Мултивак Бугарија Продакшан: Со пакет од специјални бенефиции, им обезбедуваме на нашите вработени безбедност и комфор
2025-02-103 мин.
Промени јазик: Serbia
Во современоата динамична работна осредина, изборот на работодавач не е само прашање на професионални амбиции, туку и на лични вредности. Мултивак Бугарија Продакшан е компанија која активно ја развива својата ангажираност кон благосостојбата и професионалниот развој на своите вработени. Со силен фокус на иновациите и високите стандарди, компанијата нуди конкурентна плата и бројни бенефиции кои го прават секој работен ден поудобен, побезбеден и позадоволителен. Повеќе за тоа, што значи да бидеш дел од големото семејство на Мултивак Бугарија Продакшан раскажаа специјалистите на компанијата за BalkanEngineer.com.

Еден од главните принципи што го раководат Мултивак Бугарија Продакшан е дека успехот на компанијата зависи од луѓето кои ја сочинуваат. Затоа работните услови се така проектирани за да создадат комфор и да обезбедат простор за личен и професионален развој.
„Компанијата нуди петдневна работна недела и осумчасовен работен ден за да можат вработените да одржуваат рамнотежа помеѓу нивниот професионален и личен живот. Освен тоа, Мултивак Бугарија Продакшан е целосно ангажирана на обезбедување безбедна и удобна работна средина, како и да ги стимулира вработените за достигнувања преку голем број бенефиции“, објаснија од бугарската компанија.
Некои од бенефициите вклучуваат:
- Ваучери за храна во вредност од 200 лева месечно;
- Менза со повластени цени;
- Дополнително здравствено осигурување и годишни лекарски прегледи, кои ги покрива работодавачот;
- Фитнес во зградата на компанијата;
- Можност за приклучување кон програмата Multisport, која овозможува пристап до спортски објекти и активности под повластени услови;
- Организиран превоз од Софија, Перник и Брезник кој го олеснува патувањето на вработените;
- Можност за привремено сместување при преместување за да се обезбеди комфорна транзиција за оние кои се преместуваат блиску до работното место;
- Висококвалитетна работна облека.
Извор на фотографии: Мултивак Бугарија Продакшан