имаат сериозни тешкотии со наводнувањето. Техничкото решение вклучува земање на вода од река Нармада и насочување на водните количини кон ридовите во околината, со што се обезбедува рамномерно распределување на водата и подобри услови за живот на локалните фармери“, објаснија од Wilo.
За таа цел се изградени 7 пумпни станици, секоја со по 36 вертикални пумпи Wilo, кои се одликуваат со висока продуктивност и оперативна сигурност. Ефикасноста на избраните пумпи е барем 88%, а на нивните мотори – 95%, што ја минимизира потрошувачката на енергија. Освен тоа, пумпните системи се управуваат со современ PLC и веб SCADA систем инсталирани во секоја од пумпните станици. На овој начин, опремата може да се набљудува и контролира од далечина. „Нивоата, притисокот и стапките на проток е можно да бидат управувани во реално време, што обезбедува рамномерна распределба на водните количини и уште еднаш ја оптимизира работата на целиот систем. И благодарение на комуникациски систем со голем опсег базиран на LoRa-WAN, оперативните податоци може ефикасно да се пренесуваат и надгледуваат, дури и во оддалечени реони. Ова значи дека фармерите имаат пристап до системот во секое време преку нивниот паметен телефон“, раскажаа од компанијата.

Wilo Претставништво Скопје
Адреса: Македонија, 1000 Скопје, Париска, 4
Телефон: 00359 2 3122 058
E-mail: info@wilo.com.mk
Лице за контакт: Валериј Војнески Дипл. маш. инж.
Телефон: 00389 070 205 297
E-mail: valerij.vojneski@wilo.com.mk
Дознајте повеќе за производите и услугите на компанијата што ги нуди во Македонија ТУКА!

Извор на фотографии: Wilo Претставништво Скопје, Македонија, Wilo, ©Engineer.BG via Canva